Aко не го прифатиш ***** како спасител, ќе одиш во Пеколот

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
KohlBass напиша:
Free will bullshit. Ако е семоќен зашто не направи сите да му се клањаат него, и покрај тоа што имаат слободна воља? Каква е таа слободна воља кога уште од мал некој те тера да следиш некои наметнати идеали и принципи? Некој ги прашува бебињата дали сакаат да се крстат или не? (го имаше кажано некој погоре) Зашто се раѓаат грешни? За да има оправдување цел живот да носи зејтин у црква?
Можеби се започнало како убава идеја да се натераат луѓето да не бидат лоши, и било некој примитивен начин на внесување на морални кодови, но денеска има зафатено преголеми размери. А се тоа се базира на една книга... Подобро ќе гледам Star Wars и би ја прифатил Силата како религија зашто барем не пробува да направи будали од луѓето... Иако не се сложувам со филозофијата на џедаите, ама тоа на друго место.
Тупењето кон слобода без маргини излегува од нашите сопствени. Градиме и уриваме, пак градиме и пак уриваме.

За да не повредам нечии туѓи мудри главички што допрва се кршат од преголема паметноќа на темава, само ќе кажам дека фино ќе беше човек да може да ја почуствува топлината и вербата прво како чувство и мисла и мирис, а потоа доколку сака да одбере низ чија идеја може да го проектира тоа, или да го најде доискажано.
А горе болдираното е nuff said.
 
pinky**

..all over again..
Член од
16 декември 2005
Мислења
383
Поени од реакции
4
Sith_Lord напиша:

Yep. She did stuff my mouth full of words that weren't supposed to be there in the first place.

Дада Пинки, знам дека длабоко во мене покрај внатрешни органи, лоша храна и холестерол, нема многу други нешта отворени кон обсервација, па макар и на обдукциона маса. Те уверувам дека мојот панкреас e faith-free, како и мојот црн дроб, а богами и дебелото црево (каде патем, голем број на самонаречени верници ја чуваат својата верба, и притоа серат нетолеранција и лицемерие).
Значи, моментално атеист, но оставам отворени опции за понатаму. Можеби нешто ќе ме разувери. Којзнае?
Се надевам дека ти разјаснив по нешто.

Sith

EEJ me ubivte lugje .Abe nekoj pakt da ne sklucivte protiv mene Garfield i Sith???haha Se salam:)
IIIII po dolgo razmisluvanje sto da vi odgovoram ..hmm.. da Sith mi razjasni mnogu raboti koi glavno vodat kon onaa deka voopsto ne e potrebno da se trudam da zboruvam zosto i onaka ne me razbirate..

a btw iskreno sigurno si pomisluvate:'koja e ovaa glupacka koja zboruva kup shits a?!!'
Da ne se sfati again pogreska so najdobra namera i cisto srce go zboruvam ovaa..Nikoj ne moze da vi dokaze vam nitu pak mene deka sme vo zabluda..Normalno sekoj si odi po svoj pat negov Vistinski se nadevam i nie trojcata cekorime po vistinskiot:):helou:
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Em, ja toa veke miljarda, ne, kataljarda pati go velam.
 
KohlBass

Dechak iz vode
Член од
1 јуни 2006
Мислења
1.485
Поени од реакции
36
Bada Bing! напиша:

Како да ти развиваш идеали и принципи по пат на слободна воља па уошата религија те ограничува?

А некој те прашува дали сакаш да живееш кога си бебе? Зошто да те храниме воопшто затоа што можеби кога ќе пораснеш ќе сакаш да се самоубиеш и ќе посакаш можеби никогаш да не си се родел? Why bother?
За првото, алудирав на бесмисленоста и тривијалноста на концептот.
За второто, со тоа што ме хранат ми даваат можност да се убијам кога јас сакам, ако сакам. Со тоа што ме крштеваат ме ограничуваат, при што се враќаме на тоа дека ограничува (безусловното прифаќање на) религијата.
 
S

Sith_Lord

Гостин
Пинки ма... ја само мрчам. :) Ништо, не ме бива. Ме сфативте премногу сериозно.
Верувам дека постои НЕКАКВА прапричина. Ако сакате наречете ја Господ, не ми смета. Изразете ја и метафорички преку четиво како Библијата, Куранот, Тората итн. Ни тоа не ми смета.
Ми смета земањето за право некој да ме побрзува- демек, СПАСИ СЕ СЕГА, НЕМА ВЕЌЕ ВРЕМЕ!!!
Знам, подобро од доста луѓе што значи чувството на немање време од причини во кои не би сакал сега да навлегувам. Ако се впуштам во нешто како што е себе-идентифицирање со одредено религиозно учење, сакам тоа да го направам бидејќи навистина ме понело, бидејќи можам да верувам и сериозно да се заложам за него. Во оваа точка од мојот живот, на овој степен на развој на мојата личност, хуманизмот е единственото движење со кое што можам да се поистоветам. Моите хуманистички афинитети a priori не исклучуваат верба во виша сила- иако хуманизмот може да се употреби како замена за истата- оперирајќи под претпоставката дека човекот треба да направи се' за да го подобри сопствениот и животот на оние околу него ОВДЕ, на Земјата, наместо да чека на разврска во некој задгробен живот.
На крај, свесен сум и самиот дека моите познавања од областa на светските религии се во НАЈДОБАР СЛУЧАЈ просечни, и можеби правам грешка при формирањето на некои мои судови во врска со нив, но затоа даден ми е мозок и способност да размислувам и учам. Имам време. И покрај тоа што Пинки сака да ме убеди во спротивното. :wink:

Пинки... се зезам. Не ме тепај. :baeh:

Sith​
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566

Драг и мил Sith-чо остај ги настрана фанатиците кои те плашат со вечно варење у котелот на пеколот,и слични "катастрофични"(и малоумни, би додала)претњи кои црквата ги користела у средниот век. Не треба да веруваш во Господ ниту да се приклониш кон христијанството од страв. И секој кој се смета за голем верник, а всушност главниот мотив му е можната казна од Господ, не е вистински верник.А, уште помалку е верник оној кој ги суди другите и им вика дека ќе горат у пеколот.
Даден ни е слободен избор.Може да веруваме, но истовремено имаме апсолутно право и да не веруваме. А факт е дека секој избор носи и одредени последици.Сепак,не сметам дека цената за атеизмот е вечен пекол(чак што више у евангелието баш и не се збори нешо особено многу за концептот на пеколот и рајот), така да смешни ми се овие "поголеми верници од Папата" кои се осудуваат од ракав да тресат претњи на секој кој не ја дели нивната вера.
Ок ти е ставот дека би се идентифицирал со одредено религиозно учење само доколку вистински те понесе и сл.Тоа треба на секој да му е единствениот мотив.Но кога и самиот велиш дека не си подготвен сеуште да веруваш и дека твоето познавање од религиите е во најдобар случај просечно, зошто си дозволуваш да ги напаѓаш оние кои се верници?Со тоа и ти демонстрираш предрасуди(иако радије би употребила не толку коректен термин), слични на оние поради кои ти е одбивна верата.Како што они не сакаат да прифатат туѓо гледиште и однапред осудуваат нешта кои не им се доволно познати, така го правиш и ти сосема истото. Ок е да дискутираш околу она што го сметаш за негативно во религијата, но без доволно познавање априори да ја напаѓаш и да ги поистоветуваш сите верници со фанатици???...Во тој случај покажуваш иста нефлексибилност и ригидност како оние што ти сметаат.
И христијанството не вика дека треба да седиме со скрстени раце и наведната глави и да чекаме животот да ни пројде, затоа што не чека награда на небото. Баш напротив, учи како да извлечеме максимум од животот, без притоа да "газиме врз лешеви". Не повикува на инертност и стагнација,или чекање на задгробниот живот, туку на духовен и емотивен развој на човекот тука на Земјата.
Така да екстра е што сакаш да учиш, но немој претходно да носиш вака 'тешки" судови,како некои од претходните.:smir:
 
T

trilobite

Гостин
ada напиша:
Драг и мил Sith-чо остај ги настрана фанатиците кои те плашат со вечно варење у котелот на пеколот,и слични "катастрофични"(и малоумни, би додала)претњи кои црквата ги користела у средниот век.
За секој случај(да не речеш дека е на средновековна измислица)еве ти цитати од Новиот Завет:
Матеј 25:41(вечен оган)
Матеј 3:12((неизгаслив оган)
Марко 9:44-49(место на измачување и оган)
Лука 16:23,24(вечно уништување)
2 Солунјани 1:9(место на вечен оган и пепел,каде чадот од нивниот палеж се издигнува за век и веков)
Откровение 14:10,11(езеро од оган и пепел)
Има и доста Старозаветни цитати со што се потврдува дека пеколот(адот) е вистинско место на физичко и духовно измачување.
Најизцрпен опис е оној мислам во Даниел 12:2(Стар Завет)"Место каде црвот никогаш не умира,и огнот не гасне..."
Под "црв" се подразбира психолошко измачување,грижа на совест и вечна одвоеност од Бога,башка физичкото измачување...
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
trilobite напиша:

Не реков дека се тоа се средновековни измислици..Али плашењето со пеколот и Страшниот Суд во тој период биле најинтензивни( знаеме од какви причини). И ти на пример тоа буквално го сфаќаш? ?Пошо сметам дека како што метафората кажана од Исус за семињата и почвата не ја примаме буквално така ни претставата за пеколот не треба да се зема здраво за готово.
На пример живееш кршејќи ги грубо Божјите заповеди..Тогаш неминовно те очекува казна.А под казна мислам грижа на совест, екскомуницирање од заедницата и други маки. Тоа се казни кои самиот си ги досудуваш, а и околината истотака. Пеколот може да биде и на земјата. Пеколот си го правиш и ти го прават другите луѓе уште додека си жив. Не е само вечен оган и пеплосување казна.
А мојот коментар околу претњите со пекол беше во контекст на "верниците" кои се ставаат у улога на Бог и ти судат, и ја претставуваат христијанската религија као плашило. Нив ги води стравот. А убедена сум дека тоа не е вистински пат.
 
S

Sith_Lord

Гостин
Уште помила и подрага Адичке...

Бидејќи основната претпоставка во текстов ти е дека јас ја напаѓам религијата односно ги поистоветувам СИТЕ верници со фанатици, би сакал да ти го докажам спротивното. Ги почитувам верниците кои вистински веруваат. Кои ја проучиле религијата пред да и се предадат и кои сфаќаат во што се впуштаат кога одлучуваат да се приклонат на одредено религиско учење. Светот би бил поубаво место кога би постоеле повеќе такви луѓе, кои со својата етичност, или барем искрена желба за придржување до извесни етички принципи го олеснуваат животот на сите околу нив. Истото важи и за оние "неверниците" кои следат одреден морален код.
Но поентата воопшто не ми беше таа.
Поентата ми беше дека засега ќе престанам да судам и ќе учам.
Го воочив пред некое време фактот што ти ми го презентираш во постот, и спремен сум да се корегирам.

That's about it, babe. :back:

Sith
 
T

trilobite

Гостин
2 x ми отиде репликата за ада!!!Сама од себе....
Да заштрафам нешо овде ќе добиеш одговор,можда и утре

ada напиша:
И ти на пример тоа буквално го сфаќаш? ?Пошо сметам дека како што метафората кажана од Исус за семињата и почвата не ја примаме буквално така ни претставата за пеколот не треба да се зема здраво за готово.
Метафори,параболи,асоцијации и споредби Исус користи кога се обраќа на мноштво народ,за полесно да ги објасни духовните вистини(прво иде парабола,потоа им ја објаснува што она значи).
Со фариесите и неговите ученици имал друг муабет...
Пеколот е толку застапена тема(предупредување)како крајна дестинација за душите што упорно и упорно ја одбиваат Божјата рака на помирување така што невозможно е да се свати како метафора.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
trilobite напиша:
Пеколот е толку застапена тема(предупредување)како крајна дестинација за душите што упорно и упорно ја одбиваат Божјата рака на помирување така што невозможно е да се свати како метафора.
Ако вака тргнеме,не треба ништо здраво за готов ода земеме...
Ок, застапено предупредување е..И неопходно е да го има...Да мора да има цена за отфрлањето на Божјата рака на помирување.
Но мене ми беше друго суштината со споменувањето на пеколот и казните. Не може некој да се поставуе у улога на безгрешен и да суди други и да ги праќа у пеколот. Не залудно е речено: Не суди!
Зарем стравот од пеколот треба да ни е примарната причина да бидеме верници???
И се додека има луѓе кои што тресат претњи од типот ќе гориш у пеколот, ќе се ствара и голема аверзија на оние не запознаените со религијата кон христијанството.
 
T

trilobite

Гостин
Тука си во право.И примерите што ги даваш се реални.
Но не смее да се изостанат сите детали во изложување на целокупната вистина.
Да не беше така,немаше да биде воопшто спомнато.
Не е ферски ако е изненадување на крај за the wicked ones
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
trilobite напиша:
Тука си во право.И примерите што ги даваш се реални.
Но не смее да се изостанат сите детали во изложување на целокупната вистина.
Да не беше така,немаше да биде воопшто спомнато.
Не е ферски ако е изненадување на крај за the wicked ones
Koe iznenaduvanje?? Koja vistina? Nema pekol, nema raj, nema bog, ima samo Sila!
 
T

trilobite

Гостин
Има и сила а има и правдина.
За тоа и збориме.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
trilobite напиша:
Има и сила а има и правдина.
За тоа и збориме.
Ne takva Trilobite, ne takva sila!

The Force, the true, the us, them, it, those, the everything - The Force!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom