Una Famiglia Perfetta
Филмов тхо
Дечки, не знам кој планира да го гледа филмов, ама да ве предупредам после овој пасус, ако планирате да го гледате да не читате зашто ќе пишувам спојлери. Филмов е лудница, типичен, најтипичен over the top Џеновезе филм, апсолутно го препорачувам иако е од оние so bad it's actually good филмови, јас додека го глеав сто пати сменив мислење, абе ова е глупо, ааа не ова е генијално, не чекај, пак е глупо, ама ова е добро. Знам дека ако го гледате ќе ме хејтате ама ми е гајле, јас супер си поминав со филмов. Сакав да ви напишам тука краток синопсис, ама сепак се предомислив и ќе го направам тоа во делот со спојлери зашто искрено, повеќе од она што го пишува на имдб е спојлер. Ајде тука ќе се поздравиме со тие што сакаат да го гледаат, па ќе си направиме муабет кога ќе го изгледаат, ако на некој не му е на листа, може да му даде шанса и надвор од предизвиков или ако не е сигурен дали сака да го гледа, може да го читне поопширно синопсисот што ќе го напишам подолу.
Многу ретко раскажувам јас плот на филмови во рецензија, така ме научија во средно и се држам уште до тие правила ама сега ќе направам исклучок зашто филмот е лудница (и овие биографски глупости ги пишувам исклучиво да им дадам шанса на бунтовниците што уште читаат да скролнат.) Океј, филмов се врти околу еден осамен маж кој најмува family for hire за божиќ за да не се осеќа сам. Филмов многу потсеќа на еден американски филм со Бен Афлек што се вика Surviving Christmas, меѓутоа со далеку повеќе слоеви од тој. За тие што не го следат многу Џеновезе, тој е познат по тоа „крадење“ на идеи, единствената причина што му го простувам тоа е начинот на којшто тој европеизира холивудски шунд и им дава многу попријатен, погледлв вајб, приказните му се клише, меѓутоа со далеку повеќе душа од американското клише. Истиот случај е и со неговите филмови Immaturi кои се копија на американските Grown Ups. Во ред. Имаме фамилија for hire претставена со сите генерации: деца, тинејџери, возрасни, и повозрасни.Филмот ИЗОБИЛУВА со твистови, твист афтер твист афтер твист, скоро сите ужасни, ама забавни. Јас се смеев и си викав колку е ова глупо, истовремено. Не знае овој човек да заврши филм јас ви кажувам, твистови има до end credits, at some point човек ќе се умори од пишување толку пресврти, и тоа апсолутно непотребни втф! Дури и оној податок дека се фамилија на наем, е твист во филмов, who does that, главниот плот да го претставиш во твист, алал да му е на тој што го пишувал синопсисот на имдб. И бај д веј, многу лошо се осеќав кога ја гледав воведната сцена, ко.. го пуштам филмов и типов го руга детево втфффф си викам се надевам нема да е некој филбед филм ова, што се дешава, детево почнува да плаче аман, многу непријатно ми беше, ама добро после испадна дека се фејк фамилија и пресмешно ми беше, и испадна да си е филгуд комедија филм. Во секој случај, покрај твистови има премногу ситком и шпанска серија моменти, паралелно. Се разбира дека во овој филм, „братот и сестрата“ ќе се заљубат, и се разбира дека ќе имаат секс, и се разбира дека некој што не е упатен во целава работа ќе им улета на сред однос и ќе мисли дека се во инцест, come on, сме го виделе милион пати во филмови, и ќе го видиме уште толку, it's too good да не се експлоатира. Љубовни тријаголници, четириаголници, многуаголници за извоз - италијанска работа. Многу слично како во Совршените Странци, она што кажав овр д топ, и таму беше и овде е. Наједноставниот начин да се објаснат аферите во филмов: Деверот на жената на главниот лик, и е всушност сопруг којшто имал афера со колешка која му глуми сопруга, додека неговата жена глуми сопруга на нејзиниот бивш дечко што ја оставил, којшто во меѓувреме се заљубува во автостоперка на улица која се гледа со женет човек. Ок? Одиме даље, филмов е стварно многу забавен, од љубов го хејтам, ептен ми беше забавно да го глеам, гранде изглеа го хејта тхо, ама нема врска. Без разлика што е забавен, многу е дооооолг, и тоа пак се должи на тоа што режисеров не знае да заврши филм, ептен го гњави крајот, можеше комотно филмов пола саат порано да заврши, таму кај црквата пример, тоа ќе беше добар крај на филмот, АМА НЕ! после таа сцена уште неколку заплети и твистови имаше, зошто?? Никому не му е гајле за се што се случи после црквата, па и нови ликови донесоа после тоа лол. Хонорари меншн мора да и се даде на женскава што никако не можеше да избега од фамилијава и кај и да тргнеше пак кај нив завршуваше, сочуство за неа, таква среќа и се погоди со лудаци да го помине божиќ. Ама нели, it's all well that ends well.
7/10