Australian Open 2021(08.02-21.02.2021

  • Креатор на темата Креатор на темата Feisty
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?


  • Вкупно гласачи
    34
  • Гласањето е завршено на .
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.364
Поени од реакции
4.741
Првиот Гренд Слем во годината, традиционално се игра во Мелбурн. Oва ќе биде 109то издание, а одложен беше за 3 недели поради пандемијата и сите тие карантини, изолации и тестирања.

Кај мажите титулата ја брани Ѓоковиќ, а во истата половина со него е ланскиот финалист Тим, што значи можат да играат во 1/2 финалето. Ѓоковиќ ги има Раониќ/Вавринка како можни противници во 1/8 финале, па Зверев во 1/4, пред можните дуели со Тим, па Надал или Медеведев.

Надал би требало лесно да стигне до 1/4 финале, па останува да видиме дали може Циципас, Медведев, Ѓоковиќ/Тим едно по друго. Кладилниците велат дека Медведев е втор фаворит, по Ѓоковиќ, по мое со право.

Кај жените се е можно, ако гледаме по четвртини, Барти е голем фаворит во првата четвртина, во втората се Кенин, Азаренка, па и Брејди. Во третата четвртина се Осака, Мугуруза, Андрееску и Квитова, а во четвртата Серена, Сабаленка, Халеп и Швјонтек.

Прогноза од мене Ѓоковиќ и Барти.

Ждребот:

 
Прогноза од мене Ѓоковиќ и Барти.

Не знам за Џокович, ама мали се шансите на Барти за титула. Нема играно турнирски тенис една година, не е во некоја форма, нема далеку да дотурка.
 
Не знам за Џокович, ама мали се шансите на Барти за титула. Нема играно турнирски тенис една година, не е во некоја форма, нема далеку да дотурка.
Која ти е избор кај жените?
 
Има шанси некој од помладиве да земе титула, а и полека треба да се навикнуваме на тоа. Прв фаворит Ѓоковиќ, ама очекувам изненадување од Тим или Медведев. Надал мислам дека нема што да бара тука, иако сум фан.
 
Тежок фан сум на Рафа ама мислам дека време е Медведев да освои прв слем. Добар сервис, одлични ударци.. едино на мрежа треба да иде повеќе
 
Според мене прашање е дали Тим и Циципас ќе минат четврта рунда, у нивните делови имат прилично зезнати противници.Надал ако освое тука одма треба ГОАТ да го прогласат.Моја прогноза Медведев, иако најголем фаворит е Џокович.

Кај жените, па попрво би погодил лотарија него која ќе освое.
Андреску, уште ли е жива таа?
 
Не дека ќе освои Рафа ама многу го потценувате. Медведев е топ ама многу лесно може да пукне и да се извади од колосек. Плус останува фактот дека Рафа е ужасен меч ап за Медведев, мечот во Лондон апсолутно ништо не менува, и таму Рафа водеше и газеше ама се распадна пред се физички, тотално неочекувано. Друго е ГС турнир, тука левелот на топ тенисерите е највисок.

Сеедно, у евентуален дуел со Ноле нема шанси така да ако игра Ноле финале нека игра против некој друг. :D

Моја прогноза Ноле и Серена.
 
Озбилно 1 евро еуроспорт плеер??
 
за 18 минути Пера зема сет против Кербер, нормално 6-0 ...
 
Да бе си земав мераци
Јас земав годишна претплата од лани и можам да кажам дека е топ. Плус излегоа фер, за коронавирусот што немаше натпревари ми ја продолжија бесплатно претплатата. Гледам на телефон и на компјутер и нема кочење и лагирање.
Вреди да се земе годишна претплата ако се гледа уште нешто друго, како што јас гледам Тур Де Франс и ептен се исплати :D
Автоматски споено мислење:

Џокович го измете Шарди за саат ипол :D :D :D Во форма е Новак, барем така изгледа. :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom