White Christmas
Многу убаво филмче, го препорачувам за празнициве. Многу беа симпатични сите ликови, исто така и сетингот, сакам јас таква планинска идила со оганче and what not. Ептен комфорно и романтично делува, па така и се осеќав додека го гледав филмот. Немаше многу држ не дај, заплетот почнува многу брзо, а исто така и предвидливоста на филмот. Мене таа предвидливост во ромкоми не ми смета, не го гледам плотот многу, дури и подобро се осеќам кога знам на што сум и можам да се препуштам само на вајбот на филмот, особено за филгуд филмови овој рецепт е совршен. Паровите ми беа многу симпатични, дијаметрално спротивни а подеднакво лајкабл и едниот и другиот, ама сепак фаворит ми беше оној на Дени Кеј можеби затоашто немаше ептен драми и те сакам - не те сакам моменти. Пресвртот ми беше малку исфорсиран, иссилен, со расипан телефон делот. Малку шпанска серија ми беше тоа. Еднава слушнала па не дослушнала, па и кажува на другава, па таа нешто погрешно разбрала и се се направи каша-попара, ама океј. Музиката и танцувањето беа супер, ептен уживав додека ги гледав, особено Вера Елен со минијатурната половина, тенките ноџиња и прекрасните фустани. Стварно многу убаво беше облечена, рај за очи беше да се гледа. Хуморот беше на ниво, не премногу исфорсиран, природен, симпатичен, класичен хумор за тој период.
Се на се, ептен симпатичен филм и совршен за овој период од годината, особено крајот што ептен ме наежи и ме направи да се осеќам таква цела warm and fuzzy.
7/10