Цитати

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.816
Поени од реакции
7.128
Извадок од ,, Чума '' од Албер Ками

Ќе му честитаме ли посебно на учителот што учи дека два по два се четири? Ќе му честитаме можеби што ја избрал таа убава професија. Треба да кажам, значи, дека беше за пофалба тоа што Тару и други се решија да докажат оти два по два се четири, место да го докажуваат обратното, но исто така треба да се каже дека нивната добра волја е исто како и таа на учителот, место да го докажуваат обратното, но исто така треба да се каже дека нивната добра волја е исто како и таа на учителот, дека ја делеле сите оние кои имале срце, како споменатиот учител, а на чест на човекот се побројно одошто обично се мисли, во што во најмала рака. Тој многу убаво го гледа приговорот што би можел да се изнесе против неговите сфаќања: тие луѓе си го ризикуваат својот живот. НО СЕКОГАШ ВО ИСТОРИЈАТА ИМАЛО МОМЕНТИ КОГА ОНОЈ КОЈ СЕ ОСМЕЛУВАЛ ДА КАЖЕ ДЕКА ДВА ПО ДВЕ СЕ ЧЕТИРИ, БИДУВА КАЗНЕТ СО СМРТ. Учителот тоа добро го знае. И прашањето не е во тоа дали да знаеме каква е наградата или казната за тоа сфаќање. Прашање е дали е ( да или не ) два по два се четири.
http://www.facebook.com/notes/andrea-kocev/%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BA-%D0%BE%D0%B4-%D1%87%D1%83%D0%BC%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D0%B5%D1%80-%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B8/176233812507947
 
D

Deleted member 55587

Гостин
-Беше стуштена,напрегната,лута на самата себеси.Никогаш не беше наседнала на провокација,од малечка беше научила дека во секоја нова ситуација треба да се остане воздржан и ладнокрвен.Па сепак,тие лудаци кај неа успеаја да предизвикаат срам,страв,гнев,желба да ги здроби,да ги повреди со зборови што не се осмели да ги изговори.
-Никогаш не сум се борела за глупости!
-Секој од нас е луд на свој начин.
-Отсекогаш ги мразеше разделбите.
-Што всушност е реалноста?
-Горд затоа што не е сфатен.На крајот на краиштата тоа е цената што мора да ја плати секој гениј.
-Зошто не издржа,што можеше да изгубиш?-Достоинсвото.Да се наметнувам таму каде што не сум добредојдена.
-Имајте трпение да го исчекате вистинскиот миг,и храброст да не се разочарате од она што ќе го видите.
-Бидете луди,но однесувајте се како нормални луѓе.Имајте смелост да бидете поинакви-меѓутоа научете се да го правите тоа без да го привлекувате вниманието.Дозволете му на вистинското ''јас'' да се појави.
:love:
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.816
Поени од реакции
7.128
Ќе оставам неколку цитати од книгата на Хенрик Сјенкјевич, Без догма. Се извинувам за некои грешки што би ги имало во препишување.

Во тоа море на подлости, глупости, несигурности и сомнежи, какво што е постоењето, вреди да се живее за една работа која е несомнена и моќна како смртта - а тоа е љубовта. Нема ништо друго, освен неа...


Имам храброст да донесува конечни заклучоци и не ја кријам вистината од себеси, а сепак, заклучокот секогаш го отфрлам. Зошто? Затоа што имам расколебана сигурност дека сум подобар од моите дела. Нивната причина е некаква некадарност, што доаѓа делумно од расата, делумно од болеста на векот, чие дете сум - токму од ова преанализирање на себеси, кое никогаш не ни дозволува да го следиме првиот, про...ст нагон на човечката природа, а критикува се до потполно обезвладување на душата. Кога бев дете, си играв така што ги редев паричките една врз друга, се додека столпчето навалено од сопствената тежина не паднеше и не се претвореше во хаотичен куп. Сега го правам истото со мислите и намерите, исто така, додека хаотично не се урнат. Па, оттаму и многу полесно ми е да се решам на негативен отколку на позитивен чин; полесно ми е нешто да уништам, отколку да створам. Ми се чини дека многу интелигентни луѓе боледуваат од оваа болест. Критиката на самиот себеси и на се друго ги исцицува од нас позитивните сили ; ни недостасува основа, појдовна точка и верба во животот. Ете зошто јас, на пример, повеќе се плашам да ја изгубам Ањелка, отколку што сакам да ја имам.


На светот постои само една логика - логиката на страста. Умот до извесен час само предупредува, а потоа, кога коњите несовладливо се вдаваат во трк, седнува на возачкото место и само одржува рамнотежа со уздите, за да не се испокрши колата. Човечкото срце не може да се заштити од љубовта, а љубовта е стихија, тоа е таква сила како плимата и осеката на морето. Жена вљубена во маж нема да им одолее на портите на пеколот, бидејќи брачниот завет е само општо признание на љубовта - но кога тој е само обврска, тогаш првата поголема плима што ќе наиде ја исфрла на песокот како мртва риба.


Според закономерностите на животот, нештото мора да созрее во човека; затоа пази се, да не созрее во тебе некој ѓавол, што тебе прв ќе те отруе.

Благодарение на весниците исчезна тоа сетило со кое луѓето ја разликуваат вистината од лагата, исчезна чувството за разумност, чувството за право и бесправие, злото стана безобразно, неправдата почна да говори со јазикот на праведноста, со еден збор - општата човечка душа стана неморална и слепа.


Или таму заедно ќе потонеме во Ништожноста, или заеднички ќе ни биде патот, а тука, каде што толку се изнамачивме, нека остане по нас само молк.

За сега се толку, може ќе го дополнам коментаров подоцна.





 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Времето, кое што ги менува луѓето, не ги менува претставите кои што сме ги стекнале за нив.

Марсел Пруст ( во чест на роденденот )
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
“His heart beat faster and faster as Daisy’s white face came up to his own. He knew that when he kissed this girl, and forever wed his unutterable visions to her perishable breath, his mind would never romp again like the mind of God. So he waited, listening for a moment longer to the tuning fork that had been struck upon a star. Then he kissed her. At his lips’ touch she blossomed like a flower and the incarnation was complete.”

F. Scott Fitzgerald, The Great Gatsby
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
"I’m a modern man, a man for the millennium. Digital and smoke free. A diversified multi-cultural, post-modern deconstruction that is anatomically and ecologically incorrect. I’ve been up linked and downloaded, I’ve been inputted and outsourced, I know the upside of downsizing, I know the downside of upgrading. I’m a high-tech low-life. A cutting edge, state-of-the-art bi-coastal multi-tasker and I can give you a gigabyte in a nanosecond!
I’m new wave, but I’m old school and my inner child is outward bound. I’m a hot-wired, heat seeking, warm-hearted cool customer, voice activated and bio-degradable. I interface with my database, my database is in cyberspace, so I’m interactive, I’m hyperactive and from time to time I’m radioactive.

Behind the eight ball, ahead of the curve, ridin the wave, dodgin the bullet and pushin the envelope. I’m on-point, on-task, on-message and off drugs. I’ve got no need for coke and speed. I've got no urge to binge and purge. I’m in-the-moment, on-the-edge, over-the-top and under-the-radar. A high-concept, low-profile, medium-range ballistic missionary. A street-wise smart bomb. A top-gun bottom feeder. I wear power ties, I tell power lies, I take power naps and run victory laps. I’m a totally ongoing big-foot, slam-dunk, rainmaker with a pro-active outreach. A raging workaholic. A working rageaholic. Out of rehab and in denial!

I’ve got a personal trainer, a personal shopper, a personal assistant and a personal agenda. You can’t shut me up. You can’t dumb me down because I’m tireless and I’m wireless, I’m an alpha male on beta-blockers.

I’m a non-believer and an over-achiever, laid-back but fashion-forward. Up-front, down-home, low-rent, high-maintenance. Super-sized, long-lasting, high-definition, fast-acting, oven-ready and built-to-last! I’m a hands-on, foot-loose, knee-jerk head case pretty maturely post-traumatic and I’ve got a love-child that sends me hate mail.

But, I’m feeling, I’m caring, I’m healing, I’m sharing-- a supportive, bonding, nurturing primary care-giver. My output is down, but my income is up. I took a short position on the long bond and my revenue stream has its own cash-flow. I read junk mail, I eat junk food, I buy junk bonds and I watch trash sports! I’m gender specific, capital intensive, user-friendly and lactose intolerant.

I like rough sex. I like tough love. I use the “F” word in my emails and the software on my hard-drive is hardcore--no soft porn.

I bought a microwave at a mini-mall; I bought a mini-van at a mega-store. I eat fast-food in the slow lane. I’m toll-free, bite-sized, ready-to-wear and I come in all sizes. A fully-equipped, factory-authorized, hospital-tested, clinically-proven, scientifically- formulated medical miracle. I’ve been pre-wash, pre-cooked, pre-heated, pre-screened, pre-approved, pre-packaged, post-dated, freeze-dried, double-wrapped, vacuum-packed and, I have an unlimited broadband capacity.

I’m a rude dude, but I’m the real deal. Lean and mean! Cocked, locked and ready-to-rock. Rough, tough and hard to bluff. I take it slow, I go with the flow, I ride with the tide. I’ve got glide in my stride. Drivin and movin, sailin and spinin, jiving and groovin, wailin and winnin. I don’t snooze, so I don’t lose. I keep the pedal to the metal and the rubber on the road. I party hearty and lunch time is crunch time. I’m hangin in, there ain’t no doubt and I’m hangin tough, over and out!"

~George Carlin
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Животот што еднаш засекогаш ќе исчезне, што не се враќа, е сличен на сенка, без тежина, однапред мртов и ако бил страшен, возвишен или убав, ужасот, возвишеноста или убавината не значат ништо. За него не треба да водиме сметка како и за војната меѓу две африкански кралства во четинаесеттиот век, која на лицето на светот не променила ништо, иако во неа, во неопишани маки загинале триста илјади црнци.

Најтешкиот товар е воедно и слика за најинтензивно исполнет живот. И колку што е товарот потежок, колку што е нашиот живот поблиски до земјата, толку е пореален и повистинит.

-Неподносливата леснотија на постоењето - Кундера
 

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
~ Последниот израз на сите мисли и најпростиот облик на сите настојувања е молчењето. Го засакав за цел живот, а кога животот ќе пројде, молчењето, таа добра мајка, ќе ми ги кладе бледите раце на очи и ќе потоне во мракот сета оваа јадовита сказна, како што умира и неразбирливиот звук во тишината.

~ Толку тешко се живее, толку кратко се живее, па уште добрата половина од тој тежок и краток живот ни поминува во омраза и недоразбирања. Ох, изгаснете ја омразата! Луѓето ни се потребни и никако, никако не може да се живее без проштавања. Сите луѓе уште колку ми се потребни! Сите, од онаа старица која ме прифатила на раце кога сум дошол на свет, па до оној непознат минувач кој кога некои луѓе ќе ме носат на гробишта ќе ја сметне шапката, ќе се прекрсти и ќе ми посака вечен мир и лесна земја.

~ Меланхолиците се како јасика која трепери и тогаш кога другите стебла и не го чувствуваат ветерот.

Иво Андриќ
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
-Стравот кога е во највисокиот степен наполно ја отфрла омразата и чувството за омраза спрема оној што навредил.
-Втората половина на човечкиот живот го прават само навиките здобиени во правата половина.
-Разумот никогаш не бил во состојба да ги одреди доброто и злото дури ни да го одвои злото од доброто, барем приближнo; туку секогаш засрамено и жално уште ги мешал, а науката отсекогаш давала одговори со тупаница.
-Полузнаењето е деспот каков што уште досега немало. Деспот што има жреци и робови, деспот пред кој се ведне главата со љубов и празноверица, деспот до денес незамислив пред кој трепери и самата наука и срамно му одобрува...
-Оние што умеат добро да зборуваат, зборуваат накусо.

„Бесови“-Ф.М.Достоевски
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
“We do not receive wisdom, we must discover it for ourselves, after a journey through the wilderness which no one else can make for us, which no one can spare us, for our wisdom is the point of view from which we come at last to regard the world. The lives that you admire, the attitudes that seem noble to you, have not been shaped by a paterfamilias or a schoolmaster, they have sprung from very different beginnings, having been influenced by evil or commonplace that prevailed round them. They represent a struggle and a victory.”


Marcel Proust
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
245
Поени од реакции
35
"Poslao sam joj kišu... Nemojte se ljutiti vi koji ste joj blizu pa ste pokisli. Ona stvarno voli kišu. A ja volim kad je sretna..." -Đ. Balašević
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Imagination is not an empirical or superadded power of consciousness, it is the whole of consciousness as it realizes its freedom.

L'imagination,
J.P. Sartre
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Во секоја сериозна човечка мисла, која никнува во нечија глава, секогаш останува нешто такво, кое никако не може да се пренесе на другите луѓе, макар и да испишете цели томови и да ја објаснувате вашата мисла триесет и пет години. Секогаш ќе остане нешто, кое за ништо на светов не ќе сака да излезе од под вашиот череп и засекогаш ќе остане кај вас, со тоа ќе умрете, можеби без да го предадете најглавното од вашата идеја.

За еден ограничен „обичен човек“ на пример нема ништо полесно од тоа да си вообрази дека е необичен и оргинален човек и да се задоволи со тоа без никакви двоумења.
„Идиот“ - Достоевски
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
"Ни самиот ѓавол не знае што е тоа на што луѓето треба да се сеќаваат и зошто? Всушност, од секогаш мислев дека не постои колективно сеќавање кое би можело да биде еден вид одбрана на човечкиот род. Реченицата "Времето кое помина беше многу подобро" не значи дека порано имало помалку зло, туку дека за среќа, луѓето тоа го забораваат. Се разбира, таа реченица нема општа вредност; за мене за жал е карактеристично што одлично се сеќавам на немилите настани така да би можел да речам дека "Времето кое помина беше многу полошо", доколку сегашноста не би ми изгледала толку страшна како и минатото... Си спомнувам за толку несреќи, за толку свирепи и цинични лица, за толку лоши дела, па сеќавањето за мене е срамежлива светлина која го осветлува музејот на срамот"

Ернесто Сабато - "Тунел"
 

Kajgana Shop

На врв Bottom