30 Day Movie Challenge

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.251
Поени од реакции
6.464
Зошто да не поминеме една 30ка како у комшии Музика што правеше!

Секој ден, предлог филмче според темата.

Не треба да ги гледаме, само името/постер/клип и кој сака нека си пише нешто за, што и како.

Мој предлог е, тој што сака за одредена тема да може да стави и до 5 филмови, за полесно да си најдеме меѓу нас некој добар предлог.

И уште еден предлог, од утре да се почне, за да бидеме што повеќе луѓе синхронизирани

30 Day Movie Challenge:

ден 1: филм кој ти е виновно задоволство
ден 2: најстар гледан филм
ден 3: филм на кој му го знаеш скоро цело сценарио
ден 4: филм што те депримира
ден 5: филм што те орасположува
ден 6: филм од твојата година на раѓање
ден 7: првиот гледан филм во кино
ден 8: филм со твојот омилен актер
(може пример и 5 филмови со актерот, или по 1 филм од 5 актери)
ден 9: филм со кој се поврзуваш лично
ден 10: омилен филм од детството
ден 11: филм што го мразиш, а другите го сакаат
ден 12: филм во кој би сакал да живееш
ден 13: филм што прави да веруваш во љубов
ден 14: филм од твојот омилен режисер
(може пример и 5 филмови со режисерот, или по 1 филм од 5 режисери)
ден 15: филм кој толку е лош што е смешен
ден 16: филм што те натерал да си го преиспиташ животот
ден 17: филм каде што саундтракот е подобар
ден 18: филм што е визуелно прекрасен
ден 19: филм со животно/и
ден 20: филм чиј римејк е подобар од оригиналот
ден 21: омилен црнобел
ден 22: најрепризиран филм
ден 23: филм со твојата омилен актерка
(може пример и 5 филмови со актерката, или по 1 филм од 5 актерки)
ден 24: филм кој што порано си го сакал, а сега не
ден 25: филм поврзан со храна/готвење
ден 26: филм што те расплакува
ден 27: Непознат филм што го сакаш
ден 28: филм со преубав крај
ден 29: филм кој би сакал да го гледаш во кино
ден 30: најдобриот филм
(еден филм, вперен пиштол, кој ќе го кажеш)



Kој е за, бујрум.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
3.384
Поени од реакции
13.298
ден 1: филм кој ти е виновно задоволство

Mr. & Mrs. Smith (2005)


Почесно место има филмов во моето срце, ама реално имам стотици филмови за оваа категорија, јас сум страсен љубител на ромкоми, кралица на тралалајките, па тука би влегле и голем број од моите клупски предлози.

И со тоа, 30 дневниот филмски предизвик е отворен! <3
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
10.468
Поени од реакции
23.188
ден 1: филм кој ти е виновно задоволство

The Gods Must Be Crazy

159077047_a71f88.jpg




Меѓу првите филмови што ги имав на касета. Можам слободно да кажам дека ми е гледан преку 300 пати од почеток до крај. Како дете само со овој филм заспивав. Не со песнички, не со читање... со филмов.



Автоматски споено мислење:

@Джонтра Вохохолта, @Zlatikevichius, @wot, @џимеј, @123456, @Vlatko_Gjorce, @Setsuko, @Anon, @devilko, @moongoses, @Violetova, @__Vita____ , @Shawn Spencer, @Imperatorot и останатите....


 
Последно уредено:

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.251
Поени од реакции
6.464
ден 1: филм кој ти е виновно задоволство


од поодамна гледан, глупости колку сакаш, али се утепав од смеење



Летна комедија класична, бозичка, али не толку добра, овој го сакам поише од други причини, го преведував од Италијански без притоа да има достапен превод на Англиски и сум прилично горд на преводот :D



На Лери Дејвид филм, плус го има следново:
friends :kuracc:
 

Filip Telford

иначе?
Член од
20 јули 2020
Мислења
5.818
Поени од реакции
36.988
Сигурни сте дека `се срамите` од филмовиве што ви се задоволство?

Неам ваков јас или бар не ми текнува во моментов ама не може да не ми текне пошто 5 пати ја превртев листава на летербокс и не најдов нешто што ми е guilty pleasure. Не репризирам многу филмови, и на прсти можат да се избројат таквите а тие обично се многу познати и врвни филмови.

Али ај, за да ве нервирам. :D

ден 1: филм кој ти е виновно задоволство

 
Член од
23 јули 2019
Мислења
329
Поени од реакции
2.309
Ден 1: филм кој ти е виновно задоволство

1. Breakfast at Tiffany's (1961)
2. Eternal Sunshine of the Spotless Mind (2004)
3. Me Before You (2016)
4. P.S. I Love You (2007)

Ретко кажувам (освен за првиот) дека ги имам гледано над 20 пати, пошто се типични романтични клише филмови без некоја голема кинематографска вредност.

Deep down I love em
 
Член од
21 април 2006
Мислења
7.324
Поени од реакции
3.754
ден 1: филм кој ти е виновно задоволство

From Dusk Till Dawn (1996)

Сигурно над 100 пати го иам глеано и не го пропуштам на тв ако иде.Како дете толку забегав по филмов шо мислев коа ќе пораснам ќе се тетовирам као Клуни со тоа трајбалот на рака :tapp:


Селма Хајек ми остави спомени од тоа стриптизот...
 

Keyser

Обичен смртник
Член од
11 август 2016
Мислења
856
Поени од реакции
3.335
ден 1: филм кој ти е виновно задоволство

Home Alone

Не го разбирам баш ова "виновно задоволство" но претпоставувам е за филмови на кои постојано се враќаме.
Го избирам, на сите познатиот, Home Alone. Причината е заради носталгија и квалитетно смеење. Кога ке се спомне Home Alone секогаш ми иде најсмешната филмска, за мене, сцена. Фрлањето на циглите од кровот :D.


Со овој коментар сакам да оставам и летер профил - https://letterboxd.com/mr_nobodyz/
Да се дружиме :).
Сакам да бидам поактивен во подфорумов ама времето си го прави своето..
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
5.429
Поени од реакции
8.532
1. Guilty Pleasure
Ја го сфаќам ова ко нешто што потајно знаеме дека нема некои квалитети, али нам ни се допаѓа.

Oд мене нека биде Van Helsing (2004).
Гледам просечна оцена има 2.5/5, а од мене има 4/5 и сум го гледал можда три или четири пати досега и ми се допаднал.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.251
Поени од реакции
6.464
Не го разбирам баш ова "виновно задоволство" но претпоставувам е за филмови на кои постојано се враќаме.

Guilty pleasure, свесен си дека у случајов филмот има маани, не е квалитетен или шо и да е, али и покрај тоа си го сакаш..

Тие што ги спомнав сите сум им дал добра оцена иако реално знам дека не се за толку, али гајле ми е :D .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom