Australian Open 2021(08.02-21.02.2021

Кој ќе освои?

  • Вкупно гласачи
    34
  • Гласањето е завршено на .
Член од
5 февруари 2021
Мислења
398
Поени од реакции
1.043
Пензија :) Друго чаре не гледам. 6-3 6-2 и 6-6, трет сет во кој имаше 23-0 поени на свој сервис, е од тука успеа да си дозволи ваков луксуз, срам, допирање на дно. Неверојатно млитава игра и немоќ во 4ти и 5ти сет, со ваква физичка подготвеност богами и на Ролан Гарос некој може да го победи на кондиција :) На крајот на денот, позитивната вест е дека победа во 5 сета ќе беше полоша отколку поразов бидејќи ќе изгледаше смешно против Медведев со 4 саати тенис во нозете неполни 48 сати претходно :)
Надал помртов од Хсиех. :)
 
Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.640
Поени од реакции
2.606
Ауууу лелеле @Jankoff што беше ова??
МА У ПИЧКУ МАТЕР БЕШЕ ТОА БЕШЕ.. 2-0 имаш у тај брејк у 3 сет и чист смеч и маваш три метра у аут, ја тоа нема да го утнам лол. Тоа е немам коментари апсолутно заслужи да победи Циципас подобар беше после втор сет ( а и матер му ебам на коментаторот што рече готово е рафа иде понатака ).. МНОГУ АМА ПРЕМНОГУ ГРЕШКИ што е недозволиво.. од Медведев 3-0 ко ништо ќе изгубеше а и грков нека го пуши курот од Медо .
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Само допинг бајовци :D
Нема што да се паѓа во очај, Австралија му е најтежок и најбаксузен слем на Рафа.
Втор или трет пат вкупно мислам дека губи од два сета водство на слемовиве. Среќа на работа сум, не гледав, ќе ме напнеше бетер него на резултати што пратев.
Нека биде здрав само за РГ и тоа е тоа, на овие години за останатите слемови само убаво поклопување на коцките може да му донесе титула.
 
Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.640
Поени од реакции
2.606
Само допинг бајовци :D
Нема што да се паѓа во очај, Австралија му е најтежок и најбаксузен слем на Рафа.
Втор или трет пат вкупно мислам дека губи од два сета водство на слемовиве. Среќа на работа сум, не гледав, ќе ме напнеше бетер него на резултати што пратев.
Нека биде здрав само за РГ и тоа е тоа, на овие години за останатите слемови само убаво поклопување на коцките може да му донесе титула.
камо и ја да не гледав.. втор пат му е првиот пат баш го памтам со Фоњини у УС ОПЕН 2015, 2-0 поведе си легнав станувам гледам при крај е Фабио да тепа..
 
Член од
5 февруари 2021
Мислења
398
Поени од реакции
1.043
Ако освои Новак овде следниот Ролан Гарос ќе биде клучен во битката за GOAT. На Џокович му треба брејк на Ролан Гарос, односно тој да освои а не Рафа, или барем само Рафа да не освои.
Автоматски споено мислење:

Ретко се сложувам со тебе, ама овој пат си во право.
Настрана мајтапот и терањето инает, многу не си во право за Хсиех. Девојката е чудо на теренот, буквално измислува удари и игра со неверојатна леснотија. Мислам, лесно е да си граден како Серена или Сабаленка и да удираш сервиси од +180 км на час. Со онаа гризинка градба што ја има Хсиех максимум вади од себе. Јас никогаш не пропуштам да ја гледам, многу е интересна. И воопшто не се плаши да игра со елитата, кога ја исфрли Халеп од Вимблдон романката беше број 1 во светот.
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
Само допинг бајовци :D
Нема што да се паѓа во очај, Австралија му е најтежок и најбаксузен слем на Рафа.
Втор или трет пат вкупно мислам дека губи од два сета водство на слемовиве. Среќа на работа сум, не гледав, ќе ме напнеше бетер него на резултати што пратев.
Нека биде здрав само за РГ и тоа е тоа, на овие години за останатите слемови само убаво поклопување на коцките може да му донесе титула.
Втор, првиот е против Фабио на УС Опен 2016.

Не е проблем ова денес што му се деси, се гледаше уште од прво коло дека не е скроз спремен. И да беше, тешко до титула преку Медо и Ноле така да пак ќе кажам не е ништо страшно.

Реално и мизерија осетија тенисериве со карантинот, 14 дена затворен у хотел и одма после Слем треба да играш..., не иде некако.

Ноле и Медо ќе се заколат во финале, има да се цедат до последна капка пот док не цркне некој.
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Ноле и Медо ќе се заколат во финале, има да се цедат до последна капка пот док не цркне некој.
До последно мускулно влакно. :pos: Потоа знаете што следи.. :cool:
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.317
Осака ќе биде недопирлива на тврда подлога со години, би требало да освои лагано 10+ слемови ако не се смени нешто драстично, не гледам која тенисерка би можела да и парира на АО и УСО, брутална е и може претерувам, ама го има најдобриот бекхенд кај жените што сум го видел :uzi:

Најмногу импресионира колку е ментално јака, после 3те двојни грешки на 4-3 и поклон ре-брејкот за Серена, ја уби со 3 бекхенд винери и освои 8/8 наредни поени, исто и против Мугуруза од 3-5 и двете меч топки во решавачкиот сет во наредните 22 поени не направи ниту една грешка, на УСО губеше 0-1 и со брејк во втор сет од Азаренка, се рестартира и ја прегази, има буквално се за да доминира наредниве години.
 
Чудо е јапонката. Тогаш кога го освои првиот слем во Њујорк, Серена правеше огромен скандал. Се искара со судијата, беше на раб на дисквалификација, публиката беше збесната, не се седеше на теренот од што беше бучно, а Осака требаше да сервира за меч. Мислев дека нема шанса да го добие тој гејм, тогаш беше 2-3 години помала од сега. Мртва ладна и тресна на Серена 3-4 сервис винери и без пробем го затвори мечот. Со Квитова на првиот Ози Опен што го освои, во финалето имаше сет и голема предност со брејк во вториот, не успеа да го затвори мечот, го изгуби вториот сет во тајбрејк. Беше на раб на солзи, всушност заплака, отиде во соблекувална, мислев ќе се распадне во третиот, излезе на терен и ја растури Квитова.

Е сега, тешко и оди на Ролан Гарос и Вимблдон. Не се движи како што треба на подлоги кои не се бетон, но тоа се учи, и ако го совлада движењето посебно на трева, ќе растура и на Вимблдон. Кога е во форма е класа погоре од сите други тенисерки и има шанса за долгогодишна доминација.
 
Последно уредено:
Член од
7 април 2015
Мислења
2.649
Поени од реакции
1.538
Чудо е јапонката
Американка е, од скоро зема Јапонско државјанство, цел живот живеала во Њу Јорк, и не знае збор да кажа на Јапонски, кога ја прашуваат новинарите одговара на Англиски, и се смета за АфроАмериканка кога играше на УС Опен носеше имиња од овие црнците убиени од полицијата
 
Јапонка е по мајка мислам, татко и е црнец од Хаваите ако добро се сеќавам. Нема врска, има јапонско државјанство и игра за Јапонија. И еднаш кажа во интервју дека интензивно учела јапонски.
 
Од Хаити друже, нај утепаната држава во светот, какви Хаваи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom