Цитати

Член од
12 март 2011
Мислења
376
Поени од реакции
1.234
Те љубам. Јас сум тоа што сум само поради тебе. Ти си секоја причина, секоја надеж и секој сон што сум ги имал во животот и без оглед на се што ќе се случи со нас во иднината, секој ден што го поминуваме заедно е најголемиот ден во мојот живот. Секогаш ќе бидам твој.
И сакана моја, ти ќе бидеш секогаш моја..
-Никола Спаркс
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
"Оти, во заслепена љубов никогаш не ти се останува без него. Како трн да си носиш в срце.
И тогаш и својот живот не си го гледаш без неговиот. Не можеш ни да си замислиш дека го имаш.
Како некој друг да живее со твоето тело.
Останало проклетството: на секоја жена да и треба некој на кого ќе може постојано да мисли и да го чека...."

Петре М. Андреевски
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Сите ние, апсолутно сите, сме инвалидизирани и искривени. Повеќето од нас очајнички се трудат да ја истераат својата обезличеност од видикот и од мислите. Алхемијата на душата ги претвора нашите страдања во зависности, чирови, мозочни удари, омраза, дури и војни. Но еден многу мал број луѓе, кои слободно можеме да ги наречеме ангели, се појавуваат непредвидливо во нашите животи и не спречуваат да бегаме од себеси. Седејќи во "Линкс", ранет и сам, знаев дека барем имав среќа да најдам еден ангел.

Последниот пасус од романот "Негирање" на Кит Аблоу
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
„...Да знаев дека сте вакви, ќе ве издркав во чаша!“ - Димитрија - Диво Месо (ГОран Стефановски)
 
Член од
22 септември 2010
Мислења
130
Поени од реакции
27
“People are afraid of themselves, of their own reality; their feelings most of all. People talk about how great love is, but that’s bullshit. Love hurts. Feelings are disturbing. People are taught that pain is evil and dangerous. How can they deal with love if they’re afraid to feel? Pain is meant to wake us up. People try to hide their pain. But they’re wrong. Pain is something to carry.”
— Jim Morrison
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
"Ja sam najmiroljubivije nastrojen. Moje žele su sledeče: skromna koliba, slamni krov; ali dobar krevet, dobra hrana, sasvim sveže mleko i buter, ispred prozora cveče, ispred vrata lepo drveče. Ako bi dragi Bog hteo da me učini sasvim srečnim, omogučio bi mi da doživim radost što je to drveče obečeno šest-sedam mojih neprijatelja. Ožalosčena srca, pre smrti bih im oprostio sve nedače koje su mi pročinili za života. Da, neprijatelju se mora oprostiti, ali tek kada je obešen."
Hajne, Misli i dosetke
Јас го најдов како цитат кај Фројд, во „Nelagodnost u kulturu“ (не знам на македонски како е преведен насловот, зошто ние имаме доста креативни преводи), во контекст на објаснување на нелогичноста во принципите на христијанството.
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Čovjek uvijek može navući masku na lice, a u sebi ostati onaj koji je bio. Ali šta ako maska sraste s licem? S vremenom ti postane sve teže igrati dvostruku igru, pa počneš sam sebe uvjeravati da doista i misliš to što govoriš, kako bi u vlastitim očima ostao čist. Ukratko, mozak ti se okameni. – Ivo Brešan
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
„Заморни се средбите со луѓето, човек при тоа мора брзо да се снаоѓа. Внимаваш да не те излажат во разговорот, однапред да погодиш на која страна и припаѓаат и што се крие зад лагите што ги прикажуваат, никако да не им откриеш нешто важно, со итрина да не доловат кој си и каде ќе одиш. Тоа е секогаш тешко, а понекогаш не успева и покрај најдобрата подготовка. По тие разговори самиот себеси си прилегам на куче што храбро се колело и одвај, со рани, живо се извлекло.“


„Овдека сега нема друг извор на заработка, затоа некои би те продале.“
„Веројатно. А по што ќе ги познаам?“
„Уценет си, за пари се прави сè, никому немој да веруваш!“
„Лошо ако веруваш, а полошо ако не веруваш. Некаде човек мора да заглави - инаку би живеел сто години, а тоа е многу.“



„Лелејска гора“ - Михаило Лалиќ
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.818
Поени од реакции
7.132
Ако сакаме да го промениме светот и да го направиме подобро место за живеење, мислам дека патот до таа цел не не‘ води низ разговори за односи кои се од политичка природа, кои се неизбежно дуалистични, полни со субјекти и објекти и со нивните меѓусебни врски; ниту пак низ програми полни со нешта кои другите луѓе треба да ги прават. Мислам дека тој вид пристап почнува на крајот и дека претпоставува дека крајот е почеток. Програмите од политичка природа се важни крајни производи на општествениот Квалитет, кои можат да бидат делотворни само доколку скриената структура на општествените вредност е во ред. Општествените вредности се во ред само доклку поединечните вредности се во ред. Местото каде треба да се поправа светот најнапред лежи во сопственото срце и главата и рацете, а потоа од таму треба да се работи врз околината. Некој друг можеби може да говори за тоа како да се подобри судбината на човештвото. Јас сакам да говорам само за тоа како се поправа мотор. А мислам дека ова што морам да го кажам има потрајна вредност. Роберт М. Пирсиг
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
“I felt very still and empty, the way the eye of a tornado must feel, moving dully along in the middle of the surrounding hullabaloo.” -- Sylvia Plath, The Bell Jar

“I desire the things that will destroy me in the end.” — Sylvia Plath
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Who shall measure the heat and violence of the poet's heart when caught and tangled in a woman's body?
Virginia Woolf

When the shriveled skin of the ordinary is stuffed out with meaning, it satisfies the senses amazingly.
Virginia Woolf
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
... Во животот, најважната работа е среќата. Некои се среќни, некои не можат да бидат среќни. Се разбира мнозинството се наоѓаат меѓу овие две категории. Во тие денови бев многу среќен, но не сакав да го забележам тоа. Сега, по многу години, сметам дека незабележувањето е најдобриот начин да се сочува среќата. Но јас, мојата среќа не ја забележував не за да ја сочувам, не ја забележував бидејќи се плашев од несреќата што надоаѓаше од длабочините...

Орхан Памук - Музеј на невиноста
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
„Своето сопствено, волно и слободно сакање, својот сопствен, па колку и да е најбесмислен каприц, својата фантазија, понекогаш раздразнета дури до поулавеност-ете токму тоа и е онаа испуштената, најполезната полза што не потпаѓа во никаква класификација и од која постојано одат по ѓаволите сите системи и теории.“

„Видете, разумот, господа, е убава работа, тоа не може да го оспори никој, но разумот си е само разум и ја задоволува само способноста на човекот за расудување, а пак сакањето е појава на сиот живот т.е. на сиот човечки живот и со разумот и со сите други драпаници. Па иако нашиот живот во тоа пројавување честопати се покажува како штогодерштина туку сепак е живот, а не само извлекување на квадратен корен.“

„Иако вашиот ум дејствува, вашето срце од разврат е помрачено, а без чисто срце- не може ни да се има потполно и правилно сознание.“

„Записи од подземјето“-Ф.М. Достоевски
 

Kajgana Shop

На врв Bottom