Barclays Premier League - Season 2014/2015

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?


  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.
W

wicked_1

Гостин
Не е се вo пaрите...
Рoмaн гo сaкa Челзи пoвеќе oд се.
Акo Усмaнoв гo сaкa тoлку Арсенaл, некa нaпрaви спoнзoрски дoгoвoр сo 100милиoни пo сезoнa сo негoвa фирмa, и секoјa гoдинa нa клубoт ќе му купувa пo три Алексиси.

Sent from my LG-D802 using Tapatalk
Ама си нема везе оваа, едниот е газда на клубот, другиот е акционер и не вложува, само чека да распределат дивиденда. :)
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Па нормално дека имаше 2-3 јаки сезони кога на 18-9 години дојде и тоа како талент, ништо подобар од Кварезма, Џеферс, Нани на нивни години, кој е комплетен играч на таа возраст? :) Сезоната после даблот отиде на операција и низ сезоната Фергусон го штедеше колку што можеше, памтам и веднаш откако замина во Реал ја обнови повредата па паузираше до првото Класико и тоа го почна незалечен. Точно е дека во Реал стана уште подобар ама штом нефиниширан пакет ја тормозеше цела ПЛ ти кажува нешто. Тука не се слагам дека имал послаби колеги, и Роналдо играше со Џембиња, Клеберсони првите сезони а Анри скоро цела кариера беше со Инвинсиблс колегите :) Секоја чест за Анри меѓутоа Роналдо е дискутабилно најдобриот играч што стапнал на планетава а камоли ПЛ :)
Епа баш затоа така пишав. Значи Роналдо откако е во Реал тој и Меси се најдобрите играчи во последниве 6-7 сезони. Но Роналдо во Јунајтед ги имаше тие 2-3 добри сезони, како што пиша дојде релативно млад па му требаше време на адаптација, го фатија некои повреди.....но тој муабет е шта би било кад би било, доколку Роналдо беше здрав, и доколку имаше малку поголемо искуство, можеби би бил добар како Анри.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.730
Поени од реакции
12.767
1. За да не се буните, Усманов е акционер во клубот долги години. Само таа пропаганда што му ја направија дека гледа само профит а Стан е правиот избор за клубот ја, донекаде, уништи довербата/љубовта према клубот што ја имаше. Па сеа глеаме дека Стен и не е баш правиот избор за клубот ама нема везе, Усманов пак не чини...Зошто ? Појма неаме. Ваљда пошто е Русин и има многу пари, а тие знаеме дека се злото што водат до титули. А ние неќеме титули. Ние не фрламе пари, ние ги градиме играчите. ( ехм...заборајте на Озил и Алексис )

2. Најдобар во ЕПЛ што некогаш заиграл, значи ЕПЛ, последниве 20 години, според мене ќе мора да биде некој измеѓу Сколс и Гигс. Секоја почит кон сите други споменати, ама овие двајца се сами по себе веќе дел од ЕПЛ. Неам никаков сомнеж дека Анри е најдобриот напаѓач што заиграл во ПЛ ( барем во последниве 20 години ) или дека Роналдо е најдобриот играч што воопшто заиграл, па и тоа дека двајцата во споредба со Сколс и Гигс, дискутабилно, секогаш ќе излегуваат како подобри....Арно ама Роналдо од Реал е неспоредлив со Роналдо од Ман Ју...Оној од Јунајтед беше уште дете, уште зелен, не превземаше толкава одговорност, немаше толкава несебичност. Анри пак како што веќе кажав е дефинитивно најдобар во таа офанзивна задача. Ама, колку и да го сакам, не ми остава душата да го ставам на прво место, пошто не е напаѓачот оној кој ја гради играта. Секогаш е тоа некој од средина. Така да за БАРЕМ 50% од успехот на Анри во ПЛ заслужна е средината.
Каде Сколс и Гигс константни беа од почетокот на ЕПЛ па се до пред година-две, каде Сколс и Гигс видоа толку промени во играчите пред/околу нив и пак не им смени ништо во нивните перформанси. Можда сеа ќе се исфрли некој со статистики, ама, ваљда заприметивте после 4-5 реферат кој го напишав, статистиката не ја дава правата слика за играч ( барем во мои очи ). Чисто како за споредба, кога и да извади некој „идеална 11ка“ за последните X години / од формирање на ЕПЛ, Сколс и Гигс мора да се во тимот, додека кај Анри и Роналдо многумина знаат да направат исклучок.

3. Муабетот Анри - Дрогба....никогаш нема да се согласиме кој е подобар. Пред се затоа што повеќето и го немаат следено Анри од почеток на својата кариера во Арсенал, каде за Дрогба сите ја имавме таа привилегија. Башка што е посвежа меморијата за Дрогба и фактот што тој освои ЛШ со англиски клуб, за разлика од Анри. Точно е и дека во поновата историја во ПЛ единствен играч со подобар осет за гол од Дрогба беше Руд, што дури и тоа може да е дискутабилно. Ама тоа не го менува фактот што Дрогба дојде во еден Челзи кој се градеше, и тоа се изгради на него, Лампард и Тери. Целата игра се базираше на максимална експлоатација на овие тројца, каде Анри веќе влезе во оформен тим со чиста претходна замисла како треба да игра тој тим, и со мали варијации одлично се прилагоди. Исто не го менува фактот што Анри колку и да не сакам да го споредувам со дебелиот Роналдо, ужасно многу потсеќаше на него во најдобрите години ( оние од Интер и Барса ), со финесата во движењата и дриблизните, со брзината да ја пушти топката пред себе и да трча по неа. Дали е тоа, дали е интелегнцијата во прашање, или одличното позиционирање ( не само пред гол ) него позиционирање на врв на шеснаестник каде наместо 2ца можеше да повлече и тројца играчи на себе, креирајќи игра за останатите соиграчи...или па баш обратно, да ја најде единствената небранета дупка, да се шмугне низ неа и пак да дојде во гол шанса. Тоа е она поради кое би го ставил пред Дрогба. Не дека е класи над Дрогба, меѓутоа Overall гледано многу повеќе придонесуваш за ТИМОТ, отколку индивидуално да е во центар на внимание.

Ама нема никаква шанса да се согласиме пошто станува муабет за 2 легенди на 2 големи клуба кои играа во најверојатни најдобрите периоди за своите клубови. :)
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Џабе ги праите муабетиве коа Суарез ги јаде за доручек сите вакви напаѓачи.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.824
Поени од реакции
115.887
@Mojso
Околу точка број 2.
Види, до негде ти е океј мислењето за Сколс и Гигс, меѓутоа никако не може да се споредат со Роналдо и Анри. Они се играчи кои стварно работат за својот тим, несомнено, ама другиве двајца се МЕГА ѕвезди, играчи кои може да не ги видиме на екран 95 минути и во 96 да дадат гол вреден титула во ЛШ или првенство. Роналдо влече по минимум тројца играчи кога е во него топката, што остава доста простор за другите. Еве ќе наведам пример и со Занети пошо сум фан на Интер. Он на пример е права легенда на Интер, а и општо во фудбалот, вистински капитен, одличен играч, но Занети на терен никогаш не правел некоја преголема разлика. Неговите задачи се знаеа, одбрана и многу трчање.

Пази да не се разбереме погрешно, јас Сколс и Гигс ги почитувам премногу, никогаш немам кажано лош збор за нив, играчишта, вистински легенди на Јунајтед, али сепак мислам дека Анри и Роналдо се пред нив.

Е сеа околу Роналдо. Он за мене е најдобриот фудбалер на сите времиња, најдобриот и најсовршениот. Нема буквално никаква маана, од градба на телото, па се до техника, тимска игра, и остали финеси. Ако збориме конкретно за ПЛ, мислам Анри дека предничи тука бидејќи има изиграно многу повеќе сезони од Роналдо, но генерално гледано на Роналдо му нема рамен според мене.
 
W

wicked_1

Гостин
Од мој агол, Роналдињо е најдобриот фудбалер што го имам гледано досеа. Меси и Роналдо може да шибаат статистики уште колку сакаат, фудбалот кој го изигра Роналдињо е неповторлив. Штета се засити од фудбал прерано.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.231
Поени од реакции
14.576
Споредувате баби и жаби, Анри класа беше додека играше во Арсенал, долг корак, шут, дриблинг, брзина се што му треба, минимум даваше по 20 голови на сезона, но од друга страна тука некои го прават Дрогба класа подоле од Анри, според мене на исто ниво се но различни типови на напаѓач, Дрогба е физички надмоќен секоја топка од голманот тој или ја прима или ја спушта до друг играч значи нема промашај, играта со глава перфекција, шут екстра и сила и техника само нека ви текне на головите против Барселона и Ливерпул кога е завртен со грб према противничкиот гол вртење и гол, плус Дрогба во времето во Челси играше повеќе тимски отвараше простор, проигруваше, спушташе топки, додека за Анри цел Арсенал играше не дека и он незнаеше од никаде и ништо да направи гол, но друга е Арсенал друга на Челси, така да според мене овие два напаѓачи идеално би се вклопиле во тим кој што игра со 2 шпица
Да пошто Дрогба играл потимски од Анри затоа има помалце асистенции. Дај не зезај.

Инаку да, различни напаѓачи се ама на двајцата првичната цел им беше да клаваат голови, а фактите викаат дека Анри го правел тоа подобро од Дрогба.

Ама си нема везе оваа, едниот е газда на клубот, другиот е акционер и не вложува, само чека да распределат дивиденда. :)
Да Усманов е само акционер и неможе да вложи како Абрамович, а плус Арсенал не дели дивиденда така да моментално типот нема никаква ќар од клубот освен у случај да сака да ги продаде акциите кои сега се веројатно дупло повеќе од кога ги купил.

=================

Најдобриот што заиграл во ПЛ, хмм веројатно Роналдо ама штета што не остана барем уште две сезони.
Одма после него или може и со него е Анри, само затоа што беше константен цело време додека играше, немаше сезона да потфрли скроз, едноставно си беше класа човекот.

Најдобар на сите времиња јас што сум го гледал, веројатно Рондалдо дебелото у конкуренција со Зидан.
 
W

wicked_1

Гостин
тешко ваков играч пак
[DOUBLEPOST=1413202339][/DOUBLEPOST]
Да Усманов е само акционер и неможе да вложи како Абрамович, а плус Арсенал не дели дивиденда така да моментално типот нема никаква ќар од клубот освен у случај да сака да ги продаде акциите кои сега се веројатно дупло повеќе од кога ги купил.
Самата акција не е наменета за сопственикот да има ќар туку сопственост во идеален дел од друштвото, а доколку се изгласа може да се распредели дивиденда во Арсенал, чисто сумњам другиве акционери да си седат мирни вака уште. :)))
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Ама си нема везе оваа, едниот е газда на клубот, другиот е акционер и не вложува, само чека да распределат дивиденда. :)
Ne delat dividendi vo Arsenal. Inace da, samo akcioner e.

Edit..ti kazale, kasno vidov, od tapatalk sum.
 
W

wicked_1

Гостин
Ne delat dividendi vo Arsenal. Inace da, samo akcioner e.

Edit..ti kazale, kasno vidov, od tapatalk sum.
Не дека не делат, туку немаат сеуште изгласано да биде распределена(30 години), пред тоа имало. Не се установува тоа како политика на управата, туку мора да постои у основачкиот акт. Ако Кроенке изгласа да се распредели, знам читав Усманов би можел да земе околу 300 милиони дивиденда. Зборевме и претходно за ова =)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom