21.12.2012 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.

faraon

БОГ
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.444
Поени од реакции
22.060
Абе само лажат овие којзнае што се прави во тоа центрите НАСА и кој уште не... Ама сепак ќе видеме што ќе се случи...:toe:
Ништо нема да се случи..Гарантирам..
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Какво пишано бре, ти сам ако не си го напишеш кој ти го напише? Јас? Дај не трескајте глупости и идете у школа..
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Кое напишано?
Гледам луѓе поназад пишале " Што ти е пишано, тоа ќе ти се случи " на тоа мислев. Тоа е нешто толку глупо ти сам ако не си ја скроиш иднината никој друг нема..
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Гледам луѓе поназад пишале " Што ти е пишано, тоа ќе ти се случи " на тоа мислев. Тоа е нешто толку глупо ти сам ако не си ја скроиш иднината никој друг нема..
Хехе, ок :D бидејќи уште 2-3ца наназад настапија со ист коментар како и тебе, па се чудев што им значи :smir: И да, во право си
 
B

Borg_Drone

Гостин
Хехе, ок :D бидејќи уште 2-3ца наназад настапија со ист коментар како и тебе, па се чудев што им значи :smir: И да, во право си

Јас веќе поставив на темава, значи пишано е......... Дека нема да има катаклизми, воскреснување на диносаурусите, и дека нема повторно да пешачи Св.Павле по Македонија.

http://www.nasa.gov/topics/earth/features/2012.html

Еве ви образложување на работите лично и од NASA, зошто и како нема да дојде до катаклизми во 2012, или пак до распад на магнетото поле.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Јас веќе поставив на темава, значи пишано е......... Дека нема да има катаклизми, воскреснување на диносаурусите, и дека нема повторно да пешачи Св.Павле по Македонија.

http://www.nasa.gov/topics/earth/features/2012.html

Еве ви образложување на работите лично и од NASA, зошто и како нема да дојде до катаклизми во 2012, или пак до распад на магнетото поле.
Wernher Von Braun i NASA , i ti im verues ?
Dete treba da upotrebues poveke prosto trojno pravilo!

Wernher Von Braun i NASA , i ti im verues ?
Dete treba da upotrebues poveke prosto trojno pravilo! Inace ova ti e objasnuvanje licno od mene : dusata nema ubavina posto zaradi prosto trojno pravilo nema logika da ima ubavina zatoa sto site dusi se del od kreatorot , a ubavinata e proizvod na umot i e cista iluzija , i edno prasanje dali mojata dusa e ubava?
 
S

smart ass

Гостин
На фон браун му помина времето...туку што е проблемов со НАСА...знаеш ли колку имаат придонес за развој на астрономијата,башка не е само наса,и Русите велат нема ништо да се случи,исто и ЕСА...

Значи нема да има никакви промени освен во премиер лига уште една титула за манчестер јунајтед+нови избори,на среден рок ќе ги осетиме ефектите од сегашната економска политика и.т.н

И тоа абе ЧУДО:pos2::pos2::pos2:

Како сумерите ја откриле нибуру:pos2:

ја знам дека астрономијата е стара наука,ама немале тогаш спектограми,нема докази дека имале поим за доплеров ефект...НЕМА ОСНОВА!!!

важно е да бидеме здрави и живи:smir:

Нема потреба од паника!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

zatoa sto site dusi se del od kreatorot
Кој е тој и како бе расте популацијата на земјава да не праќа нови души некако тој креаторот:pos2:

i edno prasanje dali mojata dusa e ubava?
Првин објасни што е душа,каде е,и која е лоша и најважно дали има НАУЧЕН ОСНОВ за душиве-нејсе велиш

zatoa sto site dusi se del od kreatorot
Значи логички го имаш одговорот ако се сите души дел од креаторот тогаш прашањето е Каков е Креаторот,КАДЕ Е,и од кој негов ДЕЛ е некоја душа...дал од прстите на креаторот,може и од прдеж на пример креаторот да создаде душа-прдешница...значи де кажи што е работава со Креаториве и душиве и која душа од кој дел е(кажи и кинезите и црнците од кој дел на Креаторот се и дал нивните души се исти ко нашиве??)???
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Абе придонес што да ти кажам , нема 1% од тоа што се знае слободно на широката јавност , и тоа што го има е за ладење на муда.
Сумерите не знаеле за кран од 1000 тони а подигале камења со таа тежина , не знаеле за сончевиот систем ама знаеле дека има 12 планети , со к*р ли ги гледале?
http://www.thelivingmoon.com/42stargate/04images/Sumarian/Solar_System.jpg
И зошто мислиш дека би ти кажале на тебе за 2012 и тоа дека е точна приказната на Сумерите?
И ја сум го поставувал истото прашање порано со душите и популацијата ама за чудо има 10 на 20-ста сонца у универзумов и повеке , а богами и реинкарнација така да ете ти објаснување на твоето прашање.
А да ти објаснувам за тоа што е душа , тоа ти е како на слепец да му кажуваш што е светлина . Со други зборови тоа не се објаснува , тоа или се знае или не , можам до сабајле да пишувам ама нема смисла , најубаво е да си почнеш со медитација и сам да си видиш еве ти помош од мене
http://search.4shared.com/network/search.jsp?sortType=1&sortOrder=1&sortmode=2&searchName=Dogen,+the+Zen+Master.+A+Search+and+a+Fulfillment&searchmode=2&searchName=Dogen,+the+Zen+Master.+A+Search+and+a+Fulfillment&searchDescription=&searchExtention=&sizeCriteria=atleast&sizevalue=10&start=0
Медитација и љубов - две алатки за да дознаеш одговор на секое твое прашање , никој нема да ти каже, а и неможе и да сака и не слушај слепци како ти зборат за светлината види си ја сам.
Не барај научен основ у ништо , која е логиката во тоа да кога си во сон да бараш информации за тоа какви се предметите на пример во сонот .
Светов е холограм и затоа сите сме дел од едно исто и затоа постои љубов .
Све е проекција на креаторот а ние сме делчиња од него . А кај холограмите секој фрагмент ја има информацијата за целиот склоп , затоа сите сме дел од креаторот - ова нема НАСА сигурно да ти го каже.
И нормално , без паника што е наше ке си дојде , дали сега дали за милион години не е битно , важно како што вика Исус :
И мртвите не се живи и живите нема да умрат.
И патем перцепцијата на реалноста не ја перцепирај само со мозокот ,
имаш и други центри како на пример срцето и тн.
Уствари све ке ти биде јасно во состојба на - no mind.
И нез што им фали на кинезиве и црнциве?

и заборавив да пишам дека не сакав да ти докажам ништо туку да укажам на нешто
 
D

D_NazGUL

Гостин
Сумеријци!

Дали некој верува во пишувањата на Сумреијците или не е чисто субјективна работа, бидејки никој неможе да ја докаже нели. Исто така мора да се земе во обзир дека само еден (или двајца) луѓе на планетава „тврдат“ дека знаат да го читаат овој древен јазик.
Според записите на Сумеријците, Соларниот систем на самиот почеток од неговото создавање не бил во оваа денешна изведба. Значи било Сонцето (APSU-тоа што постои од почетоците), неговиот мал придружник Меркур (MUM.MU-тој што се роди) и малку подалеку од нив Тиамат (TI.AMAT-носителот на живот). Постепено се има проширено со „раѓање“ на три планетарни пара, планетите Венера и Марс (помеѓу Меркур и Тиамат), гигантиот пар Јупитер и Сатурн (после Тиамат) и Уран и Нептун најдалеку.
Во ваквиот сеуште нестабилен Соларен систем налетува еден „натрапник“ кого Сумеријците го нарекуваат Нибиру, а Бабилонците Мардук. Како поминувал покрај системот бил привлечен од неговите гравитациони сили. Првенствено минал покрај Нептун (Тој чија куќа е водата). поминувајќи покрај Нептун и Уран, според записите, овие две планети добиваат некои од сателитите. но и самата Нибиру добива сателити (за ова нема да објаснувам).
Како навлегувала повеќе во системот Нибиру била привлечена од јакото поле на Сатурн (AN.SHAR-Најдалеку од небото) и Јупитер (KI.SHAR-Најдалеку од цврстите земји). Како се доближувала кон Сатурн двете планети се судриле ("kissed their lips") и ова е моментот кој на Нибиру му ја менува засекогаш орбитата. При овој удар главниот сателит на Сатурн GA.GA (евентуалниот Плутон) се одвојува во насока на Марс и Венера (поради ретроградната орбита на Нибиру). Правејќи една голема орбита до краевите на Соларниот систем, истиот се враќа назад и останува во системот во една орбита која и ден денес понекогаш го носи Плутон помеѓу Уран и Нептун.
Но главниот момент кој го менува изгледот на Соларниот систем тек следел. Нибиру со своите седум сателити била на пат за директен судир со Тиамат и неговите 11 сателити меѓу кои најголемиот KIN.GU.
Иако биле на пат да се судрат, поради фактот дека имале спротивни орбити (Тиамат спротивно од часовникот, а Нибиру во правец на стрелките) тоа не се случило, туку сателитите на Нибиру се судриле во Тиамат и со неговите сателити. Сега за да не должам само ќе објаснам на кратко дека со оваа коализија, Тиамат се поделил на два дела. Едниот дел останал како планета (Земјата) со сателитот KIN.GU (Месечина), а останатиот дел од Тиамат го формира појасот на асероиди кој и ден денес постои.
Овие настани (плус уште неколку кои нема потреба да ги забегувам сега овде) ја создаваат новата орбита на Нибиру и ја прават 12-та планета на Сончевиот систем. Според Сумеријците потребни се 3600 години за да Нибиру сврти едно кругче у маало!
Како они сето ова го знаеле? (некој погоре праша) Е тоа е веќе интересно. Според нив, целата оваа прикаска они ја дознале од Анунаките кои дошле на планетата Земја со цел да копаат злато за да ја заштита својата планета од еколошка катаклизма (ме мрзи да објаснуем сеа ...:toe:).
Да не ги заборавиме фактите дека преводот на текстовиве е направен уште пред Војаџер 2 да ги слика Уран и Нептун и пред да видиме ние како они навистина изгледаат, а во самите текстови се дадени и бојата и големината на планетите, кои испаѓаат точни. Исто така при броењето на планетите во Сумериските текстови се идело од надвор кон внатре, како кога некој би доаѓал во Сончевиот систем.
Непак на крај можам само да заклучам дека иако постојат некои „незванични„ информации за т.н. Планета Х која ја следи НАСА, сепак ништо не е потврдено туку напротив официјалните информации велат дека ништо нема тамо надвор. (НАСА линк)
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.120
Поени од реакции
4.766
Интересно тоа погоре, иако звучи како прикаска, но ме интересира, како во толку кус временски период дознале, откриле Сумерците за тоа?
 
D

D_NazGUL

Гостин
Интересно тоа погоре, иако звучи како прикаска, но ме интересира, како во толку кус временски период дознале, откриле Сумерците за тоа?
Не разбирам како во тоа кус период, но еве да објаснам колку можам. Не се работи за кус период. Тие се тука неколку иљади години и формираат седум населби при што од името на првата „наводно“ потекнува и името Earth на нашава планета. Имено на германски јазик Earth е Erde, на старо германски е Erda, на старо англиски Erthe и да не тупам многу, на еврејски Eretz.
Според Сумеријците првата група на Анунаки која пристига тука, се на се 50-так, меѓу кои и Е.А. голем научник и првороден син на владетелот на Нибиру. Се спуштаат во Арапското море и на територијата на денешен Персиски залив ја формираат првата населба E.RI.DU (Дом во далечините). Така целата планета со тек на време е наречена по првата населба која тие ја напраиле.
 
S

smart ass

Гостин
Абе придонес што да ти кажам , нема 1% од тоа што се знае слободно на широката јавност , и тоа што го има е за ладење на муда.
Сумерите не знаеле за кран од 1000 тони а подигале камења со таа тежина , не знаеле за сончевиот систем ама знаеле дека има 12 планети , со к*р ли ги гледале?
http://www.thelivingmoon.com/42stargate/04images/Sumarian/Solar_System.jpg
Не укажа на ништо!

Каде се Месечините??

Има ли негде слика каде ги имаме месечините??

Или и они со к*р гледале 50 сонца па од толку наголемо не ги приметиле месечиниве...човече астрономијата е стара колку и човештвото и тоа е општо познато.

И зошто мислиш дека би ти кажале на тебе за 2012 и тоа дека е точна приказната на Сумерите?
Јас не чекам никој да ми каже нешто,имам свое ЈАС.

А ти??

Или сумерите ти се порелевантни од НАСА...даај жити се:pos2::pos2:

Таа слика на сумерите не е репрезент на соларниот систем...



значи тоа не е репрезент на НАШИОТ СОЛАРЕН СИСТЕМ и еј има планета надвор залутана која ќе го удри сумериецот во фаца(пред да ја удри земјата):vozbud:



Ете ти спореди од тоа чкртаниците и НАСА+Руската вселенска агенција + Европската...ти сеа УКАЖИ ИМ И НИВ.



Не барај научен основ у ништо , која е логиката во тоа да кога си во сон да бараш информации за тоа какви се предметите на пример во сонот .
Светов е холограм и затоа сите сме дел од едно исто и затоа постои љубов .
Све е проекција на креаторот а ние сме делчиња од него . А кај холограмите секој фрагмент ја има информацијата за целиот склоп , затоа сите сме дел од креаторот - ова нема НАСА сигурно да ти го каже.
Еве ти холограм



Сега ти сам праша

a ubavinata e proizvod na umot i e cista iluzija , i edno prasanje dali mojata dusa e ubava?
Значи или елаборирај или не тролувај...налик ова
А да ти објаснувам за тоа што е душа , тоа ти е како на слепец да му кажуваш што е светлина
Ако за нешто немаш научен основ тогаш не го шлапај за џабе.

И нез што им фали на кинезиве и црнциве?

Епа како тоа креаторот да замешал раси ако е еден и единствен...башка што има минимум 1% генетска разлика се разбира во зависност од условите.

А со ова
не знаеле за сончевиот систем ама знаеле дека има 12 планети , со к*р ли ги гледале?
Всушност докажа дека не укажа НИШТО и со медитации,башка холограми:pos2:

А вака ме интересира кои се тие планети баш 12 планети??

А да и сумерите кревале и 50 000 тони ако не знаеле за кран:pos2:

Интересно тоа погоре, иако звучи како прикаска, но ме интересира, како во толку кус временски период дознале, откриле Сумерците за тоа?

Сумерите го знаеле и периодниот систем на Елементите пред Менделеев да го среди,исто така ете и сателитите ги знаеле...ама некако на сликата на соларниот систем ги нема...:toe:

Филмање само...
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Ме мрзи да листам 114 страни, но малце поодамна читав нешто за тие анунаки и сумерите, научникот кој ги тврдеше овие работи, Захарија Ситчин прилично школовано старче, а според википедија неговите преводи и тврдењеа се аргументирано оспорувани од голем дел археолози, историчари и физичари.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.120
Поени од реакции
4.766
Не разбирам како во тоа кус период, но еве да објаснам колку можам. Не се работи за кус период. Тие се тука неколку иљади години....
Е па тоа. Неколку илјади години мислам дека се малку за да се утврди орбитата на наводната Нибиру, особено ако се знае дека еден круг околу Сонцето (има и теорија дека кружи околу неутронска ѕвезда) го завртува(ла) за приближно 3600 години. (според кажувањата). Е сега, во денешно време е прилично лесно да се утврди траекторија, оддалеченост, маса на едно небесно тело итн, но дали тогаш Сумерците биле во можност да го направат тоа?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom