Сумеријци!
Дали некој верува во пишувањата на Сумреијците или не е чисто субјективна работа, бидејки никој неможе да ја докаже нели. Исто така мора да се земе во обзир дека само еден (или двајца) луѓе на планетава „тврдат“ дека знаат да го читаат овој древен јазик.
Според записите на Сумеријците, Соларниот систем на самиот почеток од неговото создавање не бил во оваа денешна изведба. Значи било Сонцето (APSU-тоа што постои од почетоците), неговиот мал придружник Меркур (MUM.MU-тој што се роди) и малку подалеку од нив Тиамат (TI.AMAT-носителот на живот). Постепено се има проширено со „раѓање“ на три планетарни пара, планетите Венера и Марс (помеѓу Меркур и Тиамат), гигантиот пар Јупитер и Сатурн (после Тиамат) и Уран и Нептун најдалеку.
Во ваквиот сеуште нестабилен Соларен систем налетува еден „натрапник“ кого Сумеријците го нарекуваат Нибиру, а Бабилонците Мардук. Како поминувал покрај системот бил привлечен од неговите гравитациони сили. Првенствено минал покрај Нептун (Тој чија куќа е водата). поминувајќи покрај Нептун и Уран, според записите, овие две планети добиваат некои од сателитите. но и самата Нибиру добива сателити (за ова нема да објаснувам).
Како навлегувала повеќе во системот Нибиру била привлечена од јакото поле на Сатурн (AN.SHAR-Најдалеку од небото) и Јупитер (KI.SHAR-Најдалеку од цврстите земји). Како се доближувала кон Сатурн двете планети се судриле ("kissed their lips") и ова е моментот кој на Нибиру му ја менува засекогаш орбитата. При овој удар главниот сателит на Сатурн GA.GA (евентуалниот Плутон) се одвојува во насока на Марс и Венера (поради ретроградната орбита на Нибиру). Правејќи една голема орбита до краевите на Соларниот систем, истиот се враќа назад и останува во системот во една орбита која и ден денес понекогаш го носи Плутон помеѓу Уран и Нептун.
Но главниот момент кој го менува изгледот на Соларниот систем тек следел. Нибиру со своите седум сателити била на пат за директен судир со Тиамат и неговите 11 сателити меѓу кои најголемиот KIN.GU.
Иако биле на пат да се судрат, поради фактот дека имале спротивни орбити (Тиамат спротивно од часовникот, а Нибиру во правец на стрелките) тоа не се случило, туку сателитите на Нибиру се судриле во Тиамат и со неговите сателити. Сега за да не должам само ќе објаснам на кратко дека со оваа коализија, Тиамат се поделил на два дела. Едниот дел останал како планета (Земјата) со сателитот KIN.GU (Месечина), а останатиот дел од Тиамат го формира појасот на асероиди кој и ден денес постои.
Овие настани (плус уште неколку кои нема потреба да ги забегувам сега овде) ја создаваат новата орбита на Нибиру и ја прават 12-та планета на Сончевиот систем. Според Сумеријците потребни се 3600 години за да Нибиру сврти едно кругче у маало!
Како они сето ова го знаеле? (некој погоре праша) Е тоа е веќе интересно. Според нив, целата оваа прикаска они ја дознале од Анунаките кои дошле на планетата Земја со цел да копаат злато за да ја заштита својата планета од еколошка катаклизма (ме мрзи да објаснуем сеа ...
).
Да не ги заборавиме фактите дека преводот на текстовиве е направен уште пред Војаџер 2 да ги слика Уран и Нептун и пред да видиме ние како они навистина изгледаат, а во самите текстови се дадени и бојата и големината на планетите, кои испаѓаат точни. Исто така при броењето на планетите во Сумериските текстови се идело од надвор кон внатре, како кога некој би доаѓал во Сончевиот систем.
Непак на крај можам само да заклучам дека иако постојат некои „незванични„ информации за т.н. Планета Х која ја следи НАСА, сепак ништо не е потврдено туку напротив официјалните информации велат дека ништо нема тамо надвор. (
НАСА линк)