Barclays Premier League - Season 2014/2015

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?


  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.

Донев

На одмор
Член од
9 мај 2008
Мислења
32.719
Поени од реакции
46.738

Ни останаа само уште 22 дена до почетокот на новата сезона на највозбудливата и најдобра фудбалска лига, англиската Премиер Лига. Ќе гледаме 19 англиски и 1 велшки клуб оваа сезона, Свонси. Оваа сезона во Премиер Лига се враќаат Барнли после 4 сезони во понизок ранг, Лестер кои се враќаат после 10 сезони и КПР кои после една сезона во Чемпионшип, повторно успеаа да се вратат во ПЛ.

Сезоната започнува на 16ти август, а ќе трае се до 24ти мај кога ќе биде изиграно и последното 38мо коло. Принципот на прогласувањето на шампионот е веќе добро познат - бодови, гол разлика, меѓусебен дуел, плеј оф натпревар на Вембли. Познатиот curtain raiser, FA Community Shield натпреварот на Вембли ќе биде изигран на 10ти август помеѓу шампионот во ПЛ, Манчестер Сити и победникот во ФА Куп, Арсенал.

Од нејзиното формирање во 1992, Премиер Лигата ја имаат освоено 5 тима и тоа:
  • Манчестер Јунајтед - 13
  • Челзи - 3
  • Арсенал - 3
  • Манчестер Сити - 2
  • Блекбурн - 1
Сите овогодинешни учесници:
  • Арсенал
  • Астон Вила
  • Барнли
  • Челзи
  • Кристал Палас
  • Евертон
  • Хал
  • Лестер
  • Ливерпул
  • Манчестер Сити
  • Манчестер Јунајтед
  • Њукасл
  • Квинс Парк Ренџерс
  • Саутемптон
  • Стоук
  • Сандерленд
  • Свонси
  • Тотенхем
  • Вест Бромвич Албион
  • Вест Хем
Актуелен шампион се Манчестер Сити кои ја освоија лигата со 86 поени, 2 повеќе од второпласираниот Ливерпул.


Тимови со нови менаџери оваа сезона се Манчестер Јунајтед (Луис Ван Гал), Тотенхем (Маурисио Покетино), Саутемптон (Роналд Коеман), ВБА (Алан Ирвин).

Овогодинешни претставници на Премиер Лига во Европа се Манчестер Сити, Ливерпул, Челзи и Арсенал во Лига на Шампиони и Евертон, Тотенхем и Хал во Европа Лига. И во следната сезона, првите четири тимови ќе обезбедат пласман во Лига на Шампиони, а петтата во Лига Европа. Последните три тима на крајот на сезоната ќе се преселат во Чемпионшип.

Не очекува (како и секоја сезона) можеби највозбудливата сезона до сега во која ќе биде многу тешко да се предвиди крајниот исход. Барем на хартија, не може да се издвои еден тим од кој се очекува да биде сигурен шампион. Многу реално е повторно да гледаме битка се до последното коло.

Манчестер Сити веќе има многу квалитетен тим, но се засилија со Сања кој дојде како слободен играч од Арсенал, Фернандо од Порто и Кабаљеро од Малага како втор голман покрај Харт. Повторно се еден од главните фаворити за освојување на трофејот. Ливерпул го изгубија најдобриот играч од минатата сезона, Суарез кој потпиша за Барселона, па ќе биде интересно да видиме како ќе се снајдат без него и дали новите засилувања ќе успеат да го покријат неговото заминување. Се засилија со Рики Ламберт и Адам Лалана од Саутемптон, Емре Чан од Леверкузен и Маркович од Бенфика. Се очекуваат уште трансфери со парите од Суарез за Ливерпул да проба да го задржи местото во топ 4, а можеби и да отиде чекор понапред и конечно да ја освои Премиер Лигата. Челзи остана без легендите Лампард и Кол, но ги замени со Цеск Фабрегас од Барселона и Филипе Луис од Атлетико Мадрид, и секако критичната напаѓачка позиција која ја пополни Диего Коста. Минатата сезона Челзи имаше проблем со напаѓачите, а сега Мурињо го комплетираше својот тим и веќе изјави дека Челзи е подготвен да се бори за титулата откако минатата сезона сметаше дека сеуште нема доволно подготвен тим. Арсенал засега направи добри трансфери со купувањето на Алексис Санчез од Барселона и Матиеу Дебуши од Њукасл како замена за Сања. Останува да видиме дали тимот на Венгер конечно повторно сериозно ќе се бори за трофејот до самиот крај. Манчестер Јунајтед минатата сезона на чело со Дејвид Мојс заврши на седмото место, но за очекување е годинава повторно да се врати во борба за титула со Ван Гал како менаџер. Засега се засилија со Андер Ерера од Атлетик Билбао и Лук Шо, младиот лев бек од Саутемптон.

Овие пет тимови се очекува да се главните кандидати за освојување на трофејот, но вреди да се спомнат и Тотенхем и Евертон кои можат да изненадат во борбата за првите четири позиции.


Па, што очекувате од новата сезона? Кој ќе биде шампионот? Дали Пелегрини пак ќе им се смее на сите на крај? Дали Роџерс ќе може да гриза без Суарез? Какви изјави ќе има Мурињо? Дали Венгер ќе му врати за специјалната изјава? Дали Јунајтед го погодија Избраниот? Дали Џерард ќе се лизне? Кај ќе шета Реднап со колата?
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.788
Поени од реакции
8.589
Сити и Челзи најкомплетни тимови имаат до сеа, изненадување ќе биде ако не земе некој од овие 2 клуба.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
21.574
Поени од реакции
46.552
Ќе кажам само 1 збор:

Свонси!

:icon_mrgr:
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.077
Поени од реакции
10.992
Сити и Челзи најкомплетни тимови имаат до сеа, изненадување ќе биде ако не земе некој од овие 2 клуба.
После ланската сезона,мислам дека вакви изјави се претерани,буквално никој не може да предвиди шо ќе биде и како ќе се одвиваат работите
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.788
Поени од реакции
8.589
После ланската сезона,мислам дека вакви изјави се претерани,буквално никој не може да предвиди шо ќе биде и како ќе се одвиваат работите
Што се деси ланската? Сити најголемиот фаворит зема титула.
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
6.658
Поени од реакции
11.566
Ајде со здравје да си ја служиме темава и помалце мерење пениси годинава xD
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
2.496
Поени од реакции
1.603
Интересно ќе биде,очекувам до крај да останат 3 екипи да се борат за титулата.
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.077
Поени од реакции
10.992
Што се деси ланската? Сити најголемиот фаворит зема титула.
Шо се деси?Очекуваше некој дека Јунајтед ќе биде во аут уште по 10 коло?Очекуваше некој Арсенал да биде толку долго на врвот?Се деси да 4 екипи завршат со само 7 бода разлика меѓу првиот и четвртиот,а дека бил Сити фаворит мало морген.
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.788
Поени од реакции
8.589
Шо се деси?Очекуваше некој дека Јунајтед ќе биде во аут уште по 10 коло?Очекуваше некој Арсенал да биде толку долго на врвот?Се деси да 4 екипи завршат со само 7 бода разлика меѓу првиот и четвртиот,а дека бил Сити фаворит мало морген.
A Кој беше? Арсенал? Ја зборам за прво место, останатите места се небитни. Дали некој ќе се бори до 8 коло или 38 коло е небитно, се освен Сити или Челзи ќе биде изненадување
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.376
Поени од реакции
11.748
@Донев & @Peja989 & @Ilumious
Пишете некој ground rules за темава, ќе има ли слики, гифови,дали Јунајтед игра без менаџер и останатите HAARP мистерии...
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom