Хари Потер

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Не ми се фрлаат пари за дупликат книги, а притоа ги меркам овие 12 комада од Агата кои се по 360/380 ден. Ама ако ги купам, треба да барам престојувалиште месец-дена кај некоја да ме прибере. :D

Плус тука се (авто)биографиите и дел од класиците на кои Арс Ламина немаше попуст на Саемот. Ги нема ни по библиотеките затоа што се скапички.

Згора на сѐ ја има цела колекција на сите 7 книги на англиски за 3.500 ден, каде на 20% попуст ќе биде под 50 евра, што ми е поисплатливо (чисто за компарација). Вака, на македонски, од Арс Ламина ќе треба дадам добри 5-6.000 за сите 7 книги! Ту мач.

Имам цела листа на афинитети и приоритети, така сега барам некоја симпатична љубителка на книги да ги споделиме истите, но и да ги поделиме трошоците. :D
 
Член од
1 јуни 2014
Мислења
191
Поени од реакции
281
Се ова заедно купено за помалку од 30€. Само Потер книгите беа оkолу 22-23€, и тоа 5 се со тврди корици. Не се исплаќа да се купат кај нас со напумпаните цени, освен ако не разбираш англиски.


Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.883
Поени од реакции
2.084
Сакам да прашам каде ги има сите книги/делови т.е во која книжара?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Сакам да прашам каде ги има сите книги/делови т.е во која книжара?
Никаде сите делови на македонски. Првите 4ри дела ги имаш во Арс Ламина, и се очекува да ги допреведат сите. А последните 2 дела сеуште ги има Младинска книга и може да се најдат во секоја подобро опремена книжара.

Ако сакаш комплет, почекај ги Арс Ламина, само ќе бидат скапи. :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.896
Поени од реакции
7.570
Се ова заедно купено за помалку од 30€. Само Потер книгите беа оkолу 22-23€, и тоа 5 се со тврди корици. Не се исплаќа да се купат кај нас со напумпаните цени, освен ако не разбираш англиски.


Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
Би се исплатило од Литература да ги купиш со партнерот (дечко/девојка, маж/жена) една ти една другиот да ја купи и така на два месеци додека не ги соберете сите.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.663
Би се исплатило од Литература да ги купиш со партнерот (дечко/девојка, маж/жена) една ти една другиот да ја купи и така на два месеци додека не ги соберете сите.
Da, dosta pametno.
 
Член од
22 февруари 2015
Мислења
192
Поени од реакции
279
Се ова заедно купено за помалку од 30€. Само Потер книгите беа оkолу 22-23€, и тоа 5 се со тврди корици. Не се исплаќа да се купат кај нас со напумпаните цени, освен ако не разбираш англиски.


Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
Аман бе? Од каде ги најде толку ефтино?
 
Член од
1 јуни 2014
Мислења
191
Поени од реакции
281
Аман бе? Од каде ги најде толку ефтино?
Awesomebooks.com

Користени книги ама стварно сочувани. Не праќаат оштетени, си држат рејтинг. Има и нови ако сакаш. Достава за во UK бесплатна, други држави е 3 фунти (210ден.). Се што сум нарачал стигнало.
Во глобала онлајн саем цела година. :)
Кој нарачува прогуглајте, често има промо кодови за попуст и до 20%.


Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Член од
22 февруари 2015
Мислења
192
Поени од реакции
279
Awesomebooks.com

Користени книги ама стварно сочувани. Не праќаат оштетени, си држат рејтинг. Има и нови ако сакаш. Достава за во UK бесплатна, други држави е 3 фунти (210ден.). Се што сум нарачал стигнало.
Во глобала онлајн саем цела година. :)
Кој нарачува прогуглајте, често има промо кодови за попуст и до 20%.


Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
Фала на информацијата. Имав некоја претстава за купување на користени книги дека се некои сокинати, дотраени, аме ате не било секогаш така.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.358
Поени од реакции
25.053
Би го бојкотирал чисто од принцип и како еден вид поддршка за Роулинг која е канцелирана до бескрај, особено од „своите три деца“ кои не знам со кој образ се појавуваат овде и изјавуваат дека им е драго што се чувствуваат како едно семејство откако ја изедоа мајката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom