Незнам за вас али јас се спремив за утре
Денес јадев како за три месеци, колку баклави изедов, мислам дека благо нема да ми се пријаде до следен Свети Никола, наполнив шишенцата со вода, и се спремам за добро спиење пред утрешната катаклизма.
Навив мобилниот да ѕвони во 11, да седнам да изгледам 5-тата епизода од Ангели, таман завршува до 15 за 12, и имам точно 27 минути за подотовка (нешто ми се врти дека во 12 и 12 ќе биде моментот?).
Понито ми е спремно, доволно филмови сум изгледал за да знам дека сите ќе бидете со коли излезени и ќе биде гунгула низ градов, вака со точак ќе одам да ја земам женска ми и после одиме накај Водно. Татко ми исто го спреми брзинецот од 1979, ставивме и помошно седиште за мајка ми...
На Водно ќе се спасиш само ако поминеш по патчето што ми е позади куќа, и особено мора да донираш 100 денари во кошничката под црешата. Ама под црешата што раѓа највеќе цреши, ако ти е полесно за да се фати може под сите три да донираш. Ипак мора некаква селекција да се направи.
Маме си ебало, глејте какво е црвено небово надвор, мириса на метеори и комети.
Мада викаат животниве први предосеќале, а мачоров мој ништо не осетил бар засега. Изеде саламчето и зрната и легна да спие. Ако даде некој знак, ќе ви пишам во темава.
И то.