5X филмски предизвик v.2/2018

Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.572
Поени од реакции
16.198
Се сеќавате на ОВА? Не верувам дека многумина ќе одговорат афирмативно, зашто по само една шестина од предизвикот во 2016, ме оставивте потполно сам, па си водев монолози во темата до крајот на годината.

Но, јас си продолжив со мојот предизвик и во 2017, и изгледав дури 75% од сите филмови кои сум ги одбрал за секоја од темите. Еве линк да видите што сѐ сум гледал: КЛИК ТУКА.

Е сега, добив ветување дека ако го рестартирам предизвикот и за вас, на форумов, ќе ме дружите до крајот на годината и нема да се чувствувам осамен. Па ајде, ќе ве држам за збор.

Значи, правилата остануваат горе-долу, исти, со некои мали измени:

-некој член предложува тема, и 5 филма според темата;
-сите останати кои сакаат да учествуваат, ги гледаат тие 5 филма, или;
-доколку некој има изгледано некој од тие 5 филма, и не сака да го репризира, или пак доколку има некој филм на кој би му дал приоритет, пред тие 5 (секако, да одговара на зададената тема), може да си го смени филмот или филмовите во неговиот филмски предизвик, но ете, да не бидеме толку себични, нека остане како правило ова:
-минимум 2 филма од предложените од страна на предложувачот мора да ги гледаат сите кои сакаат да учествуваат. Секако, изборот е ваш.
-да не се повторуваме, изберете некоја тема која нема поминато, или ако веќе има поминато, нека биде тоа некоја за која има голем избор на филмови.
-исто - филм кој веќе поминал во една тема, не може да биде предложен во друга.

Значи, многу едноставно: ЕДЕН предложува тема и 5 филма според неа. ДРУГ, мора да одбере 5 филма кои ќе ги гледа според зададената тема, од кои 2 мора да бидат од петте кои ЕДЕН ги предложил. Имате рок до крај на месецот за да ги изгледате и коментирате тие 5 филма. Следниот месец, нова тема и нови 5 филма. До крај на годината - 60 филма изгледани!

Почнуваме од 01.01.2018. @Corvus ќе биде првиот предложувач, со оглед на тоа што таа е највиновна за рестартирањето на темава. Додека ја чекаме да презентира што одбрала, слободно можете да давате предлози на која тема да гледаме филмови, и кои филмови да ги гледаме, дури и ако не сакате да учествувате.

Да ја направиме забавна филмската 2018!

NOTE: ОВАА ЛИСТА e официјалната листа со филмовите кои предложувачите на темите ги предложиле, т.е. препораките кои сите треба да ги изгледаат
А ОВАА ЛИСТА е листата на филмови кои јас сум ги одбрал да ги гледам во мојот личен предизвик (значи мин. 2 од предложените, и максимум 3 мои). Препорачувам секој учесник да си направи своја ваква листа и да ја сподели со нас тука.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.572
Поени од реакции
16.198
Eве што сѐ има поминато од теми до сега:

ЈАНУАРИ 2016 - Sundance
ФЕВРУАРИ 2016 - Explicit/Unsimulated Sex
МАРТ 2016 - Intellectual Spy/Espionage Drama
АПРИЛ 2016 - Film Noir
МАЈ 2016 - Akira Kurosawa
ЈУНИ 2016 - Summer
ЈУЛИ 2016 - South America
АВГУСТ 2016 - Tribute Month
СЕПТЕМВРИ 2016 - School/Teachers/Coming of Age Drama
ОКТОМВРИ 2016 - Space Travel
НОЕМВРИ 2016 - Pedro Almodóvar
ДЕКЕМВРИ 2016 - Christmas
ЈАНУАРИ 2017 - Italy
ФЕВРУАРИ 2017 - Oscar 2016
МАРТ 2017 - '90s
АПРИЛ 2017 - 2016 Animation
MAJ 2017 - Romcom
ЈУНИ 2017 - Macedonia
ЈУЛИ 2017 - Martin Scorsese
АВГУСТ 2017 - '30s
СЕПТЕМВРИ 2017 - Storms
ОКТОМВРИ 2017 - Star Wars
НОЕМВРИ 2017 - Cinedays 2017
ДЕКЕМВРИ 2017 - Christmas (part 2, a new Millennium)
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
17.457
Поени од реакции
27.234
Probav jas lani predizvikot.
Mene mi se mnogu filmovi ova. Ko da mi go diktira cel raspored na gledanje i stanuva obvrska nekako, ko da neam sloboda da gledam toa sto sakam se osekam.
Kje probam i ovojpat megutoa najverojatno so 2 od tema ili 3 najmnogu. Poso ionaka ke izberam 100 kako challenge i za slednata godina.
Videќemo.
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
456
Поени од реакции
1.460
-доколку некој има изгледано некој од тие 5 филма, и не сака да го репризира, или пак доколку има некој филм на кој би му дал приоритет, пред тие 5 (секако, да одговара на зададената тема), може да си го смени филмот или филмовите во неговиот филмски предизвик, но ете, да не бидеме толку себични, нека остане како правило ова:
-минимум 2 филма од предложените од страна на предложувачот мора да ги гледаат сите кои сакаат да учествуваат. Секако, изборот е ваш.
Злате, ја овој дел би го остаил ко шо беше, 5 приоритетни, и 10 плус филма, али сите предложени од тој што предложува, па од таму да праиме комбинации.. 2 да треба да се изгледаат минимум од тие 5 приоритетни, а другите да ги мењаш со некој од тие 10.. али клучно по мене е да бидат сите од предлагачот, да не настане каша попара :D тоа е мојот предлог амандман.

и кај треба да зиаме бројчиња и да се пријавуваме за да станеме предложувач во 5X филмски предизвик v.2/2018?
 
Амандманот се прифаќа, нормално! :D

Не, искрено, правилото кое го воведов, за минимум 2 филма од предложувачот, беше баш заради тебе. Се сеќаваш на февруари лани? Тема: Unsimulated Sex. Едвај одбрав 5 филма кои ги немаш гледано, зашто тоа е речиси mission impossible, и не ти се допадна изборот (Anatomy of Hell имаше многу слаба оценка на IMDB, мислам), па одлучивме нели секој да си направи измени во листата од предложувачот. Јас навистина би сакал оваа 2018 да ја почнеме и завршиме заедно во темава, а ако постојано ти наметнуваме филмови кои си ги гледал, ми е страв да не не оставиш пак сами. :love:

Значи, ако се согласува @Corvus и другите кои сакаат да учествуваат, ги менуваме правилата во:

-некој член предложува тема, и 10 филма според темата од кои 5 назначени како приоритетни;
-сите останати кои сакаат да учествуваат, ги гледаат тие 5 филма, по избор, од кои минимум 2 се од петте приоритетни;
-доколку некој има изгледано некој од тие 5 филма, и не сака да го репризира, или пак доколку има некој филм на кој би му дал приоритет, пред тие 5 (секако, да одговара на зададената тема), може да си го смени филмот или филмовите во неговиот филмски предизвик, но ете, да не бидеме толку себични, нека остане како правило ова:
-минимум 2 филма од предложените од страна на предложувачот мора да ги гледаат сите кои сакаат да учествуваат. Секако, изборот е ваш.

-да не се повторуваме, изберете некоја тема која нема поминато, или ако веќе има поминато, нека биде тоа некоја за која има голем избор на филмови.
-исто - филм кој веќе поминал во една тема, не може да биде предложен во друга.

Или прочистен текст:

-сите останати кои сакаат да учествуваат, гледаат 5 филма, по избор, од кои минимум 2 се од петте приоритетни;
-да не се повторуваме, изберете некоја тема која нема поминато, или ако веќе има поминато, нека биде тоа некоја за која има голем избор на филмови.
-исто - филм кој веќе поминал во една тема, не може да биде предложен во друга.
Ако уште некој мисли дека би било добро да се додаде, одземе нешто, има уште неколку денови до 01.01.2018.
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
2.000
Поени од реакции
5.718
Дојде време и јас да се произнесам на темава.
Пред да го направам тоа, сакам да напоменам дека не ми е намерата да наметнувам мои правила, туку да го дадам моето видување на концептот на темава. Јас ќе се согласам со се што ќе одлучите и ќе го следам во целост концептот што ќе го утврдиме сите заедно.

That said, идеиве погоре од Злате и Гранде не ги застапувам. Причината зошто, ќе ја претставам преку личен пример, иако не е тоа главната причина, ама ќе послужи да го доближи читателот до процесот што го поминува предложувачот. Еве јас лично, како перфекционист многу труд вложив во тоа да најдам прво тема која што ќе го одбележи стартот на темава, што ќе ме дефинира мене како филмофил, истовремено ќе биде атрактивна за членовите, а филмовите ќе ги нема гледано никој, па дури ни јас, така што сите сме во непознати води. Да, зачаравајуче после 3 листи со по 70-80 филма, јас најдов дури 12 филмови што ги исполнуваат сите овие услови. Втора работа во врска со ова, е тоа што темата што јас ја одбрав е многу андерграунд која што пред се не вклучува во себе голем избор на филмови, уште помал е бројот на филмови кои што е проверено дека се добри, а и тие, како што може да погодите, ви се гледани. Трет и последен аргумент што ќе го приложам од овој пасус е тоа што, јас филмовите што ги избрав, се избрани по пат на компромис да ни бидат негледани на сите, за да нема потреба да се репризираат од страна на други членови, ако сакате вие да си бирате сами филмови, најубаво јас да си ги предложам тие што сакам да си ги гледам, што вам ви се гледани, па вие барајте си други и ич на да не се замараме со милион селекции.

ДОКОЛКУ веќе ептен не можете да ги изгледате зададените 5 филмови, 5/10 за мене е преголем waste на филмови кои што понатаму ќе бидат неупотребливи, уште полошо е сценариото да си бираат членовите сами филмови зашто така уште повеќе филмови ќе има неупотребливи за во иднина. Ама ете, разбирам... ако веќе го усвојуваме овој концепт, барем да го направиме 5/8 со тоа што задолжителни да бидат 3/5, а ако сакате да замените некој изборот да биде на 2/3 дополнителни, не се опуштајте со 2/5 + 3/5. ИЛИ да го исфрлиме Болоњскиот систем altogether и да има 8 рамноправни филмови, па од тие 8 гледајте кои било 5. Зашто за мене е навистина апсурд да од 5 филмови, ни се поклопуваат само 2.

Ако се прашувам јас, концептот на темава ќе биде 5/5, со тоа што ако некој филм од понудените ви е гледан, и не ви се репризира, си пишувате рецензија само за тие филмови што ви се гледани и крај. Во секој случај, ќе повторам... како ќе одлучите да се одвива проектов, така ќе се одвива. Јас ќе стојам зад секоја одлука што ќе ја донесете и ќе ја спроведувам во целост, па макар решиле и да гледаме по 20 филмови месечно.

Јас официјално 5х предизвикот ќе го прогласам за стартуван на 31.12 оваа година, кога и ќе ја објавам темата со предлозите за Јануари 2018.

До тогаш, дефинираме концепт.
 
Последно уредено:

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
456
Поени од реакции
1.460
Амандманот се прифаќа, нормално! :D

Не, искрено, правилото кое го воведов, за минимум 2 филма од предложувачот, беше баш заради тебе. Се сеќаваш на февруари лани? Тема: Unsimulated Sex. Едвај одбрав 5 филма кои ги немаш гледано, зашто тоа е речиси mission impossible, и не ти се допадна изборот (Anatomy of Hell имаше многу слаба оценка на IMDB, мислам), па одлучивме нели секој да си направи измени во листата од предложувачот. Јас навистина би сакал оваа 2018 да ја почнеме и завршиме заедно во темава, а ако постојано ти наметнуваме филмови кои си ги гледал, ми е страв да не не оставиш пак сами. :love:

Значи, ако се согласува @Corvus и другите кои сакаат да учествуваат, ги менуваме правилата во:

-некој член предложува тема, и 10 филма според темата од кои 5 назначени како приоритетни;
-сите останати кои сакаат да учествуваат, ги гледаат тие 5 филма, по избор, од кои минимум 2 се од петте приоритетни;
-доколку некој има изгледано некој од тие 5 филма, и не сака да го репризира, или пак доколку има некој филм на кој би му дал приоритет, пред тие 5 (секако, да одговара на зададената тема), може да си го смени филмот или филмовите во неговиот филмски предизвик, но ете, да не бидеме толку себични, нека остане како правило ова:
-минимум 2 филма од предложените од страна на предложувачот мора да ги гледаат сите кои сакаат да учествуваат. Секако, изборот е ваш.

-да не се повторуваме, изберете некоја тема која нема поминато, или ако веќе има поминато, нека биде тоа некоја за која има голем избор на филмови.
-исто - филм кој веќе поминал во една тема, не може да биде предложен во друга.

Или прочистен текст:

Ако уште некој мисли дека би било добро да се додаде, одземе нешто, има уште неколку денови до 01.01.2018.
Се сеќавам :D

И ветив дека идеме годинава до крај преку други канали.

Ако констатираме дека амандманот е усвоен преминуваме на нова точка од дневниот ред. Кој предлага после Корвус.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.572
Поени од реакции
16.198
Ако констатираме дека амандманот е усвоен преминуваме на нова точка од дневниот ред. Кој предлага после Корвус.
Еве ти. Може?
Дојде време и јас да се произнесам на темава.
Пред да го направам тоа, сакам да напоменам дека не ми е намерата да наметнувам мои правила, туку да го дадам моето видување на концептот на темава. Јас ќе се согласам со се што ќе одлучите и ќе го следам во целост концептот што ќе го утврдиме сите заедно.

That said, идеиве погоре од Злате и Гранде не ги застапувам. Причината зошто, ќе ја претставам преку личен пример, иако не е тоа главната причина, ама ќе послужи да го доближи читателот до процесот што го поминува предложувачот. Еве јас лично, како перфекционист многу труд вложив во тоа да најдам прво тема која што ќе го одбележи стартот на темава, што ќе ме дефинира мене како филмофил, истовремено ќе биде атрактивна за членовите, а филмовите ќе ги нема гледано никој, па дури ни јас, така што сите сме во непознати води Да, зачаравајуче после 3 листи со по 70-80 филма, јас најдов дури 12 филмови што ги исполнуваат сите овие услови. Втора работа во врска со ова, е тоа што темата што јас ја одбрав е многу андерграунд која што пред се не вклучува во себе голем избор на филмови, уште помал е бројот на филмови кои што е проверено дека се добри, а и тие, како што може да погодите, ви се гледани. Трет и последен аргумент што ќе го приложам од овој пасус е тоа што, јас филмовите што ги избрав, се избрани по пат на компромис да ни бидат негледани на сите, за да нема потреба да се репризираат од страна на други членови, ако сакате вие да си бирате сами филмови, најубаво јас да си ги предложам тие што сакам да си ги гледам, што вам ви се гледани, па вие барајте си други и ич на да не се замараме со милион селекции.

ДОКОЛКУ веќе ептен не можете да ги изгледате зададените 5 филмови, 5/10 за мене е преголем waste на филмови кои што понатаму ќе бидат неупотребливи, уште полошо е сценариото да си бираат членовите сами филмови зашто така уште повеќе филмови ќе има неупотребливи за во иднина. Ама ете, разбирам... ако веќе го усвојуваме овој концепт, барем да го направиме 5/8 со тоа што задолжителни да бидат 3/5, а ако сакате да замените некој изборот да биде на 2/3 дополнителни, не се опуштајте со 2/5 + 3/5. ИЛИ да го исфрлиме Болоњскиот систем altogether и да има 8 рамноправни филмови, па од тие 8 гледајте кои било 5. Зашто за мене е навистина апсурд да од 5 филмови, ни се поклопуваат само 2.

Ако се прашувам јас, концептот на темава ќе биде 5/5, со тоа што ако некој филм од понудените ви е гледан, и не ви се репризира, си пишувате рецензија само за тие филмови што ви се гледани и крај. Во секој случај, ќе повторам... како ќе одлучите да се одвива проектов, така ќе се одвива. Јас ќе стојам зад секоја одлука што ќе ја донесете и ќе ја спроведувам во целост, па макар решиле и да гледаме по 20 филмови месечно.

Јас официјално 5х предизвикот ќе го прогласам за стартуван на 31.12 оваа година, кога и ќе ја објавам темата со предлозите за Јануари 2018.

До тогаш, дефинираме концепт.
:love::love::love::love::love:
Oh, my dear! Јас се согласувам да си остане 5/5, така и беше оригиналниот концепт, ама кажав дека го модифицирав само за да ни се олесни на сите, и само заради @grande-juve . Ако сте сите за да остане 5/5, уште полесно и за мене.

Или ете, ако сакате компромис, мене воопшто не ми смета и 4/5, т.е. да можеш максимум еден да смениш, во исклучителни случаи. Само да падне договор конечно. :D
 
На врв Bottom