A1 Net кабелски Интернет - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Swifty
  • Време на започнување Време на започнување
На осми е сликано и не е фотошоп.. :) Ми се случува тоа али само на еден час, час и пол во денот кога нема премногу оптеретеност..... + имам 50mbps пакет :D
А ако си толку сигурен во твоето тврдење дека не е фотошоп земи саглам камера и снимај додека мериш на спеедтест но претходно стави облог со било кој.Да сум на твое место така би направил.:)
 
до кога може да се платат сметките? До 20-ти беше?
Ако си редовен плаќач касни и 10 дена слободно и нема да те исклучат.Може само да те предупредат преку порака на мобилен дека треба да си ја платиш сметката но толерираат без проблем.
 
до кога може да се платат сметките? До 20-ти беше?

Зависно кога ти го мерат сообраќајот.
Ако си до 10-ти, имаш рок до 20.
До 20, имаш рок до 30/31.
Ако си во последна 1/3 од месецот, имаш рок до 10-ти наредниот.
 
не толерираат ниту еден час од рокот, не па ден!! ако треба да платиш до 29, на 29-ти те исклучуваат, така е во Прилеп, така верувам дека е и секаде.
 
На осми е сликано и не е фотошоп.. :) Ми се случува тоа али само на еден час, час и пол во денот кога нема премногу оптеретеност..... + имам 50mbps пакет :D
Со таква брзина немаше да биде побрзо од само 88%, туку од 99,9. Фејк ти е сликата пријателе.

Galaxy Nexus.Tapatalk
 
2518977810.png


Pingот ми е 0 :vozbud: Како бе ? http://i50.tinypic.com/3168b9z.jpg

Иначе Брзии зашто сликата ти е прикачена на: Dodaj.rs ( http://www.dodaj.rs/f/3g/cf/1HhhVQrh/734721566637976682159857.jpg ) а не ти е директно од speedtest (како мојава: http://www.speedtest.net/result/2518977810.png ) ?!
 
-----------------
ова за да биде појасно,на некои сега вклучени.
Жена ми била во дирекцијата на БЛИЗОО,„да бара чаре за случајов,што да се прави“- таму и одговориле мора да си плаќате имате договор. А јас само што се вратив од пунктот во Ново Лисиче.Им покажувам пристигната сметка за нивниот пакет за УСЛУГИ -ТВ,телефон и интернет=1200 д.
Таа плава мадам мисли сакам да платам,потоа и подавам сметка за потрошена електрична енергија во станот = 41д.
ете факт дека не сум користел електрична енергија.
Значи не сум примил од нив никакви УСЛУГИ, бидеиќи е и исклучено од 10 месец 2012 г. И и кажувам нејќам да платам
Одговор и од неа.- Е мора имате договор,сте го прочитале.
-------------
Во среда сум 2смена и одам во АЕК.
Што бидна?
 
бев и дадов приговор во АЕК,што ќе бидне незнам,
ми дојде сметка и за февруари,но по толку распаравање во пунктот во Близоо,сега ја намалиле (или некоја промоција е),
на половина. Инаку како е во АЕК состојбата накнадно ќе ве обавестам,после одговорот,кој сигурно ќе биде ист како досега,МОРА ДА ПЛАТИШ,иако ништо не добиваш ама имаш договор потпишано.
А оноа за агенција на потрошувачи,незнам што е и каде е.
 
не дека ми смета интернетов на Близо, задоволен сум ептен, ама со ова цениве незнам што сакаат да постигнат?
http://blizoo.mk/internet.html

сеа 10мб прескртано 700 ставено 600, јас одкога знам секогаш е 600 ден
 
не дека ми смета интернетов на Близо, задоволен сум ептен, ама со ова цениве незнам што сакаат да постигнат?
http://blizoo.mk/internet.html

сеа 10мб прескртано 700 ставено 600, јас одкога знам секогаш е 600 ден

Финта им е тоа...Ко што беше она кога ги дигнаа брзините од 10 на 15 од 20 на 25 и од 50 на 60, па после пак ги вратија...
 
Денес се тапа невидена, и се јавувам на таа и и кажувам дека ми се влече нетот последниве 2-3 часа, ми вика направи на спидтест да видиме брзината колкава е :pos: за тој ебан спидтест се фаќаат ко слеп за стап. Покажува тоа 12 а јас плаќам за 10 ми вика па ти даваме повеќе него што треба :eek: и викаат до рутерот ти е, а нема врска поврзав и преку модем и пак истото се случува. После ми вика сте направиле денес 8 гигабајти значи нема шанси да е споро. О боже мили и викам слушај јас мислам дека кажав дека последниве 2-3 саата ме заебава а не од после 00.00 вчера и не оваа упорна не е до нас а јас едвај отворам страни :pos: Дај нека доаѓа оптикава од Телеком побрзо овие се пролив божји.
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 18:14 ---
И еве чудно 5 мин откако се јавив се се поправи, дека тоа све во ред ми било. Сешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom