86ти американски филмски награди (Оскари 2013)

Koj e вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    118

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Како што гледам според вашиве мислења, наградиве биле прилично предвидливи.

Еве доказ.

Лупита е во водство на повеќе места како што видов. Не е некоја голема разлика меѓу неа и Џенифер, како што е за споредна машка улога... Јас не би ставил пари. Ризик јак... :pos:

Инаку, според мене:
1. Најдобар филм - 12 years a slave, а ќе ми биде драго и за Dallas buyers club
2. Најдобра машка главна улога - Matthew McConaughey
3. Најдобра женска главна улога - Cate Blunchett
4. Најдобра машка споредна улога - Jerad Leto
5. Најдобра женска споредна улога - Lupita Nyong'o
6. Најдобар режисер - Alfonso Cuaron оти е сигурно, а би сакал Steve McQueen
7. Најдобро оригинално сценарио - Her
8. Најдобро адаптирано сценарио - 12 years a slave
[DOUBLEPOST=1393838425][/DOUBLEPOST]
:pos:

Не бе озбилно, пошто ако избира некој тип на "стручно жири", не знам зашто ви е интересно ова :D
Гласаат неколку илјади луѓе, меѓу нив има и стари и млади. Пример, еден од членовите кои гласале е дечково.

 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Баш ми е криво шо не зема Лео оскар. Никако да го наградат за трудот што го вложува. Жалче, сега кој знае колку плаче дома и му е криво. Може ке се откаже и од кариера.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.588
Поени од реакции
87.938
Аман бе, жал ми стана за Лео... сите го дупчат:place:

Сега за инат гласав за Волкот од Волково
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Колку и да ви е жал, многу би било глупо, имајќи конкуренти како МкКонахи, осакр да добие некоа лигушка улога во некое ѓубре како што е Волкот од Волстрит.
Изгледа американциве и не биле толку глуппи колу што ги мислиме :)
Инаку, освен за најдобра режија, поважниве награди долу-горе ги погодив. Гравити можда и малу го исфорсираа ама ок е, освен за режија другиве награди беа долу горе "споредни". Ми се направи мерак што 12 години робство имаше успех годинава. И криво ми е што "Капетан Филипс" не освои ништо(можда најдобра споредна улога), ама со конкуренти како овие годинава и навистина беше тешко да се очекува тоа.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Во свет каде што за луѓето е потешко да одглумиш расипан бизнисмен отколку човек болен до сида...
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Мислам дека треба веќе еднаш да се разбере дека Leo е почитуван како актер од поголемиот дел на филмоманите. Не е потценет актер, тоа што не добил оскар не значи ништо. Ian McKellen, Gary Oldman, Brad Pitt (oh wait, освои сабајле), Johnny Depp, Ed Norton, Kenneth Brannagh...the list goes on and on; се актери без оскар.
Зошто би го жалел, кога ја ужива сета слава, има неверојатна популарност. И огромен број на филмови зад него, а нема ни 40 години наполнето. Сигурен сум дека ќе добие некогаш, ако му е толку важна наградата.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Ќе зборувам напамет затоа што го немам гледано „ 12 Years“ но очигледно е дека е модерно успех да имаат филмови кои обработуваат црнци, ропство и граѓанската војна во САД.

Еве предлог, и ние треба да снимиме еден таков филм и зимаме Оскар за странски филм сигурно. Македонски емигрант се бори на страната на Унијата во граѓанската војна и ослобдува еден куп робови. Еден од нив ( еве нека го глуми Џејми Фокс) по 10 години со нашиов емигрант доаѓа во Македонија и се храбро се бори и загинува некаде во планините во Источна македонија.

Оскар загарантиран.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ќе зборувам напамет затоа што го немам гледано „ 12 Years“ но очигледно е дека е модерно успех да имаат филмови кои обработуваат црнци, ропство и граѓанската војна во САД.

Еве предлог, и ние треба да снимиме еден таков филм и зимаме Оскар за странски филм сигурно. Македонски емигрант се бори на страната на Унијата во граѓанската војна и ослобдува еден куп робови. Еден од нив ( еве нека го глуми Џејми Фокс) по 10 години со нашиов емигрант доаѓа во Македонија и се храбро се бори и загинува некаде во планините во Источна македонија.

Оскар загарантиран.
Знаеш дека идејава не ти е лоша? :)
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Имаше доста полемики околу заслуженоста на Frozen да добие оскар за најдобар анимиран филм во конкуренција со последниот филм на Мијазаки, The Wind Rises. Колку и да е добар тој филм, останува јасно дека Мијазаки и неговото Ghibli студио нема да видат нов оскар, Холивуд не му го заборава протестот во 2003 година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom