Хоуп
ümid edirəm
- Член од
- 13 април 2012
- Мислења
- 2.576
- Поени од реакции
- 9.696
Со Одри имам гледано повеќе филмови и еве по збор два за сите гледани пошто за мене немаше листа. : )
Sabrina
Овој некако ко највеќе да ми беше ок, може и да дели прво место со Breakfast at Tiffany's.
Billy Wilder ми е еден од омилените режисери и нема нешто што не ми е добро од него, па пошто тука цела екипа е топ не може да биде лош филмот. Приказна за пепелашка и принцот, т.е ќерката на шоферот која со години е лудо заљубена во распуштениот плејбој кој не ја ни заприметува и во неа гледа дете, и после неколку години школување во Париз, малата срамежлива Одри се враќа како една префинета дама и се разбира после малце препреки двајцата гулапчиња завршуваат заедно. И се звучи така обично и видено, ама кога го имаш големиот Billy Wilder и прекрасната Одри тогаш се работи за нешто што тешко се заборава ма колку и да било слично или исто со мал милиони други филмови. 8/10
Breakfast at Tiffany's
Позитивно филмче, со отмени и помалку луди ликови, тука Одри ми е баш она што навистина е и како актерка и ваљда како вистинска личност, харизматична, отмена, нежна, интересна и грациозна, помалку луда и премногу прекрасна. Ова е нејзин филм. 8/10
The Children's Hour
Ова е нешто различно, приказна за две воспитувачки кои водат едно женско училиште и една лага која ќе им го смени животот од корен. Убаво филмче требаше да го ставите тука, да ја видите Одри во малце поинакво светло. 7/10
Roman Holiday
Пепелашка ама на друг начин. Тука Одри не сака да биде принцеза, него обична жена бар на еден ден и да живее онака како што сака, да носи кратка коса, да седи во кафичите на улица, да шета по дожд... Филм во кој се осеќав како турист, како дел од екипата, уживав низ патувањето. 8/10
Wait Until Dark
Овој ми е прв гледан филм со Одри, не ја ни знаев која е кога го гледав и мислев дека глумицата е слепа навистина. И покрај тоа што филмов е снимен во една просторија, во ниеден момент не е депресивен и монотон, одамна беше кога го гледав ама се сеќавам дека имаше една кукла со хероин и неколку батки што сакаа да си ја земат од домот на домаќинката Одри, ама иако имаа работа со слепа жена, планот не им одеше толку лесно како што очекуваа... 7 сум му ставила, ете 7 нека е.
Charade
Мојот и на Хичкок омилен глумец Cary Grant кој на филмот му даде шарм и свежина, а филмот не ми се допадна баш. Тука Одри е во сенка поради него : ) а баш и прочитав дека и таа си го барала за партнер што значи дека Одри освен што е прекрасна има и добар вкус. За филмов една 6ка, ама поради неколку други причини еве му 7/10.
My Fair Lady
Немам љубов за мјузиклите воопшто, ги презирам. Не е за мене филм филм во кој наеднаш ќе почнат да ми пеат и да ми играат, се губи секаква поента.. Овој го гледав пошто сакав да ги изгледам сите оскаровци, појма немав што е и ме мрзеше да го сменам кога видов, го издржав некако и покрај мојата заклетва дека никогаш во живот нема да гледам мјузикл и мислам дека овој е последен. 6/10

Последно уредено: