Филм бр.3 -
Sabrina
Уште една романса со Одри, пак со комични елементи, со мал недостиг на авантуристичкиот дел. Овојпат, Сабрина, ќерка на шоферот на богати индустријалци, додека расте е вљубена во помалиот од нивните двајца синови. Секако, љубовта е невозвратена затоа што тој ако воопшто ја погледнал, ја гледа како дете. Татко и ја испраќа во училиште за готвење во Париз, од каде што Сабрина се враќа целосно променета (втор пат по ред, по Roman Holiday, со скратена коса како симбол на нејзината зрелост) и израсната во вистинска убавица, по што Дејвид, помалиот од двајцата браќа, инаку женкар, 3 пати разведен, се вљубува во неа на прв поглед, иако не ја препознава која е. Секако љубовта е невозможна, затоа што неговите веќе му го спремаат неговиот четврт брак со ќерка на друг индустријалец, заради бизнис интереси, а исто така и Сабрина не е од нивната класа. Затоа неговиот постар брат ги засукува ракавите и одлучува да ја оттргне Сабрина далеку од семејството и од „уништување“ на империјата која ја поседуваат. Но на тој пат и тој се вљубува во неа, а и таа во него, и на крајот дури завршуваат еден со друг (холивудски хепи-енд), по што остануваат сите среќни и задоволни.
И ова филмче многу ми се допадна, се си е прекрасно, на место. Костимографијата повторно одлична, особено овој фустан на Одри:
Но и како ќерка на шофер, Одри плени:
И останатите технички работи беа супер, музиката одлично погодена во секој миг. Она што особено ми се допадна беа комичните елементи. На некои сцени дури и гласно се смеев. Посебно интересен лик ми беше стариот, таткото на Дејвид и Лајнус. Каков лик, ко од цртан филм излезен.
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Сцената кога не можеше да ја извади маслинката од стаклениот сад беше пресмешна. Што не проба, и на крај си го претури пијалакот во садчето.
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Овие зборат, тој води војна со маслинката бе.
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Исто ко се криеше со цигарата од жена му во плакарот на Лајнус. Овој отвора да си најде кошула, излегува од внатре татко му во магли и димови.
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Права маскота!
Не сум нешто арен, не можам да пишувам којзнае колку, и овој филм беше супер. Единствено, пак (четврт пат, ама овојпат ептен екстремно) не можев да ја замислам Одри и нејзината детска фаца во комбинација со тоа старчиште. Од двајцата браќа, и се очекуваше да го одбере грдиот и стариот. (Хемфри Богарт, инаку. Глумата одлична, секако). Режисер на филмов е извонредниот Били Вајлдер, бил номиниран за најдобра режија, а исто и Одри за најдобра главна женска улога (нејзината прва номинација). Но филмот освоил само еден Оскар, за костимографија, разбирливо. Исто, забележав дека во 1995 Сидни Полак направил римејк на истиот со Харисон Форд и Џулија Ормонд во главните улоги, но резултатот, судејќи според оценките, бил далеку под нивото на овој.
Убав избор
@Corvus -
8/10[DOUBLEPOST=1528364099][/DOUBLEPOST]P.S. На крај секогаш следува trivia делот на IMDB, прво што ми се виде интересно: улогата на Лајнус му била понудена прво на Кери Грант. Ја одбил зашто не сакал да носи чадор во ниедна сцена (каков изговор!!!). Потоа ја добил Хемфри Богарт кој сакал улогата на Сабрина да ја глуми жена му Лорен Бекол. Исто, негодувал и со изборот на Вилијам Холден за негов on-screen брат, зашто не се поднесувале еден со друг. Вилијам Холден, пак, за време на снимањето се заљубил во Одри Хепберн, а и таа во него, но Одри му раскинала кога дознала дека Холден не може да има деца. На крај добиле едниот 300 000 долари, другиот 150 000, а Одри, кутричката, само 15 000. Кога го прашале Богарт како е да се работи со Одри, рекол: „ОК е, ако имате нерви да преснимувате се по 10 пати“.
![Пукам од смеа! :ROFLMAO: :ROFLMAO:](/styles/default/xenforo/smilies/roflmao.png)
Цело време Хемфри велел дека Одри е неталентирана и не знае да глуми. Подоцна му се извинувал на Вајлдер за сите проблеми кои ги правел на сетот, правдајќи се дека имал лични проблеми.
Со филмов, започнала доживотната соработка на Одри и Живанши, па сите оние креации по кои ја знаеме од подоцна (најмногу долгиот црн фустан од Breakfast at Tiffany's) се негово дело.
Ете, најдов податок дека е првиот (how yes no, првиот. Roman Holiday што беше?) од 4 филма во низа во кој е романтично поврзана со лик кој во реалноста може да и биде татко.[DOUBLEPOST=1528368297][/DOUBLEPOST]
@Хоуп-и, стварно, зошто не не дружиш тука?