86ти американски филмски награди (Оскари 2013)

Koj e вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    118

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
12 години роб беше ремек дело, сакав тој, гравити или далас да земат оскар. Метју заслужено, разруши. Кај анимираните кој сакал нека земе само не despicable me 2, леле која глупа креација беше тој филм. Сепак, задоволен од овие оскари. Чекам добар торент, па да седнам и јас да ги изгледам.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Овие Оскари 2014 најмногу ќе ги паметам по шоуто што го направи Елен - супер беше. Не знам дали беше пооткачена пица нарачката, или коментарот што го даде на почетокот дека ''Во салава има глумци, режисери и цели тимови кои работеле вкупно на околу 1.400 филмови, ама и заедно сите вкупно немаат ни 6 години факултет''. :pos::P


ПС - Frozen best animated movie + best song !! :vozbud:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Факт е дека многу од вас по завршувањето на Оскари најдоа одлична подлога да коментираат за Ди Каприо, демек греота он, ниту еден Оскар не доби...Нема потреба од правење на театар...Не му е него потребна златна статуетка за да се докаже кој е и каква актерска кариера има...Како актер е реализиран до максимум според мене, а и како изгледа и каква харизма има, подобро да не почнувам...Не знам ни зашто уопште се појавува на оваа манифестација, затоа што ова све повеќе личи дека тенденциозно е ова према него...Метју подобар актер од Ди Каприо...?! - Секако...! А Том Хенкс не е номиниран во ништо...Смешки живи!
И друго- некој сака да ме убеде дека една обична научна-фантастика во вселената, Gravity, требаше толку Оскари да добие...? Нема ни да трошам уопште зборови за филмов...
12 years a Slave, веднаш после The Wolf from Wall Street ми беше како фаворит, имав тука пишувано и според мене е стварно квалитетен филм и заслужи Оскар, да бидам објективна иако за другиов навивав( иако според мене требаше за најдобра споредна улога Мајкл Фасбендер да победи кога сме веќе тука)...
Фалеше и American Hustle да победи и Оскариве да станат еден голем циркус...
Филм на Скорсезе не зема Оскар, ама затоа зема една монотона драма за осамен пишувач на писма којшто е во виртуелна врска со својот оперативен систем...
Исто така очекував со сигурност дека некои актери кои иако не беа номинирани за ништо, дека сепак ќе дојдат и ќе присуствуваат како гости, бидејќи редовно го правеле тоа...
Модата на црвениот тепих не ми остави некој посебен впечаток, на женскиот дел посебно, со исклучок на Кејт Хадсон можеби и Шарлиз Терон...
 
Последно уредено:
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Метју отсекогаш бил талентиран само во фуш улоги.. конечно улога во која публиката се сожалува на ликот и одма оскар.. ди каприо никогаш не бил во таква улога освен можеби она на почетокот каде што глуми ретардиран ( во која и најверојатно беше најблиску до оскар )
и ал пачино единствениот оскар го доби за улога каде што глуми слеп воен ветеран
Се сложувам со тебе во целост, но публиката го сожалува ликот кој го толкува значи = job well done, right ?
И да беше преправен во црнец и да глумеше роб со онаков перформанс овие муабети како тоа академијата се "меки" на одредени теми воопшто не треба да фрлаат сенка за сработеното на Метју.

Се надевам дека се разбираме.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.259
.
Филм на Скорсезе не зема Оскар, ама затоа зема една монотона драма за осамен пишувач на писма којшто е во виртуелна врска со својот оперативен систем...
Блонди, има една важна поента што се обидувам да им ја објаснам на мои другари и луѓе со кои сум разговарал за филм, а тоа е она дека уметноста се гледа со душа, а не со очи. Се гледа подлабоко. Го опишуваш Her како "монотона драма за осамен пишувач на писма којшто е во виртуелна врска со својот оперативен систем". Значи го гледаш филмот површно како plot опис на имдб. Гладијатор можеби е "абе некој војсководец го предаваат па станува гладијатор, досадии живи". Или Пеколен портокал е "деца нешто се тепаат па овој пие млеко па после му го перат мозокот... глупости".
Овде (подолу го ставам видеото) Спајк Џоунз убаво и објаснува на презентеркава која што му го поставува истото прашање, значи му вели - направи филм за човек кој се вљубува во својот софтвер. И после Џоунз ја прашува дали таа воопшто го гледала филмот, затоа што него му е најважно што човек чувствува кога го гледа Her, и дека станува збор за чувства и љубов и ако тоа го прикажеш на фантастичен начин како во Her ја забораваш машината, туку ја гледаш поголемата слика, онаа која многу луѓе ја испуштаат, а тоа е - што ние чувствуваме, а не што гледаме. Луѓе можат да се поистоветат со многу работи. Ако Gravity е обична научна фантастика, а Her монотона драма... не знам што вам ви предизвикува експлозија во душата. (на крајов не ти се обраќам тебе лично, туку на повеќето критики кои ги изначитав во последно)

А еве го видеото, изгледајте го.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
затоа што него му е најважно што човек чувствува кога го гледа Her, и дека станува збор за чувства и љубов и ако тоа го прикажеш на фантастичен начин како во Her ја забораваш машината, туку ја гледаш поголемата слика, онаа која многу луѓе ја испуштаат, а тоа е - што ние чувствуваме, а не што гледаме.
Точно е све ова...Еве јас на пример би направила паралела со Lost in Translation, којшто за многумина е безвезен и монотон филм ама кај мене филмов освои многу многу поени, баш ради тоа - што сум осеќала дури сум го гледала и има многу други вакви примери, ама Her некако колку и да се обидував темелно да го гледам, не успеа да ми го задржи вниманието до крај...Можеби не е за фрлање ама да добие Оскар - дефинитивно не (според мене)...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Иначе морам да кажам дека годинава најфини ми беа Оскарите.
Толку некако имаше топлина, искрени насмевки, спонтаност.
Немаше толку многу извештаченост ко претходни години што имало...
Бред Пит кога ги делеше тањирчињта, играњето со Фарел и уште многу многу други моменти кои ми ги направија овие Оскари едни од најзабавните, најспонтаните и најтоплите Оскари откако јас гледам. :)
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Точно е све ова...Еве јас на пример би направила паралела со Lost in Translation, којшто за многумина е безвезен и монотон филм ама кај мене филмов освои многу многу поени, баш ради тоа - што сум осеќала дури сум го гледала и има многу други вакви примери, ама Her некако колку и да се обидував темелно да го гледам, не успеа да ми го задржи вниманието до крај...Можеби не е за фрлање ама да добие Оскар - дефинитивно не (според мене)...
Ако бараме такви филмови тогаш Небраска е ремек делото за оваа година. Сепак Далас Баерс Клаб беше далеку поквалитетен од повеќето филмови што беа во конкуренција. Приказната и глумата беше на ептен високо ниво.
Волкот искрено ме разочара, барем од уметнички аспект. Најверојатно си го зафркнав филмот со тоа што неколку дена пред да го гледам филмот гледав клипчиња од Џордан Белфорт па Ди Каприо делуваше како мало дете во споредба со него. Сепак Департед и Шатер Ијланд му се далеку подобри филмови од волкот.

п.с.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
да бе, ниеден оскар не зеде небраска..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom