Факт е дека многу од вас по завршувањето на Оскари најдоа одлична подлога да коментираат за Ди Каприо, демек греота он, ниту еден Оскар не доби...Нема потреба од правење на театар...Не му е него потребна златна статуетка за да се докаже кој е и каква актерска кариера има...Како актер е реализиран до максимум според мене, а и како изгледа и каква харизма има, подобро да не почнувам...Не знам ни зашто уопште се појавува на оваа манифестација, затоа што ова све повеќе личи дека тенденциозно е ова према него...Метју подобар актер од Ди Каприо...?! - Секако...! А Том Хенкс не е номиниран во ништо...Смешки живи!
И друго- некој сака да ме убеде дека една обична научна-фантастика во вселената, Gravity, требаше толку Оскари да добие...? Нема ни да трошам уопште зборови за филмов...
12 years a Slave, веднаш после The Wolf from Wall Street ми беше како фаворит, имав тука пишувано и според мене е стварно квалитетен филм и заслужи Оскар, да бидам објективна иако за другиов навивав( иако според мене требаше за најдобра споредна улога Мајкл Фасбендер да победи кога сме веќе тука)...
Фалеше и American Hustle да победи и Оскариве да станат еден голем циркус...
Филм на Скорсезе не зема Оскар, ама затоа зема една монотона драма за осамен пишувач на писма којшто е во виртуелна врска со својот оперативен систем...
Исто така очекував со сигурност дека некои актери кои иако не беа номинирани за ништо, дека сепак ќе дојдат и ќе присуствуваат како гости, бидејќи редовно го правеле тоа...
Модата на црвениот тепих не ми остави некој посебен впечаток, на женскиот дел посебно, со исклучок на Кејт Хадсон можеби и Шарлиз Терон...