Легендата за број 17
Интересен, гледлив, класична спортска биографија, нема нешто невидено. Главниов лик ми беше харизматичен и те тераше да навиваш за него, исто и тренерот ми беше јак лик.
Значи се си беше солидно се до историскиот меч со Канаѓаните каде што ги преставија ко некои злосторници, посебно со двајцана хокеари кои се трудеа максимално да праат фаци за да испаднат што поголеми никаквеци. И тренеров исто кога искочи па нешто се движеше со стапот ми беше глуп.. значи крајот ми беше баш ко утната шанса после добра акција.. севкупно гледливо ок филмче, 6,5/10
How i ended this summer
Супер предлог за тие што бараат филмови со мал број на глумци.
Тука се двајца и добро функционираа меѓу себе.
Спор филм, полека си врви, ама успева да создаде психолошка тензија и напнатост. Плус убаво си ги користи кадрите од Артикот.. 7,5/10
Lust, Caution
Овој прилично ме бендиса. Шпионски трилер драма романса, со јака хемија и искри меѓу главниов пар. И овој е споричок али внесува и напнат е.. и морам да престанам да бидам мрза и да пишуем одма после глеање на филмот а не после 3 недели.. 8/10
Овој месец 5 изглеани