5X филмски предизвик v.2/2018

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
2. Возвраштение (The Return) 2003.

За (не)прифаќањето, созревањето, соочувањето со стравот и бегството. Сето тоа видено низ очите на браќата во едната недела колку што се на патување со непознатиот маж кој е всушност нивниот долго отсутен татко што прв пат го гледаат.

Каде бил и што правел не е важно и режисерот воопшто не се труди да ни објасни. Исто како и кои се всушност мотивите за враќањето и за неговите постапки такви какви што се. Сето тоа е ок. Не е ок како никого од семејството не го интересираше тоа или можеби знаеа, ама ако знаеа ние тоа не го дознавме. Ама зошто побогу требаше да ја откопа кутијата? Само внесе елемент на исчекување за објаснување коешто никогаш не дојде. Тотално непотребно беше. Ние како гледачи не дознавме што има и зошто беше толку важна, а децата воопшто не беа ни свесни за нејзиното постоење. Само таткото знаеше што има во неа, но нели неговите чувства, мотиви, историја и планови не треба да ги знаеме. Зошто тогаш кутијата?

Другите работи ок, сликата со малку испрани бои да придонесе кон атмосферата, камерата повеќе фотографска одошто филмска. Глумата одлична, особено децата. Ја носеа целата приказна до самиот крај, којшто беше наговестен уште на самиот почеток со првиот кадар. Само чекавме да видиме кој ќе потоне со чамецот.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
3. Тhe Woman Who Left (2017)

Долго, долго, та предолго. Не затоа што траеше четири часа, туку затоа што сите работи моравме да ги изгледаме од почеток до крај. Не знам како и зошто проаѓа оваа естетика, ама бре три минути да гледаме како ги фрлаат лопатите, што е многу, многу е. Да не набројувам други подолги примери од банални работи кои ама баш со ништо не влијаат на развојот на настаните или на ликовите. Ама траат и траат. Да ги скратеа овие работи, ќе си имаше филмот должина од саат-саат ипол, колку што имаше дејство и дијалог. Вака имав впечаток како да гледам копија од првата монтажа. Или од само споени дублови од снимање Неиспеглани резови, неизедначени позадински шумови. Целосно снимен во тотал и во широки планови, снимени со статична камера и комплетно отсуство на крупни планови, по цена дури и ликовите да излезат од планот. Исто потполно отсуство на музика. Во сите овие работи се губи приказната и поентата, којашто и не е лоша. Ама кој има нерви да ја дочека.

Баш ме интересира образложението, ако го има, за доделување на лав на овој филм, ако не е од политичка природа како што често знае да биде со наградите.


4. Circle (2001)

Насловот се однесува на кругот кој започнува на почетокот на филмот а се затвора на крајот. На почетокот е симболичното значење а на крајот е буквалното. А низ кругот не водат повеќе ирански жени од маргините на општеството. Низ кратка средба се пренесува дејствието од една на друга, запознавајќи не со сите проблеми и опструкции со кои жените се соочуваат во иранската држава. За ниеден лик не гледаме развој ниту расплет, затоа што и во реалниот живот го нема. Нема ниту објаснување за тоа како се нашле во таа ситуација. Не е лош филмот, гледлив е, помага и тоа што е час и дваесетина минути затоа што на истиот калап можел уште дузина жени и ситуации да нареди и да го рашири кругот на два-три часа.

Кинематографски филмот не нуди ништо ново, дури на моменти и е лошо изведен. Единствено темата што ја обработува го издига од просечноста, но тоа е повторно географско-политички поврзано. А филмот односно гледачите не сакаат многу да се бават со географии и истории. Веројатно затоа се фестивалите, да можат и ваквите наслови да видат бел ден.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Гледам се растуривте од филмови гледање, па реков да изгледам уште нешто да ве стасам ;)

5. Lust, cauton (2007)

Кина, втора светска војна. Театарска група прави патриотска претстава и понесени од успехот сакаат да направат нешто поголемо. Паѓа одлука да убијат еден суров функционер од власта, така што една актерките ќе се претстави како богата дама и ќе му се приближи со што ќе отвори можност за атентат. Филмот ја опфаќа актерката и нејзиниот однос со функционерот во кој патем и се вљубува. Детално се обработени карактерите на двата главни лика низ една прилично бавна но не и досадна експозиција. Исто како и филмот, бавен и долг но не е досаден. Фина камера и музика. Како целина ништо спектакуларно.

6. Pieta (2012)

Интересно филмче за еден садистички настроен грубијан што наплатува лихварски долгови. Откако ќе се појави една жена која се претставува како неговата мајка што го има оставено веднаш после раѓање, започнува да ја преиспитува својата работа и да ја чувствува мајчинската љубов дотогаш непознато нешто. Но не е баш се така како што изгледа. Едноставно снимен, најверојатно нискобуџетен филм, малку наивен, со претенциозен филмски јазик. Понекогаш се запрашувам, тие селекторите и тие во жирито што доделуваат награди на разноразни фестивали, дали воопшто гледаат филмови надвор од програмата на фестивалот.

Ми останаа негледани последните три од листата, но заврши месецот, ќе чекаат некои други времиња.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Поради феноменален интерес за темата „Златен лав“ на @Zlatikevichius и на огромно барање на гледачите, продолжуваме во иста насока и овој месец. Малку подалечно, но кирилично. Го задржуваме златото, се менува само животното. Поточно наместо лав, сега ќе имаме птица. Темата за месец октромври е „Златен орел“. Тоа е наградата што ја доделува руската академија на филмски уметности и науки. Да, добро прочитавте, месецов гледаме руски филмови.

золотој.jpg

Зошто ја одбрав оваа тема? По гледањето на неколку одлични руски современи филмови (еден имавме и во последниов предизвик) се решив малку да расчепкам што друго интересно русиве имаат да понудат. Со оглед дека воопшто не сум во тек со денешнава нивна кинематографија, реков од некаде треба да се почне, а најдобро место би било токму од наградените филмови дома, иако честопати не победува најдобриот филм и самите награди не се мерило за квалитет.

На списокот ги имаме добитниците на златен орел од последнава декада, освен во два случаја. Првиот случај е кога добитникот е филм подолг од 3 часа, па автоматски го заменив со еден од номинациите што ми изгледаше најинтересен. Во вториот случај не успав да најдам превод за филмот на ниеден разбирлив јазик и го заменив по истата методологија.

Така да листата за гледање за месец октомври, од најновиот кон најстариот добитник на орле, изгледа вака:

Ра[URL='https://ru.wikipedia.org/wiki/%D0%A0%D0%B0%D0%B9_(%D1%84%D0%B8%D0%BB%D1%8C%D0%BC,_2016)']ј [/URL]- Рај
Битва за Севастополь - Битката за Севастопол
Белые ночи почтальона Алексеја Трјапицына - Белите ноќи на поштарот
Легенда № 17 - Легендата бр. 17https://www.imdb.com/title/tt2182001/reference
Белыј тигр - Белиот тигар
Елена - Елена
Как ја провёл этим летом - Како го поминав ова лето
Стилјаги - Хипстери

Sheet_0000.png

Како и досега, почнувате од најгоре, што имате гледано скокате, што немате - гледате.
Се надевам ќе уживаме.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.273
Има некој на темава? Или сите потклекнавте?
@Anon, @grande-juve, @Zlatikevichius, @wot, @Corvus
Еден месец само јас пишувам :eek:
Јбг.. се погоди периодов и со работа и со "надвор од дома" настани и се нема време или е присутен замор, плус и што кај Злате беа долги.. и не знам дали у скоро време ќе има промена али се надевам ќе надокнадам

А од филмовиве Елена и Белите ноќи на поштарот(овој у кино глеан имаше преубави кадри) се глеани, Хипстери ми е симнат од дамна мјузикл инаку @Corvus , a другите четири ќе ми бидат како шо се по редослед
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Јас неам лаптоп веќе некое време, да го покренам и ќе се вратам.
Дој кај мене заедно ќе глеаме имам и лап топ и декстоп,плус ќе ти ги покажам тие фолдерите за кој ме прашуваше : )
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
Има некој на темава? Или сите потклекнавте?
@Anon, @grande-juve, @Zlatikevichius, @wot, @Corvus
Еден месец само јас пишувам :eek:
Мене ми е ептен криво за темава, ама и мене така ми се погоди и не изгледав ништо ни од моите, ни од твоите. Дури не ни имам некому пишано за ноември да бира тема. Имав стварно многу busy 2 месеци на работа, преполни со проблеми и контроли, кои се надевам завршуваат утре, па искрено посакувам да се вратам од ноември и да надоместам за пропуштеното.

А кој беше на ред да бира, не знам, кажувајте?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Еве јас да почнам, да ве пресрамам. Ги гледам по редослед на „набавка“ прилагоден според слободното време и времетрањето на филмот, така да прв беше

Белите ноќи на поштарот

Филмов е игран, но главните ликови се играат себе си, така да нејасно е каде завршува фиктивното а почнува реалното. Заради тоа имаме неизвртена слика на вистинскиот живот. Го следиме поштарот во неговите секојдневни активности, во едно прекрасно село некаде во некоја забит во Сибир, каде што единствено со чамец може да се патува. Во селото се останати главно постари луѓе, куќите им се пред распаѓање, многу од нив напуштени. Типична слика за огромен број села низ светото чии што жители се преселуваат во градовите во потрага по подобар живот.
Животот на поштарот се врти наопаку кога ќе му го украдат моторот од чамецот и ќе биде спречен во извршување на секојдневните обврски.
Филмот обилува со прекрасни пејсажи од недопрената природа и убава музика.

А кој беше на ред да бира, не знам, кажувајте?
По мене беше Corvus, таа почнува нов круг, ама чинам дека wot се убаци во меѓувреме а нема предлагано. Кај тебе е евиденцијата...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
По мене беше Corvus, таа почнува нов круг, ама чинам дека wot се убаци во меѓувреме а нема предлагано. Кај тебе е евиденцијата...
Кај се убацил @wot , не се сеќавам јас? Знам @Хоуп дека се убаци едно време, ама неа еве веќе неколку месеци ја нема. Исто и @Anon кој дезетираше. Исто и @Corvus заради проблемите со компјутерот, заради кои што исто така и не би можела да одбере нови филмови за следниот месец. Затоа мој предлог е следниот месец да предложува @grande-juve , секако, доколку има време да најде тема и филмови. Ќе почекаме до подоцна да каже, секако има уште цела недела за размислување.[DOUBLEPOST=1540393581][/DOUBLEPOST]Еве ме и мене. Направив катастрофална грешка, btw, ги симнав сите од rutracker и првиот кој го пуштив, Paradise / Раи, испадна дека е синхронизиран на руски, цел. Изгледав 30-тина минути, и одлучив да го прекинам. Но, со оглед на тоа што звучи најветувачки од сите останати, затоа што зеде Сребрен лав за најдобра режија во 2016, и затоа што беше во кратката листа на филмови пред номинација за Оскар за најдобар неанглиски филм, ќе му дадам уште една шанса, ако се симне.

Во меѓувреме:

1. Легенда №17 - Nikolay Lebedev

Ова беше се, само класичен претставник на руската школа - не. Прво, почна бајковито, баш како некој семеен Дизни филм, со ластовички, продолжи со детството на главниот лик и неговата бестрашност и од биковите, што малку ми делуваше претерано, и многу Холивудски, па продолжи со класична приказна за еден спортски јунак за кој, да бидам искрен, јас не бев ни слушнал. Значи ова е класична спортска драма, со сите елементи на холивудска спортска драма, препишани како од учебник, директно. И не велам дека не беше гледлив, или дека не чинеше, но не беше ни малку оригинален и руски. Веројатно ја зел наградата затоа што за Русите како нација, типот (Валери Харламов) бил нешто ко втор Јуриј Гагарин - херој на нацијата, па гледајќи го филмов, мора да им минувале морници по телото потсетувајќи се на моментите кога им донел радости и ги направил горди. Немам што друго да додадам. ОК филмче, но ништо повеќе од ОК-7/10 не би дал.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Кај се убацил @wot , не се сеќавам јас? Знам @Хоуп дека се убаци едно време, ама неа еве веќе неколку месеци ја нема. Исто и @Anon кој дезетираше. Исто и @Corvus заради проблемите со компјутерот, заради кои што исто така и не би можела да одбере нови филмови за следниот месец.
Прав си, не бил wot. Изгледа нешто сум помешал со другана тема.
Направив катастрофална грешка, btw, ги симнав сите од rutracker и првиот кој го пуштив, Paradise / Раи, испадна дека е синхронизиран на руски, цел. Изгледав 30-тина минути, и одлучив да го прекинам.
Исто и јас, почнав да го гледам и руски спикер одозгора. Ај си викам, воведната сцена може е на друг јазик после ќе продолжат руски. Мотам на две три места кон средина, цело време со спикер. Ајт гаси. Од трето симнување дури го потрефиф со оригинален тон, уште не ми е гледан.
Тема одма имам: надокнадување неизгледани филмови
Одлична тема :)


2. Легендата бр. 17

Вистинска приказна за рускиот хокеар Валериј Харламов, од неговите почетоци во спортот па се до огормниот успех на советската репрезентација со победата над канадската во нивната прва средба. Одлична спортска драма, рамо до рамо со најдобрите филмови од оваа тематика. Ја гледаме и работата на тренерот Тарасов, чии што методи се дискутабилни, но успехот неминовен. Исто и мешањето на политиката, односно политичарите во спортот и по цена на општата штета. Сето тоа пропратено со неминовната љубовна приказна.
Иако филмот трае повеќе од два часа, се гледа во еден здив. Фантастично изрежирани сцени од натпреварите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom