си читам и ќе си читам, а тоа кому и како ќе одговорам и со кого ќе си комуницирам тоа си е исто така мое задоволство. Јас ќе си правам емисија како што сметам дека е најдобро. Оние кои ќе ја гледаат ќе ми бидат репер, оние кои не- нема веза и тие си имаат свои ставови кои треба да си ги испочитуваме и да си продолжиме по замислените патеки. Не знам што толку коментари за тоа каков сум и кој колку ме сакал или не ме сакал да ме гледа. Едноставно тоа е тоа. Понекогаш убавината е и во самата интеракција. И нормално, ако сум на еден медиум кој го има и форумов дека ќе бидам и овде присутен, секогаш кога ми дозволува слободното време. А за тоа дали исправам криви-дрини, исто така е мое лично задоволство. Со некои луѓе навистина ми е ќеиф и да „исправам„ и да останам во комуникација, оние конструктивните. Никогаш никој не може да ја добие целата публика „во плус„. Ниту е возможно а ниту некогаш некому се случило, дури ни на Горан Милич ни на Лери Кинг... а за ТОПКИ и она што го работам за МК медиуми уште помалку, што е многу нормално. Затоа Благодарност до сите кои ми посакуваат убав и успешен старт и исто така Благодарност и позитивна енергија и за оние кои ниту ме гледаат (а сепак ме плукаат). Јас сум истиот оној кој го знаете и понатаму
Поз, се читаме наскоро од „лице место„...за ден-два...
--- надополнето: 24 август 2012 во 08:59 ---
ДА. Бев и сум сеуште Фан на Лацио. И единствен од МК кој направи документарец за Горан Пандев во Лацио, влезе во соблекувалната и тренираше со нив, под палката на Делио Роси. Еве ти го првиот дел од тој филм а ти пронајди ги и останатите 4, ги имаш на истата страна на јутјуб
http://www.youtube.com/watch?v=pyga1k8bquo&list=UUP8i87vdTlCOroZJ4BEflSg&index=44&feature=plcp
Со тој докуметарец затворив една приказна која сум ја сонувал сиот мој живот. Исто како со Барселона што ќе завршам со интервјуто кое го очекувам со Марадона. Со Меси ми беше една преодна фаза кон него, кој за мене и лично е најдобриот на сите времиња, нели.
Инаку Хајдук, Барселона и Аргентина, тоа ми биле отсекогаш имиња со кои сум растел. Сега живеам во Барселона и веќе 5 години и јас и ќерка ми сме Соси на клубот. И бевме првите од МК.