Осака ќе биде недопирлива на тврда подлога со години, би требало да освои лагано 10+ слемови ако не се смени нешто драстично, не гледам која тенисерка би можела да и парира на АО и УСО, брутална е и може претерувам, ама го има најдобриот бекхенд кај жените што сум го видел
Најмногу импресионира колку е ментално јака, после 3те двојни грешки на 4-3 и поклон ре-брејкот за Серена, ја уби со 3 бекхенд винери и освои 8/8 наредни поени, исто и против Мугуруза од 3-5 и двете меч топки во решавачкиот сет во наредните 22 поени не направи ниту една грешка, на УСО губеше 0-1 и со брејк во втор сет од Азаренка, се рестартира и ја прегази, има буквално се за да доминира наредниве години.