Ми недостига атмосферата,времето во кое утре моите деца нема да живеат (заради глупавата технологија),ми недостига ластикот,жмурката,сакате ли војна ,прва жичка за водичка, плочка,џамија, нинтендо во доцните часови, возењето ролерки ,јадење сончоглед пред зграда и зборење за страшни работи... До ден денешен солзи на очи ми доаѓаат од помислата во каков совршен детски свет живеев ,растев со цртани и сликовници,а не со компјутери и насилнички филмови,со вистински дечиња, а не фејсбук пријателчиња...