еве јас вака ке го објаснам , моја гледна точка
Уште пред нашата ера луѓето им се восхитувале на необјаснивите работи за нив...пример како врне дожд, громови, плодност , животните што ги опкружувале и за сите тие работи затоа што немало друг начин морало да си создаваат богови.
Да ја земеме Митологијата т.е. Грчките богови.....Бог на плодноста ...нормално луѓето никако неможеле да сватат како тоа растение расти, па затоа и богот според нив тој ја контролира целата таа работа, доколку не е плодна годината се жртвува било што , човек , јагне....и наредната година е плодна...ахаам...или пак не е плодна ...ахаа..значи сме згрешиле нешто па ај оваа година 2 јагниња. Сепак кривицата е во нив и тоа оди во круг..
Kога тие сите работи се откриа дека не се така и тука останаа уште каде после смрта и небото и што после тоа.
Исус...јас сум воодушевен од него и би го нарекол навистина добар психолог и политичар, човек навистина многу паметен кој се борел за својот народ практично за слобода. Неможел како денешните политичари да ги купат гласовите со канта сирење и 2 кила брашно или пак да наполно гласачки кутии. Собрал одбрани луѓе со него така наречените апостоли и им рекол ..''Слушајте сега вие, сите ке кажувате насекаде и ке ја ширите мојата пропаганда дека јас лечам, помагам на гладните и сите тие работи па само така можеме да го собереме народот во едно пак.'' Секој од нив го направил истото и така се собрал народот. Бил одличен психолог и им помагал на луѓето исто така го кажувал само најдоброто т.е. моралните норми. Неговото распнивање не било случајно римјаните сите во тоа време така ги казнувале на ист начин,а тој бил обвинет за работење против управувањето на Рим. По падот на Исус неговите следбеници го раширија тоа воскреснување низ народот и опаа еве ти тезга и работа , каков учител такви и ученици. Се распрскале по светот и ширеле вера.
Библијата....добра книга има интересни работи во неа, посебно тие Божји заповеди т.е. морални норми кои секој верник ги има во животот прекршено барем пола од нив. Прекрасно составена и како што реков добра приказна , сум ја прочитал неколку пати.
Црквата....најголемата глупост која му се случила на човештвото...најголемата институција во државата после владата. На што личи ова за една крштевка во црква 1500денари свадба 2000ден
...ма ајди ви се молам, страмоа....зарем бог сака да зема пари? или пак попот сака да вози кола да се пијани и да оди по софри. Ахаа така ли , поповите треба да се задоволат само со трошка леб да преживеат а не она страмота. уште ценовник што нема пред црква. ИНКВИЗИЦИЈА е далеку далеку полошо од холокаустот!!!тоа е бизарно ама кој би сакал да ги изгуби парите што ги заработува црквата заради некој неранимајко кој сакал ка каже дека земјата се врти околу сонцето и да противречи на бог кој вели дека е плоча или тој ја носи учка..нормално дека нема да го убијат него прво ке го тестираат во нивните фитнес центри со прекрасни справи па после цело мачење да признае (со претходно отсечен јазик) тој не признава си кјути и нормално се пали на плоштад или пак покрај друже Џелад Гилотина. али сепак има една ситна позитивна работа во сето ова (па сеоткриа бааги работи за човековата психологија, а има и книги)
И се досега што сум видел и искусил во животот ништо не ме навело да размислувам дека бог ме создал дека ме везел и шиел и ми лепел уше и органи на мене...смешно навистина( не било смешно пред 2000 години , меѓутоа сега покрај се што е очигледно и да сме толку тврдоглави не бива....затоа си го имаме чичо Дарвин да ни објасни и да не подуши како оди тоа еволуцијата.
И уште една работа , ми се појави прилика еднаш да ја најдам ''The Bible of Satan'' напишана од некои кретени од Америка и навистина книгата е скоро 100% срање, опишани некои ритуали абе ппсихопатски работи што да кажам...арно ама незнам како прочитав една навистина многу паметна работа внатре и велеше:
''...Доколку имаш вера го сакаш нештото макар да е камен од улица било кој предмет личност , му се восхитуваш , молиш , се жртвуваш за него дури и би умрел за тоа нешто ....е тогаш тоа нешто може да ти биде бог...'' иако контра на се друго во книгата (тоа е навистина глупаво) ама сепак паметна работа и тоа е така......
Се зависи од самиот човек од неговиот мозок како ке ги свати работите ...значи бог постои само во мозокот на човекот никаде на друго место... значи кај 90% од вас некој друг ви го создал богот во вас (пример бабите) и можам да речам 50% од таканаречените верници ја немаат прочитано светата книга , што значи не знаат во што веруваат.
Јас не сум верник, ниту пак некој може да ме натера да верувам во бог. И добро се чуствувам без бог можам и сам.
Бог можам да кажам е за слабаци (без навреда)
Али сепак, порака , правете го она што ви го олеснува животот и ве прави среќни без ограничувања во животот.
И изживеетего животот најдобро што може затоа што незнаете што ве очекува после смртта..........
:angel1
завршува со музиката од Unsolved Misteries или X files) :devil2: