5X филмски предизвик v.2/2018

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Чим мој се борел за петто место, нема љутиш.
Мојот е втор, ама исто ко да е прв, пошто неговиот си го ставил на прво место :)
The Woman Who Left (2016)
Со лесно.
Таман после генијалната тема на Гранде ќе напраиш ново да споредиме
Пак ќе биде прв, мене уште сега ми скинал два филма.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Пак ќе биде прв, мене уште сега ми скинал два филма.
Тие два се внесени.
Филмовите што јас ги одбрав за месецов се надвор од предизвиците. На пример - вие ќе гледате тоа што имате пропуштено, јас ќе гледам екстра, пошто речиси ништо немам пропуштено, а тоа малку што го имам, секако ќе го надоместам. ;)
Значи, јас завршив со твојот предизвик 5/5, но уште не сум почнал со новиот, на гранде.[DOUBLEPOST=1541445521][/DOUBLEPOST]НОЕМВРИ #1 - Village of the Damned

Овој јас прв пат го гледам, значи не е од моето детство. И гледам, @Anon му лупнал 8, @wot па 9... Се соневам дека сме гледале ист филм. Или, можеби вашите оценки се базирани врз она што го помните од кога сте биле деца, доколку ви е тогаш гледан. Мене ми беше ужасен. Прво - глумата, очајна, од сите, до еден. Ете може таа плавата да беше по-ОК. Другите, катастрофа. Суперменот стар, Бог да му душа прости, ама појма нема од глумење. Значи една иста фаца, цело време, никакви експресии, репликите ко да ги чита... Шварценегер е глумчиште во споредба со овој. Единствени две нешта за кои пружам рака тука се: 1. приказната - инересно звучи, ама реализацијата потфрлила на сите нивоа (иако, еве сега гледам дека римејк бил на истоимен филм од 1960), и 2. визуелните ефекти, кои веројатно биле big deal за своето време, а и денес изгледаа солидно. Исто, сега забележав дека зел Златна малина за најлош римејк или sequel. И позаслужено веројатно не можело да биде. Многу лош филм. Едвај некако 5/10, едвај!

НОЕМВРИ #2 - Shadowlands

Е ова е мало ремек дело! Кај ми биле очите кога ги бирав филмовите за овој предизвик? Требало Shadowlands да биде задолжителен. Не е класичен writer biopic, зашто обично во таквите филмови прикажано е она што ги инспирирало авторите да напишат одредено дело, или што се случило во времето кога го напишале. Овде дејството се случува многу години откако Клајв Стејплс Луис ги напишал седумте Хроники за Нарнија. Филмот е класична романса и преубав приказ на вистинската љубов, на загубата на љубената и на болката која следи. Прекрасна глума, прекрасни кадри, прекрасна врска меѓу ликовите, убава приказна, убава режија, но она што најмногу ме импресионираше тука е сценариото. Значи буквално секоја реплика, секоја реченица можеш да ја издвоиш како цитат и да доловиш милион убави поенти. Ентони Хопкинс е цар! Филмов - вистинско уживање. Го препорачувам на сите, и надвор од било какви предизвици. 9/10
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
The Servant

Мене не ми се допадна филмов ептен. Траеше скоро 2 саати, а ништо особено не се случи за тие два саати. Да се добереле Американците до сценариово сигурно ептен Хичкокиан филм ќе излегол, ама вака само со неискористен потенцијал остана. Пред се, воопшто не осетив некаков суспенс додека го гледав, а можеше да има. Зошто му беше дадено до знаење на гледачот дека Вера му е девојка на Берет? Тоа можеше многу лесно да се искористи како некаков плот твист при крајот на филмот. Исто така, зошто знаев дека Берет е заебан лик што сака да го заебе Тони? Апсолутно не смеев да го знам тоа и требаше да ме држи филмот до крај да се мислам дали женска му на Тони е параноична без причина или стварно Берет е негативец. Претпоставувам само со овие два елементи филмов би бил on a whole new level и далеку повеќе би држел и внимание и неизвесност. И што беше со паралелните муабети во ресторанот што ни беа покажани на почетокот, а никако не придонесоа за развојот на плотот подоцна во филмот и воопшто, меѓутоа без разлика на ова, очекував од филмов да има некаков било каков суспенс. Вака само го гледав Берет како прави мајмун од Тони од почетокот до крајот на филмот без некои особени успони и падови во дејството.

Можело и подобро, 6/10
 
Последно уредено:

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.271
The Return

Спора драма, споро движење на камера, спор развој на настаните, а можев да го гледам филмов уше едно 4-5 саата.
Друга работа што прилично ретко се случува, посебно во драми е уште во првите неколку минути и со почетната сцена да успее да ме внесе филмот.
Кинематографијата преубава. Максимално користење на руската природа.. одмор за очите. Затоа и за драми не треба да се штедат гигабајти кој има можност. Овој го најдов од 20гига и вредеше.
Ликовите направени многу реално, затоа и лесно беше да се поврзеш со нив, а се подразбира дека помогна и маестралната глума на сите, али посебно на децата и посебно на најмалиот.. не ни делуваше дека глуми. Браво.
И овој си спаѓа во омилениот жанр на корвус камиг оф ејџ, две деца првпат во животот го гледаат татко им и одат на "екскурзија" со него, едниот го идолизира другиот не го прифаќа, а во меѓувреме со секој ден "растат". А многу интригантен ми беше таткото и коа ќе размислам и боље беше шо така магловиото беше преставен. Најмногу ме интересираше зошто морал да замине. Вака делуваше ко строг бесчувствителен човек ама мислам дека внатре не беше таков што се покажа и со сликата од фамилијата која децава ја најдоа на крај.

Како и да е супер драма, се мислев доста дали 4 или 4ипол ѕвезди али нека биде за сеа првото зашо иако држеше јако цело време не ме потресе до крај.. 8/10


Хипстери

Руски мјузикл кој си имаше и пикови и падови.
Како шо у гратчето у Футлус беше забранет рокенролот, овде во Русија е забранет џезот. А кога е џез во прашање автоматски саундтракот е добар, мада имаше и по некоја песна од други жанрови.
Филмов генерално ми се свиѓаше до последната третина кај што ни опадна малку. Исто ми беше на моменти ко шо викаат на англиски, неизрамнет, со начинот на кои беа прикажани на пример сцените со војна, секс.. ко да ми искачаа од тонот на филмот. И едно пола саат мислам дека има вишок.

Инаку главнава глумица :love:.. убавица. А и таа строгата коа се дотера достигна високо ниво на слаткост.

Како и да е забавен беше, гледлив и нешто неочекувано коа станува збор за руски филмови.. 6,5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
НОЕМВРИ #3 - Transfer

Не сум пишал ништо тука, а го гледав уште пред 3-4 дена. ОК филмче, одлична идеја. Реализацијата малку пати од буџетот, но нели таква ни беше темата. Глумата просечна, ноимаше хемија меѓу ликовите, и старците, и црнците, што ми се допадна. Се на се, пролазна 6/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
НОЕМВРИ #4 - The Last Station

Конечно успеав да го гледам филмов. Во watchlist ми беше уште од кога се појави, а и симнат на хард диск веќе со години. Станува збор за германски филм на англиски јазик, екранизација на роман инспириран од мемоарите на Валентин Булгаков, последниот мемоарист на Лав Николаевич Толстој, за последните години од неговиот живот, и неговата смрт. Булгаков доаѓа во Јаснаја Полјана, домот на најголемиот писател на сите времиња, како што го нарекуваат. Во последните години од неговиот живот се случува драма помеѓу него и неговите најблиски, поточно сопругата и негова муза, грофицата Софија Андреевна, која со сите сили се обидува да го одврати од намерата целиот приход и правата од продажбата на неговите книги по неговата смрт да му припадне на народот, бидејќи тој за народот пишувал. Оваа тема, по малку пре-репетитивно се повторува од почеток до крај во филмот, што ми беше можеби една од најголемите замерки. Но јасно ми е дека е така направено затоа што иреално така се случило. За да не биде досадно, како backstory авторот ја вметнал приказната на Валентин Булгаков и неговата љубов со Марија на толстојевиот имот во Јаснаја Полјана. Генерално - ми се допадна. Одлично режиран, одлично напишан, одлично одглумен од феноменалните Кристофер Пламер (Толстој), Хелен Мирен (Софија) и Џејмс Мекавој (Валентин)... Прекрасни пејсажи од руската природа. Се на се, навистина убаво филмче. Реков, единствена замерка имав во репетитивноста на приказната. 7/10 од мене.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
1. Летот на навигаторот (1986) (3.1 - трет круг, прв изгледан филм)

Филмов прв пат го гледав во кино. Сцената со скалите што лебдеа беше фасцинантна. Исто како и идејата дека едно дете ќе биде во посед на вселенски брод и ќе ги надмудрува возрасните. Од тогаш на ТВ го даваа повеќепати и сега после повеќе години конечно повторно го гледав. Можам да кажам дека уште ја има таа свежина и дека поминува кај децата за кои и е наменет.

2. Празник во Рим (1953) (6.4)

Овој го симнав ама не стигнав да го изгледам, па така добро си дојде за овој месец. Сите девојчиња сонуваат да станат принцези кога ќе пораснат, но вистинските принцези сакаат да бидат како обичните девојки. Фино спакувано, сè уште гледлив, иако се сеќавав на приказната. Одмерена доза на хумор, малку наивни ситуации, но тоа е карактеристично за жанрот од тоа време.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
НОЕМВРИ #5 - Heat

Конечно бидна и ова. Филмов ми беше дел од првиот мој предизвик воопшто на форумов, пред да ја отвориме темава со предизвиците - да ги изгледам сите филмови од Кајгана филмскиот каталог за тапчовци. Стоеше симнат повеќе од 5 години. Ама 3 саати, човече! По секое пуштање, го гасев. Ама денес стегнав заби некако. Вака сега. Филмот е супер. Визуелно - мало совршенство! Прекрасни кадри, прекрасна камера, преубави сенки, баш по теркот на оригиналните ноари. Тука ми се допадна и вклученоста на жените, некако многу повеќе ја имаа улогата на femme fatale по дефиницијата од ноарите, отколку во било кој друг филм од предизвикот на @moongoses - Нео ноари. За глумата што да расправам, човече, кастингот не можел да биде посовршен. Битката Пачино - Де Ниро ја ставам одма на листата најепски битки на филм, ever. Плус фактот дека личеа, не само по приказните, одлуките, посветеноста, туку и физички, буквално ме запрепасти. Тенка е линијата помеѓу патот кој го избрал едниот, и патот кој го избрал другиот. Режијата е предобра, исто. Ма се!

Но! Морам „но“ на крај, sorry. Приказната, колку и да е добра за било кого, едноставно не е приказна која јас би ја гледал доколку не ме натера некој, како сега. Едноставно не ме влечат вакви филмови, и жанрот дефинитивно не е my cup of tea, па затоа со жалење морам да кажам дека ми беа досадни трите саати. Затоа и не можам да го оценам повисоко од 7/10, иако според се заслужува многу повеќе.

Ноемврискиот предизвик за мене - смачкан. Ќе пробам да ги изгледам и шесте испуштени филма од август и септември до крајот на месецов, за 100% учинок во 2018.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
3. Old yeller (1957) (3.2)

Прекрасна драма за старото куче жолтко и децата коишто го најдоа и го чуваа. Стивенсон е махер баш за вакви детски филмови. Затоа неговите дела и денеска сè уште актуелни. Одлична глума на децата, особено помалиот и секако на кучето. Какви сцени со кучето, особено во конфликт со другите животни, сето тоа во време кога немало ни визуелни ефекти ни аниматроници, ништо. Се реално. Секоја чест.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
4. Оскар (1991) (3.3)

Прв пат го гледав во кино Вардар. Вкупно тројца гледачи бевме во салата. Така сум се смеел да паѓав од столче. После тоа го утепаа од вртење по локалниве телевизии, ама освен по сцена-две како ќе го начекам, никогаш не сум го изгледал цел. Така да ова беше второ гледање. И беше скоро исто како првото. Сталоне во сосема нетипична улога за него. Фантастични карактеризации, дијалог и хумор типичен за скрубол комедиите. Надополнето со добра музика и убава фотографија. Одличен продукт.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Ноември до сега:

@Zlatikevichius - 5/5
@moongoses - 4/5
@grande-juve - 2/5
@Corvus - 1/5
@wot - 0/5
@Anon - 0/5
@Хоуп - 0/5

Уште два и пол дена имате од темата за надоместување на пропуштеното.

Во декември ја имаме повторно @Corvus , таа ја започна, таа ќе ја затвори годинава. И воедно, би сакал да ве прашам сите, дали сметате дека сепак тоа треба да ни биде последен предизвик и да ја затвориме темава? Зашто и покрај почетниот ентузијазам, се гледа дека речиси никој не ги завршува предизвиците.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.271
Ја сум 4/5 али за 2 уште нема пишано тука..

А за иднината на 5х, можам лично за мене да кажам дека иако ми се гледаат стварно општо немам толку време за филмови и после овие од 5х делуваат ко обврска. А од друга страна изглеав супер филмови кои не ми ни биле у радарот.. Така да не знам како ќе ви се чини али мислам дека може да се одржи во живот предизвиков ако смениме формат во 3х наместо 5х. Вака малку делуваат али барем да има продуктивност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom