Што ви недостига од детството?

Член од
6 септември 2009
Мислења
2.661
Поени од реакции
1.293
Ми фали старото маало, зашто таму ги имав најубавите моменти од детството,ми фали да ги играм игрите што ги играв како дете, ми фали безгрижноста.
Сега се би дал да се вратат тие години, но животот иде даље.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.998
Поени од реакции
12.656
Ми недостига игнорантноста, ми недостига цврстата убеденост дека можам да летам(среќа што не се обидов хахаха), ми недостига симпатијата која ги будеше пролетните пеперуги во стомаков, ми недостига безгрижноста, ми недостига појадокот од баба ми, ми недостига снегот и снежните лудории, смрзнатите прсти, влажната облека...ми недостига мирниот сон, невиноста, насмевката...искрената насмевка, невината насмевка, ах таа најмногу ми недостига...:(
 

Spaski

Vita - Amore - Riso
Член од
31 јануари 2009
Мислења
263
Поени од реакции
11
Мислам дека единствено ми недостига безгрижноста. Сега има толку многу работи што ми го оттргнуваат вниманието, а тогаш, ќе си станеш наутро, цел ден си правиш што сакаш, воопшто не ти е гајле што се случува, како се случува, не пратиш вести...ама воопшто ништо не те интересира...
еххх, тоа беа денови...
 

leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
Се, баш се ми недостига. Безгрижноста, игрите...општо маалото во кое живеев .
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
ТАСО ЖЕТОНИ !!!!!
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Чесноста на повеќето луѓе,маалското живеење,слободата која ја имавме,пријателствувањето,игрите...
Сега ништо од тоа нема и уште многу...
 
H

HITCH

Гостин
Само луѓето кои се починати, а ми значат премногу :toe:
 
С

стерео мц

Гостин
ми недостига безгрижното седење пред зграда со другарите играњето на жмурки,граница....и што ли уште не !!
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Ќе пишам коментар за неколку години. До тогаш завидувајте ми:smir:
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Младоста!.:smir::smir::smir::smir::smir::smir:
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
Играње игри по цееееел дееееен. Од каубојци индијанци, до кошарка по дожд, џамлии, пинг понг на табла што ја мафнавме од во војска (леле каква беше никаква ко ке ми текнит ама за тогаш беше најуба :nesvest: :) )
Од тв: опстанок со волчко
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.556
Дремењето цел ден пред кош и играње разно разни игри. :(
 

Tired..

of fаke fаces
Член од
16 октомври 2010
Мислења
150
Поени од реакции
19
Ахх.. I miss my childhood sooo much!
Можам да кажам дека целото детство ми недостига. Секој изминат ден ми беше поубав од сега. Најубавото е тоа што тогаш за ништо не му се секирав како сега. Главната преокупација ми беше побрзо да излезам да си играм, да уживам. Ми недостига тоа дружење, тој детски џагор.. ми недостигаат сите поминати детски денови. Таа насмевка на лицето што ми се чини дека не се тргаше. :icon_bigg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom