5X филмски предизвик v.2/2018

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.424
Поени од реакции
9.329
Со Одри имам гледано повеќе филмови и еве по збор два за сите гледани пошто за мене немаше листа. : )

Sabrina

Овој некако ко највеќе да ми беше ок, може и да дели прво место со Breakfast at Tiffany's.
Billy Wilder ми е еден од омилените режисери и нема нешто што не ми е добро од него, па пошто тука цела екипа е топ не може да биде лош филмот. Приказна за пепелашка и принцот, т.е ќерката на шоферот која со години е лудо заљубена во распуштениот плејбој кој не ја ни заприметува и во неа гледа дете, и после неколку години школување во Париз, малата срамежлива Одри се враќа како една префинета дама и се разбира после малце препреки двајцата гулапчиња завршуваат заедно. И се звучи така обично и видено, ама кога го имаш големиот Billy Wilder и прекрасната Одри тогаш се работи за нешто што тешко се заборава ма колку и да било слично или исто со мал милиони други филмови. 8/10

Breakfast at Tiffany's

Позитивно филмче, со отмени и помалку луди ликови, тука Одри ми е баш она што навистина е и како актерка и ваљда како вистинска личност, харизматична, отмена, нежна, интересна и грациозна, помалку луда и премногу прекрасна. Ова е нејзин филм. 8/10

The Children's Hour

Ова е нешто различно, приказна за две воспитувачки кои водат едно женско училиште и една лага која ќе им го смени животот од корен. Убаво филмче требаше да го ставите тука, да ја видите Одри во малце поинакво светло. 7/10

Roman Holiday

Пепелашка ама на друг начин. Тука Одри не сака да биде принцеза, него обична жена бар на еден ден и да живее онака како што сака, да носи кратка коса, да седи во кафичите на улица, да шета по дожд... Филм во кој се осеќав како турист, како дел од екипата, уживав низ патувањето. 8/10

Wait Until Dark

Овој ми е прв гледан филм со Одри, не ја ни знаев која е кога го гледав и мислев дека глумицата е слепа навистина. И покрај тоа што филмов е снимен во една просторија, во ниеден момент не е депресивен и монотон, одамна беше кога го гледав ама се сеќавам дека имаше една кукла со хероин и неколку батки што сакаа да си ја земат од домот на домаќинката Одри, ама иако имаа работа со слепа жена, планот не им одеше толку лесно како што очекуваа... 7 сум му ставила, ете 7 нека е.

Charade

Мојот и на Хичкок омилен глумец Cary Grant кој на филмот му даде шарм и свежина, а филмот не ми се допадна баш. Тука Одри е во сенка поради него : ) а баш и прочитав дека и таа си го барала за партнер што значи дека Одри освен што е прекрасна има и добар вкус. За филмов една 6ка, ама поради неколку други причини еве му 7/10.

My Fair Lady

Немам љубов за мјузиклите воопшто, ги презирам. Не е за мене филм филм во кој наеднаш ќе почнат да ми пеат и да ми играат, се губи секаква поента.. Овој го гледав пошто сакав да ги изгледам сите оскаровци, појма немав што е и ме мрзеше да го сменам кога видов, го издржав некако и покрај мојата заклетва дека никогаш во живот нема да гледам мјузикл и мислам дека овој е последен. 6/10
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Шарада (1963)

Овој наслов не ми е во обавезните, ама со оглед дека толку одамна го имам гледано што не го ни паметам, решив него да го репризирам. Жанровски е некој хибрид помеѓу шпиунски трилер, комедија и романса. И приказната и ликовите се многу површни, премногу стереотипни. Mногу интересни хумористични досетки беа вешто вметнати во „сериозниот“ дијалог, но некако не ми беа смешни. Филмов имаше многу повеќе стилистика отколку содржина. Од денешна гледна точка многу предвидливи пресврти, настрана што беа неодржливи. И Кери и Одри не ми беа уверливи во ликовите што ги играа, а Џејмс Кобурн најдобро се вклопи во улогата. За жал ни тие не беа доволни за да филмов остане свеж и во денешно време.
Заборавив шпицата на Бајндер да ја спомнам, во негов препознатлив стил исто како и музиката на Манцини, одлична но на пати не беше соодветна на дејствието што го илустрираше.

Ќе гледам до крај на месецов ако стигнам да го репризирам и „Празник во Рим“. Останатите ми се гледани ама некако не ми се репризираат. Премногу други негледани наслови чекаат ред...
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Roman Holiday
6/10
Досадничок ми беше филмов, особено првата половина каде што се случија цели 2 работи (оваа беше цело време дрогирано поспана, а овој се моткаше околу неа и должеше пари насекаде)
Одри веќе нема што да ја коментирам, светла страна на филмов беше Грегори Пек секако, пошо е таков интересен и харизматичен актер.
Филмов треба да е као првиот што почнал да ја развива романтичната комедија која ја гледаме до ден денес?
Комедијата била ваљда бомбастична за тоа време, а ја 2 пати дали така само се насмевнав малку.
Страшно преценет филм.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Roman Holiday
6/10
Досадничок ми беше филмов, особено првата половина каде што се случија цели 2 работи (оваа беше цело време дрогирано поспана, а овој се моткаше околу неа и должеше пари насекаде)
Одри веќе нема што да ја коментирам, светла страна на филмов беше Грегори Пек секако, пошо е таков интересен и харизматичен актер.
Филмов треба да е као првиот што почнал да ја развива романтичната комедија која ја гледаме до ден денес?
Комедијата била ваљда бомбастична за тоа време, а ја 2 пати дали така само се насмевнав малку.
Страшно преценет филм.
Првата романтична комедија се вика It Happened One Night со Кларк Гејбл и Клодет Колберт во главни улоги и режија на Френк Капра, снимен е 1934та и неам идеја од кај ти е оваа информација за Роман Холидеј :D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Првата романтична комедија се вика It Happened One Night со Кларк Гејбл и Клодет Колберт во главни улоги и режија на Френк Капра, снимен е 1934та и неам идеја од кај ти е оваа информација за Роман Холидеј :D
онака си нагаѓав
it happened one night го иам гледано и е подобар
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
Првата романтична комедија се вика It Happened One Night со Кларк Гејбл и Клодет Колберт во главни улоги и режија на Френк Капра, снимен е 1934та и неам идеја од кај ти е оваа информација за Роман Холидеј :D
има и неми ром-коми :D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627


Тифани било златара, ќе се упуцам.
6/10
Второ, и можеби поголемо разочарување од Празник во Рим.
Филмов го доживувам како пропаганда/бреинвошинг/реклама за: пушење цигари, конзумеризам, голд дигерство.
Да не спомнам и расизам, за оној јапанецот сосед со цвикерине и забине (погледни видео најдолу), што беше цело време нервозен и врескаше.
Што беше муабетот накај 30та минута кога со чаша алкохол, Пол го допре голиот грб на една женска, онака, рандом?
Потоа, на забавата кинезот им се јави им рече ќе викнам полиција, и кога разбра тој што го донесе другаркава на Одри се стресе „леле мора да одам“, и не си отиде, и после се слушнаа сирени, и овој реагираше 2 пати поблаго од првиот пат кога само спомнаа дека полиција ќе им викнел?
Имаше една многу добра песна, ама ич не вклоплива во филмов. Добродушна и милозвучлива музика никако за овој филм.
Нула вистински вредности во филмов.
И дека овој филм е еден од најпопуларните во средина на минатиот век... значително негативно влијание кон сите жени во светот. Кое оди од генерација на генерација...
Мажот и ја опишува како „something smart to say on every subject" and yet не и е најјасен weather report-от а знае дека биле нешо мафиjа тие xD океј може и се прави демек не и е јасно
wtf насилство врз животни, ќе и ебеше матер на мачката

I am still Lulamae.
Fourteen years old, stealing turkey eggs
and running through a briar patch.
[у меѓувреме пали цигара, убаво вовлекува се смирува и се насмевнува]
But now I call it having the mean reds.
Well, it's still too early to go to Tiffany's.
I guess the next best thing is a drink.
Yes, I very much need a drink.
-Will you buy me one, Fred, darling?
-Sure.
у 30 секунди се десија 80% од работите шо ги набројав.

Тоа е таа порака што ја испраќа филмот: биди луда и ненормална, мисли само на пари и шопинг, барај богати, бегај цело време дур те бркаат и во некој момент глуми дека навистина си вљубена.

 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
знам дека сум предвидлив со мојот став кон жените ама не мора да ме оговарате :( :D
Не те оговаравме срц :love:
Јас му кажував на Гранде дека не верувам дека ќе ти се свиѓа Тифани зашо "промовира" низок морал и промискуитет.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Не те оговаравме срц :love:
Јас му кажував на Гранде дека не верувам дека ќе ти се свиѓа Тифани зашо "промовира" низок морал и промискуитет.
А зошто е во наводници промовира?
Да не случајно не промовира?
Да не случајно не била оваа онаа на која се угледуваат, сакале да се угледуваат или им вродила желба за да се угледуваат милиони жени?
Мислиш дека ова не влијае на луѓето?
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
А зошто е во наводници промовира?
Да не случајно не промовира?
Да не случајно не била оваа онаа на која се угледуваат, сакале да се угледуваат или им вродила желба за да се угледуваат милиони жени?
Мислиш дека ова не влијае на луѓето?
Знам дека влијае, и едно големо браво за тоа, ама не е тоа идејата на филмот. Идејата на филмот беше дека вистинската љубов и преданоста кон истата се посилни од желбата за самостојност и финансиска сигурност. Во овој филм победи вистинската љубов и затоа "промовира" е во наводници. Интерпретацијата од публиката е нешто различно од самата идеја на филмот.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
А зошто е во наводници промовира?
Да не случајно не промовира?
Да не случајно не била оваа онаа на која се угледуваат, сакале да се угледуваат или им вродила желба за да се угледуваат милиони жени?
Мислиш дека ова не влијае на луѓето?
Јас барем баш обратно го гледам, со тоа што на крај Одри избра вистинска љубов, не само што "промовира" треба да е у наводници, туку е анти реклама за тие морални вредности, плус што и карактерот на Одри е свесна за тоа па затоа и цело време прибегнува кон чашката :D.. на крај конечно си го признава тоа и завршува во прегратките на вистинската љубов...
Што беше муабетот накај 30та минута кога со чаша алкохол, Пол го допре голиот грб на една женска, онака, рандом?
Не можеше да помине и кога ја допре оваа се тргна и со тоа автоматски му се отвори пат за да пројде :D
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
А бе мрш таму.
Се понижи и се лигавеше момаков пола филм за на крај конечно да му текне да и го спушти.
И што ако оваа се попишмани кога после 2 дена пак ќе правеше нешто друго.
Досадни се филмовиве што завршуваат со досаден бакнеж и ништо друго.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom