Хари Потер

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Еве ви објава и од Литература мк
Автоматски споено мислење:

Скапи се упм. 650-700 ден!
Скапо е ама за тие што сакаат да имаат колекција во домашна библиотека и читаат книги не е скапо да ги купува една по една месечно или на две три месеци по една. Не мора наеднаш сите три.

Е сега некој како мене кој книга читање одвај ја завршува е скапо и не вреди многу да купува.
 
Последно уредено:
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
811
Дечки, која е разликата помеѓу двете изданија на Каменот на Мудроста? Сега дури дознав дека има две верзии.

Го имам тоа што е лектира, претпоставувам дека другото е со поинаква хартија (како 2 и 3 дел) и без деловите со школски активности, некоја друга разлика да не има (во преводот и слично)?
 
Член од
30 август 2017
Мислења
54
Поени од реакции
37

Нормалната верзија е во поголем формат, нема активности за час и мислам дека има поразлична хартија.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Повеќе сакам да гледам други како ги играат игрите (општо сите игри), само првите три ги имам играно. Вака изгледа интересно инаку.

Јас одма ќе преминам на мрачната страна. :cool:
 
Последно уредено:
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
811
Повеќе сакам да гледам други како ги играат игрите (општо сите игри), само првите три ги имам играно. Вака изгледа интересно инаку.

Јас одма ќе преминам на мрачната страна. :cool:
Види види, Дамблдор на крај ќе излезе Death Eater :LOL:

Ги немам играно сите, ми се чини 3, 4, 5, и 6 сум ги играла, ама ова ќе биде друга приказна... не играш веќе како Хари, Рон или Хермиона, туку буквално, како сам себе, носиш самостојни одлуки и сето тоа.. ме фасцинира искрено, обавезно ќе ја играм :D
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Види види, Дамблдор на крај ќе излезе Death Eater :LOL:

Ги немам играно сите, ми се чини 3, 4, 5, и 6 сум ги играла, ама ова ќе биде друга приказна... не играш веќе како Хари, Рон или Хермиона, туку буквално, како сам себе, носиш самостојни одлуки и сето тоа.. ме фасцинира искрено, обавезно ќе ја играм :D
Не ја знаеш семејната историја на Дамблдор. Не е кул, ниту интересен факт, тоа го научив благодарение на моето друштво. :D

Малфој беше bad boy и имаше доста гужва околу него. :cool:

Двојката не е лоша, кецот почнуваш од нула, па така голем дел од играта е досаден. Вториот дел е поинтересен, башка ги има на Торент, јас од таму ги имам симнато. Не се сеќавам кога последен пат сум играл...
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
811
Не ја знаеш семејната историја на Дамблдор. Не е кул, ниту интересен факт, тоа го научив благодарение на моето друштво. :D
Секако дека му ја знам семејната историја :D Може да се направи спиноф на карактерот, what if Dumbledore continued his alliance with Grindelwald.
Малфој беше bad boy и имаше доста гужва околу него. :cool:
И мене ми беше симпатија, признавам.:angel: Ок, тоа до Том Фелтон ќе да е, инаку Малфој ми е жалче.
Двојката не е лоша, кецот почнуваш од нула, па така голем дел од играта е досаден. Вториот дел е поинтересен, башка ги има на Торент, јас од таму ги имам симнато. Не се сеќавам кога последен пат сум играл...
Кога ќе ми трефне на памет, ќе направам време и ќе ги изиграм сите излезени игри, малку носталгија трип :LOL:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Па и не е за жалење, има избришана сцена од вториот дел, барај ја на ЈуТуб. Со помош на психологијата ќе сфатиш зошто се однесува така. Таа сцена е од продавницата Борџин и Бурк. :)
 
Токму ради тоа реков дека ми е жалче, во смисла дека скоро сите освен fangirls го сметаат за антагонист, а книгите кога ги читаш гледаш дека се што прави, барем во контекст на приказната, е за да се доближи до Хари, да си докаже на себе, семејството и врсниците дека е „доволно добар“, тешки чувства на инфериорност, потреба од вистинско пријателство, што дел од него, го гледаше во Хари, потреба за внимание... итн, доцна е немам енергија моментално за навлегување во длабока анализа ама тоа е голем дел од основата.

И Томче Загадочен би бил многу интересен за анализа :LOL: Особено со оглед на тоа дека е зачнат под дејство на љубовна напивка, што значи дека уште од раѓање буквално во него не постои способност за чувствување љубов. И од таму се оди надоле...

Едит: Томче Загадочен... I made me laugh.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Не можам во целост да се согласам. Станува збор за одлично градење на ликовите и за градација на емоциите како ликовите стануваат постари. Драко сака да се зближи во Потер во првиот дел, ама покасно тие емоции прераснуваат во омраза затоа што татко му на Малфој (Луциус) влегува во Азкабан. Ако се вратиме назад, Драко е роден со сребрена лажица во устата, а нивниот прв контакт во книгата е во една продавница, а не пред училишната сала. И од таа конверзација може да се извлече нешто (пораснале во различни околности) . Емоциите започнуваат од еден центар на внимание, љубомора, па потоа прераснуваат во таа крајност. Од друга страна, Хари не е добар ученик, нема контрола над нештата, Малфој е попримерен во тој поглед и го контролира друштвото. Драко, со евентуалниот успех сака да се обиде да го привлече вниманието на татко му.

Постои конкуренција меѓу овие ликови. Тука се гледа антагонизмот, барем во неколку делови.

Мајката на Мајфон е друга приказна. Нема многу податоци за неа, ама во 6ката оди кај Снејп и бара помош. Покажува грижливост, нешто што може да се види и во последниот дел кога го праша Хари во смисол "дали е жив (Драко)"? Неговите родители се различни карактери кои ги споила врската на чиста крв, не е ни чудно тој брак да бил договорен, што става прашалници околу неговата функционалност.

И јас сум жалче, со што сум го губел времето. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom