naumdb
Кајгана Менаџер!!!
- Член од
- 5 јуни 2007
- Мислења
- 9.015
- Поени од реакции
- 5.680
Во исчекување на најновиот текст (т.е. како тоа судиите го спречиле месијата пратен од горе да ја изврши својата задача)...
Да не се заборави
Филе 2010 (за жал остатоци):
Филе 2013 (цел текст, да не го снема мистериозно од нет некогаш):
Да не се заборави
Филе 2010 (за жал остатоци):
![](http://i34.tinypic.com/4izjsz.png)
Филе 2013 (цел текст, да не го снема мистериозно од нет некогаш):
http://kajgana.com/mesija-nosi-fkb-na-vembli-ushte-vecherva-ili-ne
ФК Барселона има историска шанса да направи силен исчекор во вечерашниот натпревар. Не дека Баерн Минхен е слаб тим, напротив, да се победи толку силниот и доста стабилен баварски тим кој веќе стана шампион во Германија и кој скоро и да нема лоша аплитуда во последниве натпревари е повеќе од само одличен резултат.
Баерн Минхен, што би се рекло наједноставно, „гази“ се пред себе. Додека Барселона одвај спојува 90 миниути во континуитет за три бода. Но, отсуството на неколкумина се чувствува, многу. Пујол, нема да биде во функција, иако се очекува во реваншот. „Масче“ исто така.
Многу е важно каде, како и колку ќе бидат активно позиционирани во своите стандардни улоги останатите во овој двомеч кој почнува вечерва. Пике, Алба, Буске, Меси и Педро. Битна линија на поврзување на вертикалата. Бартра во својот можеби и најважен и најавторитативен меч и можноста Аби да биде од неопходна помош со своето искуство, барем на првиов меч. (иако може да се претпостави дека поголеми се шансите Аби да стартува од клупа, евентуално) Ако игра Меси се ќе е полесно. (а ќе игра скоро 100%)
И самите фудбалери ја имаат дури и сопствената самодоверба на многу повисоко ниво кога знаат дека тој ја „лепи“ топката онаму каде што е потребно. Знаат дека дури и да загусти кој е тој што може со мало волшепство, движење кое отвара доволна чистинка за упатување на шут, да ја реши ситуацијата во корист на помирен и полесен реванш на Камп Ноу. Кога е тој тука, автоматски повлекува 2-ца до 3-ца фудбалери со многу повисока концентрација на внимание во простор од дваесетина метри пред голот, што пак од друга страна остава поширок простор за манипулирање на Иниеста, Чави, Алвеш, Алексис или Педро.
Тоа е нешто од кое стравува и Јуп. Тоа е нешто кое и до детал да му го објаснува Пеп, нема да може да го реши со „волшебно стапче“. А сега дополнителен проблем ќе му биде отсуството на Манџукиќ. Не само во позиција на напад, прашање е и колку во ваква констелација Боатенг и Данте ќе бидат сопирачка за блауграна по централните движења кон голот на Баерн. А Швајнштангер веројатно ќе ја има и најтешката улога вечерва, како да се пробива во атак кога пред себе ќе ги има Чави, Буске и Иниеста и во обратна насока во обранбена фаза. Сето тоа со екстремно брзи транзиции во двата правци ќе треба да биде поливалентен и кон Мартинез и кон Милер и кон Рибери и кон кој и да е на нивните позиции. Добро е да го паметиме сите моментов, па да се потсетиме кога ќе дојде повторно време, кога следната сезона Пеп со истава екипа (или барем скоро иста во костур) ќе се спротивстави на „Титовата Барса“. Дали тогаш ќе има решение за волшепствата на Меси кого го знае „како дише“?
Веројатно не, исто како што тешко ќе се соочува и Јуп вечерва.
Баерн и Барса се екипи како и оние утре, квалитетни и моќни. А ќе бидат споритвставени една против друга. Да, можеме за првпат да се сложиме до некаде дури и со Роура и неговиот став, дека ќе одлучуваат детали.
Ќе одлучуваат детали, дури и оние на Касаи, кои ако евентуално ги има во негативен контекст, можат лошо да влијаат по конечниот исход за Финале. Бидејќи, статистички сепак, ова се две силни екипи каде разликите се мали, посебно кога се игра во оваа фаза кога многу се мали шансите за исправка.
Но, субјективно, ако правиме анализа на се` што досега видовме, како кредитирање на иднината врз основа на минатото, кое за дел од мигот би можеле да го синхронизираме низ натпреварите со Милан и ПСЖ, да донесеме претпоставка дека Барселона ќе направи знаечен исчекор кон Вембли. Прво е поиздржлива во својата философија. Второ, може да се очекува дека Тито ќе направи мало дистанцирање од досегашните развлечени по хоризонтала линии, на сметка на штедење на Меси и побрзо вертикално пробивање во контра, кога е тоа можно. Тоа нормално дека повлекува помал посед на топка (кој им помага во одмарање и задржување на време, посебно при позитивен резултат), но вреди да се проба од проста причина што ако не успее, има шанса за балансирање со нерешен резултат и удар во реваншот со стандардата философија, која иако конзервативна, сѐ уште функционална.
Јуп ќе мора да се намачи добро за да може да создава предност каква ја одработуваше на натпреварите од Бундеслигата. Но, како и да е ќе биде и тоа како конкурентен до самиот крај.
Во корист му оди и статистиката која ја има до денешниов натпревар. 19 победи од 22 натпревари. 14 победи од 15 натпревари во Бундеслигата, 3 победи од 5 натпревари во Лигата на шампионите и 2 победи од два натпревари во купот на Германија.
На крај веројатно ќе биде среќен и Платини и УЕФА бидејќи „прашањето за кеш“, скоро и да ќе е загарантирано. Финале со најсилните, најскапите екипи и фудбалерите кои ги држат титулите на најдобри, најскапоцени и најпопуларни, е повеќе и од очекуваното како завршница на една убава и атрактивна фудбалска европска сезона.
Утре, мала кратка анализа и очекувања од Дортмунд за вториот шпански претставник во Лигата на Шампионите. А дотогаш ќе уживаме во вечерашниот натпревар исто како и навивачите на Алианц за кои со фудбалот се подготвени и 40.000 чаши пиво, 15.000 сокови и 20.000 колбаси во лепче, нешто што оној кој не бил „во живо“ тешко дека и ќе може да го забележи преку ТВ.

![](http://i35.tinypic.com/28qusxv.jpg)