Филм бр.1 -
My Fair Lady
Јас почнав со тој кој го имав само јас, и некако ептен наопаку: со најновиот, петтиот од мојата листа, и воедно најдолгиот (а сите ги оставаат најдолгите за на крај). А зошто така наопаку? Зашто овој беше можеби и единствениот со Одри кој планирав секако да го гледам, во скоро време, дури и да не ми го предложеше
@Corvus . Причина - Оскаровец, а имав идеја да ги изгледам сите, нели. My Fair Lady, филм од 1964 година, освојувач на Оскар за најдобар филм во 1964, и уште 7 други Оскари, снимен според истоимената бродвејска театарска претстава, освојувач на Тони за најдобра претстава (овој е еден од четирите случаи во историјата за филмска адаптација која освоила Оскар за најдобар филм по Тони-то за најдобра претстава). А најинтересно од се, токму нашата ѕвезда, Одри Хепберн, не била ни номинирана за најдобра актерка за филмов. Причината - подолу:
Ликот на Илајза Дулитл во претставата го глумела Џули Ендрјуз. Кога бил правен кастингот за филмот, Ендрјуз не била ни земена во обзир, затоа што во тоа време не била сметана за позната актерка, а од друга страна, пак, Одри била ѕвезда. Имало многу негодувања зошто не била дадена улогата на Ендрјуз, меѓу кои и од главниот актер во филмот, Рекс Харисон, кој ја репризирал својата улога од претставата. Истата 1964, Ендрјуз била најмена од Дизни да го глуми насловниот лик во филмскиот хит „Мери Попинс“, филм кој истата 1964 е номиниран за најдобар филм, но го изгубил Оскарот токму од My Fair Lady. Но, Оскарот за главна женска улога завршил во рацете на Џули Ендрјуз за Мери Попинс, додека Одри Хепберн за My Fair Lady не била ни номинирана. Па така, можеби Хепберн победила во првата битка, ја добила улогата, но Ендрјуз успеала да ја освои војната. Главната причина за неноминирањето на Одри е што 90% од нејзиното пеење во филмот e dubbed, поточно Одри само отвора уста, а друга (пејачка) ги пее стиховите/дијалозите. Дури и Одри негодувала на ваквата одлука на студиото, и одлучила по овој филм, никогаш да не снима мјузикл во кој нема да пее сама.
Приказната и не е нешто посебно: цвеќарка од едно лондонско предградие, буквално уличарка, станува експеримент за професор по фонетика кој сака во рок од 6 месеци од неа од просјак, да направи дама. Затоа ја зема под своја закрила, и иако во ни една секунда од филмот не може да ја поднесе, ни тој неа, ни таа него, успева за 6 месеци да ја научи убаво да се изразува и да се однесува, и притоа ни кралот/кралицата да не познаат дека таа претходно била девојка од улица, туку да си мислат дека е некоја благородничка. Професорот победува во облогот, а Илајза е разочарана што и по 6 месеци, таа за него е само еден облог, една остварена цел и дека во него нема ни грам емоција за неа, затоа решава да си отиде од неговиот дом и живот, но и обајцата сфаќаат дека не можат да живеат еден без друг, иако нивниот начин на заеднички живот е со постојани караници и навреди. Но многу од техникалиите навистина пленат тука: костимографијата е прекрасна! Кога видов колку модерни комбинации на облека носеле во шеесетите (или дваесетите, зашто дејството е сместено тогаш), навистина се запрепастив. Или веројатно денешните модни креатори се инспирирале премногу од овие децении. Сценографијата е исто така одлична. Особено сетот на учицата каде живееше Илајза, но и во домот на професорот. Ова е потпомогнато и од фактот што филмот бил дигитално реставриран во 1994, па така сликата беше стакло. До најмали ситници, детали, се се гледаше. Музиката исто така беше супер. Уште си потпевнувам некои стихчиња како „...wouldn't be lovely", "just you wait, 'Enry Higgins, just you wait!" и "just a little bit of luck"... Не ми делуваше ни премногу досадно, ни премногу нападно, ниту пак воопшто повторливо, како што се случува во некои мјузикли. Глумата ОК, Одри беше срцка и во сцени како уличарка:
и подоцна како дама:
Најјак момент ми беше сцената кога сакаа со сила да ја бањаат.
И не знам што друго би кажал за филмов. Генерално впечатокот ми е позитивен, но не сум нешто премногу импресиониран од крајниот исход, зашто иако технички се изгледа совршено тука, едноставноста на plot-от некако ми го спласна „расположението“. Заборавив да кажам, освен Мери Попинс, успеал да го победи и Dr. Strangelove во битката за Оскар. А за Одри, ова беше одличен почеток на темата, но ја очекувам нејзината кулминација во некој од другите филмови. Впрочем, и за еден од нив станала оскаровка, за овој не добила ни номинација, нели?
7/10[DOUBLEPOST=1528227788][/DOUBLEPOST]P.S. Мојот 43 од 90 Оскаровци. Или 47% DONE![DOUBLEPOST=1528227965][/DOUBLEPOST]P.P.S. Третиот од три филма со Одри во кој таа се вљубува во некој 100 години постар од неа. Breakfast at Tiffany's - првиот, тој од клубот - вториот.