Хари Потер

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.223
Поени од реакции
22.403
Кажувај кога да дојдам да ја земам :D Цена?
Не е на продажба. Оваа книга ја земав 3 недели покасно откако излезе. Знам беше зима најверојатно декември пред нова година.
Сакав само да проверам колку пари можам да ја шитнам ако банкнотирам :icon_lol:
 
Член од
19 декември 2019
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ги продавам колекција книгите Хари Потер 1-7, најновата книга 8 и стапчето на Luna Lovegood. Книгите се на англиски.
 
Член од
30 август 2017
Мислења
54
Поени од реакции
37
Велат дека сите делови на Хари Потер ќе ги објави ЛИТЕРАТУРА.МК на македонски јазик. Вери ексајтед :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Велат дека сите делови на Хари Потер ќе ги објави ЛИТЕРАТУРА.МК на македонски јазик. Вери ексајтед :)
Па сите делови и се објавени на македонски јазик - Ситникоски, Зајадливски и другите :D
 
Член од
30 август 2017
Мислења
54
Поени од реакции
37
...Желбогорска, Снајдовски, Окалкоска, Орлолав, Уфипуф, Гавранокт, Змијолик... не можам понатаму ќе повратам. Не, мислам дека литература добро ќе си ја заврши работата. Инаку работава изгледа е сигурна. Ги прашав и на фб и тие одговорија дека е точно (y):roker::oleee:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.857
Поени од реакции
7.546
Не сум некој обожавател на Хари Потер. Филмот само првиот го имам гледано. Книги послабо читам но доколку Литература.мк (Арс Ламина или како и да се викаат) понуди за некоја прифатлива цена да ги има во повеќе градови да се купуват би сакал некоја да имам од тие книги.

Очекувам Литература.мк да ги понуди во подобар квалитет на дизајн што значи тврди корици, а не книгата да ти се извитка и оштети при читање.
 
Член од
30 август 2017
Мислења
54
Поени од реакции
37
Не сум некој обожавател на Хари Потер. Филмот само првиот го имам гледано. Книги послабо читам но доколку Литература.мк (Арс Ламина или како и да се викаат) понуди за некоја прифатлива цена да ги има во повеќе градови да се купуват би сакал некоја да имам од тие книги.

Очекувам Литература.мк да ги понуди во подобар квалитет на дизајн што значи тврди корици, а не книгата да ти се извитка и оштети при читање.
Немој да продолжуваш со филмовите додека не ги прочиташ книгите. Ја така се зафркнав. Сега речиси 70% од ликовите ги замислувам како од филмовите. Не е ист филингот кога сам ќе си замислиш некој лик и кога го замислуваш ликот како глумецот од филмот. Инаку се сложувам. На нашата држава и требаат книги со тврди корици. Такви книги највеќе на фантастики да се ставаат (Хари Потер, Господар на прстените, Хобит, Нарнија...). Така изгледаат некако пофантастично (као оние стари книги шо се), а и плус не се свиткува корицата како на меките корици. Највише мрзам кога ќе ми се превитка корица :mad: Треба да се има разноврсност. И книги со меки, и книги со тврди корици. Затоа и издавачките куќи не ставаат хардкавер, не им се исплати. А и плус такви книги се поскапи од обичните. Ај позз, доста пишував.
Автоматски споено мислење:

Инаку, се замолуваат луѓето од Литература да стават пристапни цени на книгите. НЕ како Младинска книга, иљадарче по книга. Нека бидат првите три книги од 300 до 400, а другите (зашо се подолги) од 500 до 600 денари НАЈВИШЕ. А ако се со хардкавер нека бидат први три 500, другите 700 мкд НАЈВИШЕ. Сепак, ова е Македонија :confused:
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.857
Поени од реакции
7.546
Toa за филмовите кој се правени по книги е така секогаш. Викаат дека подобро е прво да се прочита книгата, ај што подруго во глава си ги замислуваш ликовите туку можно е во филмот да се извадени некој делови што ги има во книгата.

На Литература некој книги се со прифатлива цена. Такви најчесто сум видел се овие биографиите кој некој може да се најадат дури и во Веро маркетите а и во трафики. Книгите за Гадафи, Саркози, Берлускони, книги за кралското семејство Дијана, Хари, Кејт, за Новак Ѓоковиќ беа по 300 денари и се продаваа така по трафиките и супермаркетиве Веро, Тинекс. Се зависи колкава е книгата и каква е книгата ама би требало овие фантастикиве како Хари Потер, Хобит, Господар на прстените, Игра на Тронови.. да се со тврда корица, или откако ќе ги издадат еден комплет да прават како што прават во другиве држави низ светотв да ги продаваат комплет во кутија за колекционери да може да ги купат убаво спакувани. Да тоа ќе ја дигне цената ама убаво е на изглед.

Овие за Хари Потер би било добро да се продаваат и по трафики и супермаркети бидејќи се комерцијална позната книга, можеби би се нашле повеќе луѓе заинтересирани за тој серијал.
 
Последно уредено:
Член од
30 август 2017
Мислења
54
Поени од реакции
37
Ама сепак, поскапо е да се откупат правата за Хари Потер книгите, така што и цената сигурно ќе им биде посолена. Не ми смета ако се продаваат и по трафики, но мислам дека тоа само во Скопје. Не верувам дека во други градови така ќе прават. Јас искрено и не знам во мојот град каде се наоѓаат изданијата на Литература o_O. Така да и тоа ќе морам да се распрашам... сигурно во некоја книжарница.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom