Џ
Џонтра Волта
Гостин
Мене Six Feet Under ми го еба здравјето, да пробам сеа да најдам филм што барем малку ми го донел тоа депримирачко чувство ко серијава. Вчера нешто шетав низ имдб и налетав на еден суперкат од серијата, брејјј... Ок забегав.
Ден 4. Филм што те депримира
Magnolia (1999)
Да не беа жабите кои малце ме вознемирија и ми го нарушија тонењето филмов ќе добиеше чиста 10ка од мене и само ќе ми го зголемеше тоа чувство на мизерија што го чувствуваш доека го глеаш ова ремек дело.
The Elephant Man (1980)
Човекот слон може комотно да влезе и во друг ден во некоја тема како филм што ве расплакал али покрај тоа филмот обработува и една друга тема и баш остава едно депримирачко чувство, некој гнев во тебе, те копка некој црв на неправда и нешто невкусно, неисправно.
Кој рече дека Линч не знае да напраи нормален филм?
Submarino (2010)
Скандинавец ако не те лупне од земја и шокира со сурова вистина и бруталност нема кој друг. Филмов ми е гледан од првите кругови на Филм клубот и од тогаш ме здрмува некое такво чувство у градите коа ќе го помислам. Има една сцена на почетокот што никогаш нема да ми искочи од глава, тогаш прв пат се запознав со скандинавското трескање у фаца. Се опирам да го репризирам баш заради тоа, се плашам дека можеби нема да го доживеам исто.
Inside Llewyn Davis (2013)
Чиста депресивна трагикомедија со прејака музика и преубаво пеење на Оскар Ајзак. Не остава некое јако депримирачко чувство пошто Коеновци си протнуваат хумор кој мене ми одговара и ме крева, ама така те олабавува некако, те успорува, не ти е сеедно на крај. Оскар многу јако го вози филмот.
Come and See (1985)
Иди и смотри треба да носи влезе у жанрот на хорор и пред него треба да стои знак триаголник со извичник внатре. Овој филм не само што те депримира туку ти остава и последици. Неверојатно нешто, нискобуџетен воен филм без многу крв и нешто слично за да те преплаши, ама психички те претепува, те вознемирува до бескрај и те мрднува од памет. Како што го мрднало од памет и самиот актер Алексеј Кравченко. Неверојатно нешто. Како викаа, најдобар филм за војната и најдобар филм против војната, така нешо.