Веќе се осеќа притисокот на повеќето тука на оваа тема која беше главна карактеристика на овој подфорум, а и тема која беше актуелна и во светски рамки - со толку припреми од поединци и групи, со толку теми и дискусии по информативните канали, општа хистерија во некои краишта на светов. Безмалку не верувам дека покрај сите работи кои беа наведени како евентуален крај на светов кој го познаваме, многумина не останаа рамнодушни и нималку во себеси не беа загрижени за едно од можните сценарија за крај на светот.
Време да одиме напред и да си запишеме уште еден преживеан крај на светот, да остане само спомен и поука за понатаму.