Хари Потер

Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
811
Не можам во целост да се согласам. Станува збор за одлично градење на ликовите и за градација на емоциите како ликовите стануваат постари. Драко сака да се зближи во Потер во првиот дел, ама покасно тие емоции прераснуваат во омраза затоа што татко му на Малфој (Луциус) влегува во Азкабан. Ако се вратиме назад, Драко е роден со сребрена лажица во устата, а нивниот прв контакт во книгата е во една продавница, а не пред училишната сала. И од таа конверзација може да се извлече нешто (пораснале во различни околности) . Емоциите започнуваат од еден центар на внимание, љубомора, па потоа прераснуваат во таа крајност. Од друга страна, Хари не е добар ученик, нема контрола над нештата, Малфој е попримерен во тој поглед и го контролира друштвото. Драко, со евентуалниот успех сака да се обиде да го привлече вниманието на татко му.

Постои конкуренција меѓу овие ликови. Тука се гледа антагонизмот, барем во неколку делови.

Мајката на Мајфон е друга приказна. Нема многу податоци за неа, ама во 6ката оди кај Снејп и бара помош. Покажува грижливост, нешто што може да се види и во последниот дел кога го праша Хари во смисол "дали е жив (Драко)"? Неговите родители се различни карактери кои ги споила врската на чиста крв, не е ни чудно тој брак да бил договорен, што става прашалници околу неговата функционалност.

И јас сум жалче, со што сум го губел времето. :D
Да де секако сите карактери си имаат различни димензии, поентата е дека таа омраза од некаде доаѓа и поради нешто, никој од карактерите што е во таква омраза и злоба не е во таа позиција поради тоа што е среќен или зрел, тоа дефинитивно. Рачунај Драко колку требало пред се сам себе да се мрази, со оглед на тоа колку беше програмиран да прави се за да ги задоволи своите родители, да нема свое јас... Ако го сметаме Cursed Child за канон (Роулинг вика дека е канон), гледаме колку поинаку го израснува син му Скорпиус, за разлика од начинот на кој тој беше израснат. Инаку омразата кон Хари се јавува како спротивната емоција од привлекување, значи е само привлекувањето кое го имаше на почетокот, извртено на непријатен начин. Сепак има фиксација на Хари, и повторно тоа е поради обид за задоволување некоја потреба. Без разлика дали сакаш или мразиш некој, пак подеднакво многу мислиш на него хахахах :LOL:

Нарциса исто била израсната со тие идеали за чистокрвност, мислам дека не бил договорен бракот (тие во Хогвортс се запознале), ама дефинитивно ги исполнува желбите и на Малфој и на Блек семејството. У секој случај, не ја интересираше ни Волди ни Молди кога стануваше збор за семејството, најбитно и беше да ги заштити Драко и сопругот без разлика на ситуацијата. Иако никогаш не ги изгубија верувањата за чистокрвност, и Нарциса и Луциус се свртеа против Волдеморт на крајот на битката (во филмот е прикажано дека си одат, али всушност го напуштија Волдеморт, останаа во замокот и останаа пост-битката во големата сала).

Ми се допаѓа комплексноста на секој карактер, Хари на пример е прекрасно изграден, гледаме многу различни страни од него, со вербални препуцувања и коментари, исто и Рон со тепачките и Хермиона со ниската емоционална интелигенција. Секој си е и антагонист и протагонист на свој начин :3

Да не бидам погрешно разбран. Жално е што ги знам овие работи. :D
Не ме зезај, на памет го знам цел HP lore :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Зошто главниот јунак се извлекува од најтешките ситуации, а кога ќе се најде во ситни проблеми не умее добро да размислува?
Не знам дали него да го обвинувам или виновна е Џоана.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
На крајот бегаа за да се спасат. Нарциса ја потврдува смртта на Хари, а Луциус е апсолутно некорисен, нема стапче. Последниот дел- драмата (Проколнатото дете, како и да е преведена) не е нешто посебно. Големото прашање е кој е главниот лик во неа? Ама и од таму произлегуваат прашалници. Ако добро се сеќавам, Волди има дете, или е отворена таа можност, што е спротивност на сето она што го имаме причитано. Башка, Волди ги има карактерните особини на еден Хитлер (чистата крв или ариевската раса, а притоа ни тој не бил висок и плав, башка има прашалници и околу докажувањето на крвната линија, а притоа тој самиот не можел тоа да го докаже) или пак Сталин кој не менувал генерал за војник (неговиот син бил заробен). Тој "диктаторски водич" е ткаен во неговиот лик. Дали е недостаток на емпатија, или пак гледање на луѓето како овци, преку кои сака да ја постигне својата цел? Башка тој не е убиец во апсолутна смисла на зборот. На пример не го убива Гриндервард или пак не сака да лее волшебничка крв ( последниот дел).

Околу семејството на Малфој, ќе знаеме нешто повеќе во новиот дел, каде ќе има ново-стари ликови. Има временска дискрепанца во новите филмови, на пример Албус Дамблдор е релативно млад за тој период. Ако главните настани во книгите се случуваат од крајот на 80 тите до 90тите, а Албус има 150 тина години, тој би требало да има едно 70-90 во тој период, а има 30-40 во новите филмови.

Хермиона има ниска емоционална интелигенција! Не би рекол, дури и во првите делови покажува одредена грижа кон Хари.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
811
На крајот бегаа за да се спасат.
Не избегаа, тоа е само во филмот. Во книгата, Луциус и Нарциса останаа во замокот да го најдат Драко, после тоа останаа во големата сала каде беа собрани сите.
Хермиона има ниска емоционална интелигенција! Не би рекол, дури и во првите делови покажува одредена грижа кон Хари.
Несомнено се грижи за Хари и Рон и останатите. Поентата е дека во некои ситуации скроз не знае како да се справува со емоциите на другите, во многу ситуации знае да биде несензитивна и студена, или да крие како се чувствува. Филмовите се направени со биас за Хермиона и ја прикажуваат посовршена отколку што е во книгите, поради тоа што му е омилен лик на screenwriter-от. Значи секако дека има ситуации во кои добро се справува, има и ситуации во кои не се справува како што треба. Ако Рон се степа неколку пати, не значи дека Рон цело време се тепа, ама поентата е дека сите имаат несовршености. И мене ми е Хермиона, ако не омилен, меѓу омилените ликови, поради и со сите свои мани и доблести :D

Зошто главниот јунак се извлекува од најтешките ситуации, а кога ќе се најде во ситни проблеми не умее добро да размислува?
Не знам дали него да го обвинувам или виновна е Џоана.
Поентата на јунакот не е да биде совршен и секогаш да знае како да постапи, туку да има цел тек на развој. Тоа е всушност она што го прави интересен лик. Хари понекогаш е брилијантен со своето мислење и постапки, понекогаш поим си нема. Понекогаш сам се извлекува, понекогаш или често има помош, бидејќи една од главните теми на серијалот се љубовта, заедништвото, пријателството, лојалноста итн.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
И јас зборувам за книгите. Она гледа личниот успех да го трансформира во успех на нејзиниот дом, додека Хари и Рон генерално само губат поени. На пример емоционалниот товар кој го чувствува кон Рон, тој наплив на емоции не можат да не доведат до заклучок дека нејзините емоции не се развиени на едно просечно ниво. Последниот дел е најдобар примерок за воочување на нејзините карактерни црти затоа што речиси цело време е со Хари. Таа издржливост и фрлање во втор план на нејзиниот интерес, кој го градеше 6 години, падна во вода. Тој товар е проследен и со бришење на мемориите на нејзините родители.
Рон е од друга страна тој кој е емоционално несозреан. Јасна е неговата слика, последно машко дете каде мајка му сакала девојче. Цело време фрлен во сенка и полн со гнев и нервоза. :P
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.896
Поени од реакции
7.570
Автоматски споено мислење:

4.990 денари комплет. Изгледа не се книгите со тврда корица.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.896
Поени од реакции
7.570
И четвртиот дел книга на македонски е достапен во продажба.

Би ги купил книгиве макар и една читал со месеци (бидејќи стварно читање една книга мене ми е влечење долго додека ја прочитам) ама многу ми се наеднаш да давам пари за нив преку интернет. Би причекал доколку ги има некаде во продажба во мојот град Тетово.

Не сум го гледал целиот серијал филмови. Првиот го имам гледано и тоа е се.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Не сум го гледал целиот серијал филмови. Првиот го имам гледано и тоа е се.
Книгите се подобри од филмовите. Далеку посодржајни. И мислам дека ќе ја прочиташ многу побрзо, дај ѝ шанса.

Јас ги имам оние од Култура+Младинска. Не знам дали ќе ги купувам и овие од Алс Ламина. Сепак последните ќе бидат по 1.500, а тоа е многу за мене. Од Младинска ги земав за 590!
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.896
Поени од реакции
7.570
Книгите се подобри од филмовите. Далеку посодржајни. И мислам дека ќе ја прочиташ многу побрзо, дај ѝ шанса.

Јас ги имам оние од Култура+Младинска. Не знам дали ќе ги купувам и овие од Алс Ламина. Сепак последните ќе бидат по 1.500, а тоа е многу за мене. Од Младинска ги земав за 590!
Се подразбира дека е подобро книга од филм. Филмот е само визуелно да ја надополни сликата за се што си прочитал. Затоа најдобро е прво да се прочита книгата барем во овој случај.

Е сега цената зависи и од квалитетот на преводот, печатењето, хартијата, дизајнот..
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Се подразбира дека е подобро книга од филм. Филмот е само визуелно да ја надополни сликата за се што си прочитал. Затоа најдобео е прво да се прочита книгата барем во овој случај.

Е сега цената зависи и од квалитетот на преводот, печатењето хартијата, дизајнот..
Ќе се изненадиш колку подобри филмови или серии има направени по книга/и (на пр. Dexter).

590 ден е пристапна цена и повеќе од фер цена за книга со дебели корици. Преводот е одличен. 1.500 ден е премногу за книга. Рачунај дека на англиски сите можеш да ги земеш за 3-4.000 ден.

При солиден попуст можеш да ги најдеш и за помалку од 3.000, вака ќе земеш само 2 книги. Прескапа е Арс Ламина за наш стандард. :)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.896
Поени од реакции
7.570
Ќе се изненадиш колку подобри филмови или серии има направени по книга/и (на пр. Dexter).

590 ден е пристапна цена и повеќе од фер цена за книга со дебели корици. Преводот е одличен. 1.500 ден е премногу за книга. Рачунај дека на англиски сите можеш да ги земеш за 3-4.000 ден.

При солиден попуст можеш да ги најдеш и за помалку од 3.000, вака ќе земеш само 2 книги. Прескапа е Арс Ламина за наш стандард. :)
Ќе си ги чекаш да им падне цената. Англиски да знаев префектно би ги купил.

Секако и да ги купам не планирам наеднаш да ги купам сите, една по една или по две годишно. Ако ми се допаднат и една прочитам за еден месец или порано што за мене е одлично не жалам пари. Еднаш се живее и еднаш годишно меракот се прави на нешто.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.278
Поени од реакции
22.550
Јас ги имам оние од Култура+Младинска. Не знам дали ќе ги купувам и овие од Алс Ламина. Сепак последните ќе бидат по 1.500, а тоа е многу за мене. Од Младинска ги земав за 590!
Исто. Од култура прво ми ги купуваа како што искачаа во оптек а од младинска двете ги земав на " старо " (само еднаш отворени од еден другар кои ги прочитал и решил да не ги задржи зоште не му биле интересни.) . Инаку од малдинска доста касно ги земав дури пред 3 -4г за разлика од тоа кога беа излезени. Тогаш мислам дека ми рекоа 800+ денари од книга.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom