„Топки“ со Филе на Кајгана! (http://kajgana.com/topki)

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.003
Поени од реакции
5.648
А ЕВЕ ГО И ЛИНКОТ ОД ТЕКСТОТ НА ФБ...НЕ Е ИЗБРИШАН, НИТУ НЕКОГАШ ЌЕ БИДЕ!
http://www.facebook.com/notes/igor-filevski/холандија-го-враќа-ел-диего-во-иднината/408940251629
Не е ова текстот... мислам дека беше дуел, фан vs. фан за 24 фудбал со Дарко од Фан клуб Баерн, не ми текнува како му е user-от тука... Ама таму го нема тој текст.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.922
Поени од реакции
8.798
:) си читам и ќе си читам, а тоа кому и како ќе одговорам и со кого ќе си комуницирам тоа си е исто така мое задоволство. Јас ќе си правам емисија како што сметам дека е најдобро. Оние кои ќе ја гледаат ќе ми бидат репер, оние кои не- нема веза и тие си имаат свои ставови кои треба да си ги испочитуваме и да си продолжиме по замислените патеки. Не знам што толку коментари за тоа каков сум и кој колку ме сакал или не ме сакал да ме гледа. Едноставно тоа е тоа. Понекогаш убавината е и во самата интеракција. И нормално, ако сум на еден медиум кој го има и форумов дека ќе бидам и овде присутен, секогаш кога ми дозволува слободното време. А за тоа дали исправам криви-дрини, исто така е мое лично задоволство. Со некои луѓе навистина ми е ќеиф и да „исправам„ и да останам во комуникација, оние конструктивните. Никогаш никој не може да ја добие целата публика „во плус„. Ниту е возможно а ниту некогаш некому се случило, дури ни на Горан Милич ни на Лери Кинг... а за ТОПКИ и она што го работам за МК медиуми уште помалку, што е многу нормално. Затоа Благодарност до сите кои ми посакуваат убав и успешен старт и исто така Благодарност и позитивна енергија и за оние кои ниту ме гледаат (а сепак ме плукаат). Јас сум истиот оној кој го знаете и понатаму :) Поз, се читаме наскоро од „лице место„...за ден-два... :)
--- надополнето: 24 август 2012 во 08:59 ---


ДА. Бев и сум сеуште Фан на Лацио. И единствен од МК кој направи документарец за Горан Пандев во Лацио, влезе во соблекувалната и тренираше со нив, под палката на Делио Роси. Еве ти го првиот дел од тој филм а ти пронајди ги и останатите 4, ги имаш на истата страна на јутјуб http://www.youtube.com/watch?v=pyga1k8bquo&list=UUP8i87vdTlCOroZJ4BEflSg&index=44&feature=plcp
Со тој докуметарец затворив една приказна која сум ја сонувал сиот мој живот. Исто како со Барселона што ќе завршам со интервјуто кое го очекувам со Марадона. Со Меси ми беше една преодна фаза кон него, кој за мене и лично е најдобриот на сите времиња, нели. :)
Инаку Хајдук, Барселона и Аргентина, тоа ми биле отсекогаш имиња со кои сум растел. Сега живеам во Барселона и веќе 5 години и јас и ќерка ми сме Соси на клубот. И бевме првите од МК.
Добро знам за документарецот, сум го гледал :) .. значи мердаш си бил ц ц ц :D

ајде не е важно, како и претходно што пишав, нема да можам да ја гледам твојата емисија на нет, да беше на тв би ја гледал, вака тешко, но ти посакувам успех и голема гледаност ;)

и за крај да те кажам дека Меси дошол до Тоти и побарал да се слика со него :cool::cool:
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.929
Поени од реакции
500
Влегувам на темата со цел да видам каква ќе биде новата сезона на "Топки" и што новости ќе има и што да видам, се освен муабет за емисијата.:confused:

Не сакам да заземам страна меѓутоа не можам да сватам како може да се критикува нешто кое се уште не е почнато. Ајде да беше прикажана барем некоја емисија па да имаше критика некако и ќе сватев, ама вака му доаѓа дека е важно само да се хејта. Ако нешто не ми се допаѓа откако ќе почне да се емитува "Топки" јас ќе бидам прв кој ќе пише критика, се со цел да се подобри и да се задоволи вкусот на нас гледачите.

Настрана каков човек е Филе (јас не го ни познавам), на некого може да му се допаѓа на друг не, меѓутоа тоа што навива за Барса не дава за право да се критикува дека е пристрасен. Впрочем сите ние навиваме за некој клуб. Еве јас не навивам ниту за Реал ниту за Барса и за мене она што можам да го видам во неговата емисија ми е сосем ок. На крајот на краиштата кого не му се допаѓа не мора да го гледа. Колку што знам нема обврска со логирање на Кајгана да мора да се гледа "Топки".

Уште повеќе што најголем дел од критиките доаѓаат од луѓе кои тврдат дека нема да го гледаат.

Единствено би му забележал што се впушта во дискусија со сите (тука мислам и на оние чие мислење е до некаде издржано но пред се на оние чија едиствена цел е да испровоцираат). Нема апсолутно никакви шанси да им го смени нивното мислење а може единствено да си го уништи угледот кај неутралните.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.003
Поени од реакции
5.648
File X File, не треба твоите одговори да се филтрирани... барем не како што ги филтрираше кога ти гостуваа Хари или Јонуз ;)
 

File X File

X Ego-trip Killer :-)
Член од
21 август 2009
Мислења
100
Поени од реакции
38
(криво ми е што еден мој запис некако исчезна, амаверојатно по моја грешка, па сега пак би морал да го напишам, ќе пробам да се држам пак до суштината од истиот)

Не знам само зошто многу се разговара за тоа дали јас сум смеел или не сум смеел да одговарам некому или да реплицирам, као демек не ми доликувало!?!? Зошто да не го правам тоа, ако тоа ми е задоволство. Нормално никогаш никого не навредувам и покрај тоа што читам се и сешто з мене :) ...Мене тоа прво ниту ме навредува а пак воопшто не ми претставува проблем. А тоа дали одгвоарам или не е апсолутно задоволство чим сум тука. Секој може да пишува што сака и како што си сака нека си гледа на работите. Јас си возам, и така секој по своите патеки. А тоа што влегувам во сите комуникации, тоа за мене е многу нормално. Јас сум истиот каде и да сум, и на улица и во кафана и во парк и дома. Затоа еве уште еднаш препорака за сите оние кои се чудат нека ја најдат Орлов Дар од Карлос Кастанеда и ќе прочитаат убава книга во која (иако е ова маладигресија од темата) ќе сфатат што значи слободна и вистинска комуникација. А тоа јас кому ќе одговорам а кого ќе игнорирам е исто така мое задоволство, нели. Затоа не гледам воопшто зошто некои се натегаат околу тоа дали требам или не требам да сум тука и да одговарам некогаш и на индолентимуабети. Замене сите муабети кои ги одговарам се интересни и забавни. Немој да мислите дека нешто ме прави нервозен или под стрес. Апсолутно. Јас сум си овде од забава и од ќеиф. Така да секој може да си каже што си сака... Јас исто така ќе сум си тука и ќе си одговарам секогаш додека ми е забавно и додека ми е интересно... така да , секој со своите патеки низ животот... Затоа , секому му посакувам убав ден и макс позитивна енергија :))))
--- надополнето: 24 август 2012 во 15:57 ---
File X File, не треба твоите одговори да се филтрирани... барем не како што ги филтрираше кога ти гостуваа Хари или Јонуз ;)
хахахахахахах...филтрирав само навредливи содржини...сепак искрено,не сакам плукања... нема смисла, кој и да е.... тоа се мои ставови :)
--- надополнето: 24 август 2012 во 16:06 ---
Филе да е за Барса но сепак професионално си ја врши работата и не се однесува барем во емисија анти-реал....човекот можеби некогаш има чудни идеи но сепак тој сака да пренесе нешто што видел во светот за нашето добро...
:))))))) само ме интересира ова „некогаш има чудни идеи„ ? ... да ми го дообјасниш...баш сум љубопитен за што се однесувало :)))) ова е најискрено и најљубопитно мое прашање... голем поздрав и до тебе пријателе :) Благодарам однапред за одговорот :)
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.926
Поени од реакции
839
:))))))) само ме интересира ова „некогаш има чудни идеи„ ? ... да ми го дообјасниш...баш сум љубопитен за што се однесувало :)))) ова е најискрено и најљубопитно мое прашање... голем поздрав и до тебе пријателе :) Благодарам однапред за одговорот :)
Можеби тогаш на брзинка лошо се изразив сакав да кажам несвојствени идеи за нашево поднебје кои не се секогаш широко и добро прифатени но сепак некој треба да почне инаку никогаш нема ни да ги видиме што е за поздрав...чудно ми е залагањето за женскиот фудбал бидејќи не сум љубител но видов дека за кратко време може нешто многу солидно да се направи..истотака интересно и несвојствено е за водењето на емисиите преку директни репортажи од Шпанија и слично...на фејсбук ги читам твоите ставови но сега не се присeтувам на некои интересни и повторно ќе кажам несвојствени мисли за нас...можеби сме малку затуцани но треба некој да не просветли :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.932
Поени од реакции
73.433
Абе земете напрајте некоја емисија за Македонски фудбал, ме заболе курац за познативе екипи за кои можам да најдам милијарда информации и за нивото на водата во шољите во вецињата на нивните помошни игралишта...
 
В

Ваздух

Гостин
Уште не ви кажал дека Примера е најдобара лига во светот и е светлосни години пред другите и дека Меси е ГоспоТ БоК?
 

File X File

X Ego-trip Killer :-)
Член од
21 август 2009
Мислења
100
Поени од реакции
38
Можеби тогаш на брзинка лошо се изразив сакав да кажам несвојствени идеи за нашево поднебје кои не се секогаш широко и добро прифатени но сепак некој треба да почне инаку никогаш нема ни да ги видиме што е за поздрав...чудно ми е залагањето за женскиот фудбал бидејќи не сум љубител но видов дека за кратко време може нешто многу солидно да се направи..истотака интересно и несвојствено е за водењето на емисиите преку директни репортажи од Шпанија и слично...на фејсбук ги читам твоите ставови но сега не се присeтувам на некои интересни и повторно ќе кажам несвојствени мисли за нас...можеби сме малку затуцани но треба некој да не просветли :)
Благодарам уште еднаш :) .... нема веза дали било вака или онака кажано, важен ми беше контекстот... :)) се надевам дека наскоро ќе има уште многу чудни или несвојствени (како и да се) идеи... тоа , да бидам искрен, ме прави најсреќен и најпозитивен... сакам да експериментирам со се` во фудбалската презентација на медиумите... :) Затоа и утринава бев и кај Илчо Горѓиоски (ФФМ) да напраам еден краток муабет за да ми се овозможат „движења„ со кои и МК - репрезентативниот фудбал на еден друг начин ќе го имплеметирам во моите нови идеи... се надевам дека ќе успеам :)
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.401
Поени од реакции
16.631
Абе земете напрајте некоја емисија за Македонски фудбал, ме заболе курац за познативе екипи за кои можам да најдам милијарда информации и за нивото на водата во шољите во вецињата на нивните помошни игралишта...
Не спаѓа тој фудбал у остварувањето на големи лични цели.
Пре би направиле емисија за женски фудбал, е тоа ти се големи цели за остварување.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom