Sith_Lord напиша:
Верувам дека постои НЕКАКВА прапричина. Ако сакате наречете ја Господ, не ми смета. Изразете ја и метафорички преку четиво како Библијата, Куранот, Тората итн. Ни тоа не ми смета.
Ми смета земањето за право некој да ме побрзува- демек, СПАСИ СЕ СЕГА, НЕМА ВЕЌЕ ВРЕМЕ!!!
Знам, подобро од доста луѓе што значи чувството на немање време од причини во кои не би сакал сега да навлегувам. Ако се впуштам во нешто како што е себе-идентифицирање со одредено религиозно учење, сакам тоа да го направам бидејќи навистина ме понело, бидејќи можам да верувам и сериозно да се заложам за него. Во оваа точка од мојот живот, на овој степен на развој на мојата личност, хуманизмот е единственото движење со кое што можам да се поистоветам. Моите хуманистички афинитети a priori не исклучуваат верба во виша сила- иако хуманизмот може да се употреби како замена за истата- оперирајќи под претпоставката дека човекот треба да направи се' за да го подобри сопствениот и животот на оние околу него ОВДЕ, на Земјата, наместо да чека на разврска во некој задгробен живот.
На крај, свесен сум и самиот дека моите познавања од областa на светските религии се во НАЈДОБАР СЛУЧАЈ просечни, и можеби правам грешка при формирањето на некои мои судови во врска со нив, но затоа даден ми е мозок и способност да размислувам и учам. Имам време. И покрај тоа што Пинки сака да ме убеди во спротивното. :wink:
Sith
Драг и мил Sith-чо остај ги настрана фанатиците кои те плашат со вечно варење у котелот на пеколот,и слични "катастрофични"(и малоумни, би додала)претњи кои црквата ги користела у средниот век. Не треба да веруваш во Господ ниту да се приклониш кон христијанството од страв. И секој кој се смета за голем верник, а всушност главниот мотив му е можната казна од Господ, не е вистински верник.А, уште помалку е верник оној кој ги суди другите и им вика дека ќе горат у пеколот.
Даден ни е слободен избор.Може да веруваме, но истовремено имаме апсолутно право и да не веруваме. А факт е дека секој избор носи и одредени последици.Сепак,не сметам дека цената за атеизмот е вечен пекол(чак што више у евангелието баш и не се збори нешо особено многу за концептот на пеколот и рајот), така да смешни ми се овие "поголеми верници од Папата" кои се осудуваат од ракав да тресат претњи на секој кој не ја дели нивната вера.
Ок ти е ставот дека би се идентифицирал со одредено религиозно учење само доколку вистински те понесе и сл.Тоа треба на секој да му е единствениот мотив.Но кога и самиот велиш дека не си подготвен сеуште да веруваш и дека твоето познавање од религиите е во најдобар случај просечно, зошто си дозволуваш да ги напаѓаш оние кои се верници?Со тоа и ти демонстрираш предрасуди(иако радије би употребила не толку коректен термин), слични на оние поради кои ти е одбивна верата.Како што они не сакаат да прифатат туѓо гледиште и однапред осудуваат нешта кои не им се доволно познати, така го правиш и ти сосема истото. Ок е да дискутираш околу она што го сметаш за негативно во религијата, но без доволно познавање априори да ја напаѓаш и да ги поистоветуваш сите верници со фанатици???...Во тој случај покажуваш иста нефлексибилност и ригидност како оние што ти сметаат.
И христијанството не вика дека треба да седиме со скрстени раце и наведната глави и да чекаме животот да ни пројде, затоа што не чека награда на небото. Баш напротив, учи како да извлечеме максимум од животот, без притоа да "газиме врз лешеви". Не повикува на инертност и стагнација,или чекање на задгробниот живот, туку на духовен и емотивен развој на човекот тука на Земјата.
Така да екстра е што сакаш да учиш, но немој претходно да носиш вака 'тешки" судови,како некои од претходните.:smir: