5X филмски предизвик v.2/2018

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Лелееее, џингл белс во 20 варијанти :)

Него овој Cheaters од каде да го слимнеме?
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Лелееее, џингл белс во 20 варијанти :)

Него овој Cheaters од каде да го слимнеме?
Леле најискрено да ти кажам, не знам. Не ги проверив филмовиве за торенти, комплетно изумив. Еве на @grande-juve му е исто на листа, тој ако најде нека ти прати, ако не ќе го сменам тој филм со некој друг. Италијанскиот ако го гледаш, за него ќе ти пратам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
ДЕКЕМВРИ #1 - Holiday Inn

Многу лош избор за почеток на предизвиков. Едвај го догледав. Човече, како прво - мјузикл во кој самите песни се лоши, не може да е добар. Тој делот со singing/dancing што сто пати го повторија ме заглупави. Второ - можеле барем еден поубав актер да стават. Значи не можам да сфатам како може во сите стари филмови млади и згодни девојки да се заљубуваат во нивните татковци и чичковци. Едноставно не можам, зашто педофилски ми е. Трето - Фред Астер втор пат го гледам на филм. Ми личи на гуштер. Четврто - Немаше многу Божиќ во филмов. Искрено, очекував многу повеќе. Во Serendipity, на пример, исто - една до две сцени се божиќни, ама тоа се клучните сцени, баш тие кои покажуваат дека чуда се случуваат за Божиќ и дека постои магија. Тоа ми е најбитно во божиќните филмови. А тука - сите сезони, сите американски празници за кои I don't give a damn, и чуда = 0. Едноставно, ова беше too much за мене, и ме направи да ја изгубам еуфоријата која ја имав. Huge dislike! 5/10 само.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Prince of the City

Цела недела го гледав филмов, како мини серија ми беше. Можев комотно да ги изглеам сите други од предизвикот за тоа време, ама му се заинаетив. Филмов, горе-доле шо знам... првата половина ми беше многу досадна, тие скарите, брат му(?), па прошетки некакви, пола од ликовите не ги знаев кои се, кој му е партнер, кој му е другар, кого го снима, кого не го снима, само тој со брковите адвокатот знаев кој е, многу ме потсеќаше на роботите од Legion :ROFLMAO:
Втората половина ми беше поинтересна, кога почнаа со судењата, па некако и ликовите се намалија и немаше многу глупи непотребни сцени, баш се имаше фокусирано на моментот како Чело се справува со совеста. Периодов глеам Блек Мирор и зашто таму скоро сите епизоди завршуваат over the top несреќно и негативно, бев сигурна дека и овде ќе го тужат Чело, ФАЛА БОГУ НЕ ГО НАПРАВИЈА ТОА, ФАЛА ФАКИНГ БОГУ!
Кога почнав да го глеам филмов мислев ептен полош ќе ми биде overall, ама сепак втората половина го извади колку толку.

So, 6/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
1. Bachelor mother (1939)

Почнав од овој, затоа што ми улета термин за гледање, а овој единствен беше симнат.

Единствено заедничко со Божиќ филмов има тоа што се случува после празникот. Повеќе има со нова година, иако и тоа е само временска рамка на настаните, не е мотив. Инаку е романтична комедија и тоа добра. Една млада девојка по игра на случајот станува старател на едно бебе и оттука почнуваат сите перипетии. Малку наивна приказна, но сосема во духот на филмовите од тој период. Нема негативни ликови и баш си е филмот за подобрување на расположението. Џинџер Рогерс прекрасна.
„I don’t care who the father is. I’m the grandfather“ :pos:
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Дечки, со оглед на тоа што не можевме да најдеме никаков торент за The Cheaters, по сплет на околности тој филм ќе биде заменет со адаптација на A Christmas Carol :ROFLMAO:

Изволте Scrooge, не знам по другиве ама на рутракер го има со оригинално аудио и енг суб.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Дечки, со оглед на тоа што не можевме да најдеме никаков торент за The Cheaters, по сплет на околности тој филм ќе биде заменет со адаптација на A Christmas Carol :ROFLMAO:

Изволте Scrooge, не знам по другиве ама на рутракер го има со оригинално аудио и енг суб.
Јееееее, Carol!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
ДЕКЕМВРИ #2 - A Christmas Tale

Едно дисфункционално семејство со многу тајни од минатото и многу закопани секири, се собираат повторно заедно, за Божиќ. Причина - мајката добива леукемија, па веројатно мислат дека тоа би била последен Божиќ заедно. Има вакви филмови многу, сите одлично го прикажуваат божиќниот дух . Но овде тоа не е случај. Напротив, ова наместо во cheering Christmas movie, се претвора во депримирачка драма без никаква разрешница и без трошка божиќна магија. Да го гледав во било кое време од годината и да не се викаше така како што се вика, веројатно ќе добиеше оценка-две повеќе, зашто тука скоро се си беше на место: глума, режија, дијалози... Но во ова време од годината овој филм не ми требаше. Божиќ е за убави чувства, а овој не ми донесе ниедно. Затоа би се радувал повеќе кога наместо него би имале рандом Халмарк филм. Затоа, само 6/10 од мене. Ама и ветување. Ќе го репризирам некогаш. Во август.[DOUBLEPOST=1544192359][/DOUBLEPOST]ДЕКЕМВРИ #3 - White Christmas

Најдобар до сега во предизвиков. Иако и тука многу малку Christmas имаше, сепак, некако истиот имаше поголема улога во дејството отколку да биде искористен само како scenery. Песните и музиката не беа толку досадни како во Holiday Inn, ликовите беа подопадливи, некако се си беше на место, убаво скоцкано. Пак ми се врати хајпот по Божиќ. Thank you @Corvus . 7/10 . Продолжуваме понатаму.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
2. White Christmas (1954)

Многу години како не сум гледал филм со Дени Кеј. Првокласен пејач и забавувач. Порано на МТВ редовно даваа филмови со него, гарантирани беа добра забава и хумор. Исто и со Џери Луис, кога сме веќе на таа тема.
Така да и овој филм е во тој дух, да не речам од истиот калап: мјузикл со танцувачки точки, пропратен со хумор и романса, направен за добро расположение. Едноставна приказна, речиси да нема заплет, нема негативци, нема злоба. Актуелен за периодот во кој е снимен. Не дека нема подобри филмови за празнично расположение, ама може и на овој да му се даде шанса.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
White Christmas

Многу убаво филмче, го препорачувам за празнициве. Многу беа симпатични сите ликови, исто така и сетингот, сакам јас таква планинска идила со оганче and what not. Ептен комфорно и романтично делува, па така и се осеќав додека го гледав филмот. Немаше многу држ не дај, заплетот почнува многу брзо, а исто така и предвидливоста на филмот. Мене таа предвидливост во ромкоми не ми смета, не го гледам плотот многу, дури и подобро се осеќам кога знам на што сум и можам да се препуштам само на вајбот на филмот, особено за филгуд филмови овој рецепт е совршен. Паровите ми беа многу симпатични, дијаметрално спротивни а подеднакво лајкабл и едниот и другиот, ама сепак фаворит ми беше оној на Дени Кеј можеби затоашто немаше ептен драми и те сакам - не те сакам моменти. Пресвртот ми беше малку исфорсиран, иссилен, со расипан телефон делот. Малку шпанска серија ми беше тоа. Еднава слушнала па не дослушнала, па и кажува на другава, па таа нешто погрешно разбрала и се се направи каша-попара, ама океј. Музиката и танцувањето беа супер, ептен уживав додека ги гледав, особено Вера Елен со минијатурната половина, тенките ноџиња и прекрасните фустани. Стварно многу убаво беше облечена, рај за очи беше да се гледа. Хуморот беше на ниво, не премногу исфорсиран, природен, симпатичен, класичен хумор за тој период.
Се на се, ептен симпатичен филм и совршен за овој период од годината, особено крајот што ептен ме наежи и ме направи да се осеќам таква цела warm and fuzzy.

7/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
3. Scrooge (1970)

Ова е најдобрата екранизација на божиќната приказна на Дикенс што сум ја гледал. Најдобра затоа што (сега Злате ќе се накостреши) оваа ми е и прва гледана:)
Ни тргна периодов со мјузикли, па така и ова беше музичка верзија на приказната. Убава божиќна атмосфера, супер насликани ликови. Фини одличен во улогата на скржавецот. Дури и ефектите одлични со оглед на годината на реализација на филмот. Музичките точки одлични, многу масовни сцени. Се на се, позитивен впечаток.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.166
Поени од реакции
8.800
ДЕКЕМВРИ #1 - Holiday Inn

Многу лош избор за почеток на предизвиков. Едвај го догледав. Човече, како прво - мјузикл во кој самите песни се лоши, не може да е добар. Тој делот со singing/dancing што сто пати го повторија ме заглупави. Второ - можеле барем еден поубав актер да стават. Значи не можам да сфатам како може во сите стари филмови млади и згодни девојки да се заљубуваат во нивните татковци и чичковци. Едноставно не можам, зашто педофилски ми е. Трето - Фред Астер втор пат го гледам на филм. Ми личи на гуштер. Четврто - Немаше многу Божиќ во филмов. Искрено, очекував многу повеќе. Во Serendipity, на пример, исто - една до две сцени се божиќни, ама тоа се клучните сцени, баш тие кои покажуваат дека чуда се случуваат за Божиќ и дека постои магија. Тоа ми е најбитно во божиќните филмови. А тука - сите сезони, сите американски празници за кои I don't give a damn, и чуда = 0. Едноставно, ова беше too much за мене, и ме направи да ја изгубам еуфоријата која ја имав. Huge dislike! 5/10 само.
Јас сосема случајно без да знам дека го има во темава го гледав филмов пред некој ден и тие музиките ги вртев напред и без нив си е ок филм со посебни потреби, знаеш дека е никаков и не го бива ама си го сакаш. Озбилно беше глупост, пред очи му ја зеде жената, после другата пак, никаква почит како спрема пријател, како ѓубренце го третираше, а тој толерантен, добар, љубезен нема шанса... Слатки беа девојките и имаше нешто да се осеќаш убаво. Не празнично јас појма немав и дека има врска нешто со тоа освен календарот кога го вртеа... Не ми беше тоооолку лош ама озбилно смотано филмче е...
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
The Friends of Eddie Coyle

Филмов го гледав пред една недела, ама не знаев што да пишам за него, а сега знам уште помалку зашто и го подзабораив. Памтам дека не ми беше лош филмот пер се, и беше гледлив, ама не беше којзнае што. Од овој предизвик ми затераа филмови со мафијашки банди и бркотници, а тоа се филмови што мене и не ми лежат многу, претежно се снимани за машка публика, а јас не сум машка публика и тие прикаски за мафијаши, алфа мажјаци, и целата таа култура не ме пали многу. Многу ги мешав тие со локнестите коси двајцата, едниот беше дилер на машинганс а другиот беше џандар што како требаше да му помогне на Еди. Еди и не беше толку многу лајкабл лик, не навивав за него, не навивав за дилерите, не навивав за лоповите, не навивав за никој у филмов, јас да се прашувам на сред филм да паднеше нуклерка во Чикаго немаше да ми биде ептен многу гајле за никој. Ми се свиѓаше пресвртот на крај коа испадна дека овој што го уби Еди испадна дека ги искодошил Скалис и другарите, мастерклас криминалец е тоа. Добро тоа е ваљда, мислев дека ќе се спаси Еди на крај, ама ништо јебига, кој како си ја наредил.

6/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom