Цитати

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
- Но, ние сеуште бевме деца и од се` најмногу сакавме да гледаме таму каде што ни беше забрането. Меѓутоа, човек на се` навикнува. Проклет да бидам, човек се` издржува.

- Проклет да бидам, каков убав сон беше Големата вода, - секогаш верував во измислици.


Големата вода, Ж. Чинго
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
THE ARTIST
ne evening there came into his soul the desire to fashion an image of The Pleasure that abideth for a Moment. And he went forth into the world to look for bronze. For he could only think in bronze.
But all the bronze of the whole world had disappeared, nor anywhere in the whole world was there any bronze to be found, save only the bronze of the image of The Sorrow that endureth for Ever.
Now this image he had himself, and with his own hands, fashioned, and had set it on the tomb of the one thing he had loved in life. On the tomb of the dead thing he had most loved had he set this image of his own fashioning, that it might serve as a sign of the love of man that dieth not, and a symbol of the sorrow of man that endureth for ever. And in the whole world there was no other bronze save the bronze of this image.
And he took the image he had fashioned, and set it in a great furnace, and gave it to the fire.
And out of the bronze of the image of The Sorrow that endureth for Ever he fashioned an image of The Pleasure that abideth for a Moment.
--Oscar Wilde...
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
На неа мислам постојано. На неа мислам и тогаш кога мислам дека не мислам. Значи мојата Ики и јас. Ние не сме створени еден за друг. Ние сме створени еден за друг. Само не` уништија. Вистината и лагата. Неа ја уништи вистината, мене лагата.

Пријателе мој, никогаш немој да ги лажеш оние кои те сакаат. Правиш погрешна работа. Викни некогаш, налути се понекогаш и ветувај засекогаш.

Што ми згреши мене мојата Ики? – Ништо.

Што сум и згрешил јас? – Се`.

Заслужува ли морално хендикепирана личност како мене да дели живот со неа? Таа имаше желби – јас ги уништив. Таа можеше многу – Не и` дадоа поради мене. „Пушти ме, лесно ќе ме заборавиш, гледаш дека несреќата оди по мене. Како верна сенка. Ти си уште млада, имаш време за се`. Побарај си ја среќата го заслужуваш тоа.“

Патетично до јајца, нели пријателе мој? Ама точно. Како два и два.



- Игор Џамбазов
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Единствена реченица што ми се има врежано од книга ..

''Следи го патот за кој си повикан, Боговите те очекуваат'' (Х.Хесе - Сидарта)
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.818
Поени од реакции
7.132
Најголемата привилегија на моето детство беше слободата. Овој збор денес има само политичка конотација.Навистина многу тажно! Оние што мислат дека слободата е ограничена само на политика, се плашам дека никогаш нема да го разберат нејзиното значење. Политичката слобода е клуч за масовно поробување или, пак, е нејзина ширум отворена врата. Таа е најреткиот благодат на земјата; да му се дозволи на поединецот да избере и да се храни како што ќе му посака срцето, тие што гледаат отстрана сигурно ќе умираат од глад. Никогаш сум немал такво нешто придружено од неговата спротивност за да го задушува. Во мојот краток живот сум имал можност да слушнам дека нашата земја била посетена од оваа слобода едно седум - осумпати. Да, иако никој не ми кажа дека таа никогаш не ја напуштила земјата, сепак дошла седум до осумпати; и при тој милозлив прилив, ние истрчавме на улица, удирајќи на тапани и трубејќи со труби. Од каде потекнува политичката слобода? Како може да исчезне одненадеж? Дали дарителот се повлекол? Или можеби сме се умориле и сме ја подариле на други, велејќи: ,, Повелете, господа, сега е ваша.Ние си го зедовме делот. Сега вам ви е редот. Повелете, послужете се. Којзнае, можеби и ќе ви годи''. Или, пак, таа е како волшебна ризница опишана во бајките којашто пламнува во темелите на некој ѕид но којашто штом ја дофатите, таа се престорува во јаглен или земја? Едноставно, не знам. Стана очигледно дека таа не е потребна никому. Љубовта кон слободата - ако смеам да го употребам омилениот термин на Халит Регулаторот, иако сум сигурен дека немаше да ме прекорува за ова, ниту пак на кој било начин би се подбивал со мене затоа што користам термин од неговиот речник - не е ништо друго освен снобизам. Ако вистински ни требала, ако сме ја сакале вистински, немаше да ја пуштиме да си замине откако ја бевме еднаш зграпчиле. Уште следниот ден од нејзиното доаѓање, таа исчезнуваше како пареа во воздухот. Леле! Чудно е што многу бргу се навикнавме на нејзиното отсуство. Чинам дека сме задоволни кога гледаме дека се наведува во некоја песна, книга или јавен говор. Слободата за која ви зборувам во врска со моето детско искуство не беше од таа сорта. Да започнеме со тоа - а мислам дека ова е од крајна важност - таа не ми беше дадена. Го најдов семето во мене како што тоа го прават расцрцорените птици на дрвјата или, пак, мистериозната светлина на некое тело во водата. Таа налета на мене само еднаш во мојот живот. Мојот скромен живот, нашиот скромен дом и луѓето околу нас, сите си добија различен изглед. Иако подоцна ја загубив, даровите коишто ми ги даде штедро, станаа ризница на мојот живот. Ниту моите мистерии од вчера, ниту, пак, лесните околности од денес, можеа да ме оттргнат од тие години што таа ги исполни со чудо. Таа ме научи да живеам без да имам што било или да дозволам под моите стапала да расте трева. Потоа никогаш не се стремев кон нешто што е некорисно. Не вложив попусти напори во потрагата на задоволување на моите страсти. На училиште никогаш не ми се случило да се стремам да бидам прв или втор или, пак, дваесетти во некој предмет. Нашето бројно одделение во основно ми овозможи да го набљудувам натпреварот што се случуваше околу мене од задните редови, да не речам како од кралска ложа. Така научив да размислувам сериозно и оддалеку за падовите и подемите на животот. На училиште не ме носеа тутори или слуги како мнозината од моите соученици. Убава облека, едно рало чизми што не пропуштаат вода и топол капут никогаш не влегоа во инвентарот на она што го имав. Талкав наоколу во закрпени пантолон и со жакети од чии ракави ми се гледаа лактите. Се сеќавам дека никој не ме испраќаше на училиште со бакнеж и со илјадници напомени, ниту, пак, некој нестрпливо го чекаше моето враќање од училиште. Колку повеќе доцнев, толку позадоволно беше моето семејство. Но сепак бев среќен. За возврат на сите овие лишувања го вкусив животот и свежиот воздух. Годишните времиња, луѓето, ѕверките и предметите со својот пријателски и сосема различен изглед, бае мои. Двапати дневно ги газев улиците меѓу Едирнекапи и Фатих, влечкајќи се патем колку што е можно подолго. Давајќи им крилја на мојата имагинација, на секој чекор си замислував нови нешта. Но, кога имав десет години, мојата сериозност беше скротена со една страст. Часовникот што ми го подари вујко ми кога ме сутесиаа, ја прекина мојата воспоставена состојба. Без оглед колку е невина, страста секогаш е опасна работа. Но сепак мојата бујна природа ме чуваше од песната на сирените. На некој начин таа ме облкуваше. И најверојатно ми ја отвори вистинската врата кон слободата.

Ахмед Хамди Танпинар
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Судбината е секогаш зад аголот. Може да биде крадец, курва или продавач на грепки, тоа се нејзините најчести облици. Но не практикува домашни посети. Мораш да ја зграпчиш.- Карлос Руиз Сафон.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
"Nisam zaboravio, muslimani su nekad sahranjivali u zajedničkom groblju, jednaki i posle smrt. Počeli su se razdvajati kad su postali nejednakvi u životu. I ja sam brata izdvojio, da se ne bi pomiješao s drugima." - Derviš i smrt ; Meša Selimovič
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Се раскажува дека Старина Новак, кога изнеможел и морал да се повлече и да го напушти ајдукувањето по Романија, вака го учел Дете Груица кога требало да го замени:

- Кога ќе седиш на пусија, ти гледај го добро патникот што ќе намине. Ако гледаш дека јава гордо, а на него има црвен џемадан, сребрени токи и бели тозлуци, тоа е фочанец. Удри веднаш, зашто тој има и на себе и во дисагите. Ако видиш сиромашки облечен патник: си ја навел главата и се стуткал на коњот како да тргнал да пита, удри слободно, тоа е рогатичанец. Такви се сите: скржливци и туткуни, а полни со пари како шипка. Но, ако видиш некој диванија: си ги скрстил нозете на седло, тропа на шаргија и пее гласно, не мавај, и не валкај си ги рацете напразно, туку пушти ги голтарците нека поминат; тоа е вишеграѓанец, а тој нема ништо, зашто парата во нив не се задржува.
„Мостот на Дрина“ - Иво Андриќ
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.818
Поени од реакции
7.132
Насмевни ми се. Насмевни ми се за да можам уште еднаш да ја согледам светлоста, тој свет на твоето лице. Потсети ме на топлината од фурната во која влегував во зимските денови враќајќи се од училиште со чантата в рака за земам ѓеврек; потсети ме на моите весели скокања од скелата во морската свежина; потсети ме на првиот бакнеж, на првото прегрнување: на качувањето на врвот од високиот орев; на моето себенадминување во летната вечер, на моето пијанство од среќа во ноќта; потсети ме на убавата млада девојка под мојот јорган и на тоа како таа ме гледаше со љубов. Сите се таму во таа земја и јас сакам да бидам таму. Помогни ми, помогни ми да бидам среќен додека се среќавам со секој мој здив што се намалува. Орхан Памук
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
"Најдобра стратегија некој да се однесе во пропаст е да се уништи се што го загрозува, бидејќи така се уништуваат сите негови средства за одбрана; токму тоа сега си го правиме на самите себе. Ги уништуваме сите форми на Другиот (болест, смрт, негативност, насилство, необичност), а да не ги спомнуваме расните и јазичните разлики. Уништувајќи ги сите поединечности во корист на зрачењето на целосната позитивност, работиме на сопственото уништување."

Жан Бодријар
 

Kajgana Shop

На врв Bottom