Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Декалог во Кинотека.
Е сега, дали сум бил цело време во грешка со Кишловски? Од Кинотека е пишан како Кешловски. :oops:
@ЈуријАркадиевич ?
 
Декалог во Кинотека.
Е сега, дали сум бил цело време во грешка со Кишловски? Од Кинотека е пишан како Кешловски. :oops:
@ЈуријАркадиевич ?
И ти, а и Кинотека сте грешка. Кјешловски е. :)
 
Што е важно како се изговара преценетиов режисер?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Што е важно како се изговара преценетиов режисер?
Агор ај не замарај.
Еве како се изговара. Кристоф Кишловски (со меко л) е најблиску до македонски.
Не ми делува дека ова е точна транскрипција. Господинот Аркадиевич би требало да ги растајни дилемите.
 
Не ми делува дека ова е точна транскрипција. Господинот Аркадиевич би требало да ги растајни дилемите.
Јас не зборувам за транскрипција, туку за изговор. ;)
 
Што е важно како се изговара преценетиов режисер?
На тема за филм сме, ваљда е битно правилно да се пишуваат имиња. Иди на тема за Втора Светска и напиши Фон Паулус, наместо Паулус и ќе видиш што ќе се деси. Ако на оваа тема се пишуваат имиња на режисери со погрешна транскрипција, тогаш каде да очекува човек да бидат точно напишани?
Ја на пример, цело време сум го викал Кжиштоф, а он да ти бил Кристоф. Сум можел да проверам, ама ми било гајле. Сега знам. (благодарејќи на темава)

IMO, да, преценет е, затоа што, имам впечаток дека го гледаат низ Три бои - призма, филмови кои не ми се допаднаа и не сконтав што гледаат луѓето во нив. Али Краток филм ми беше супер, уште кога како мал го гледав на телевизија. Тогаш ми личеше оригинален, несекојдневен. И денес ми е океј.
 
Никој не постирал од Костурица вчера бе во темава :( (n)

Нејсе, еве ја ќе постирам ова

The Lighthouse (2019)
Филмот е мало ремек дело. Со Роберт Патисон и Вилем Дефо во главните улоги, филмот е снимен во црно - бело во квадратен сооднос. Се опишуваат теми од фолклор, мистицизам, божества, нимфи како и мотиви од Едгар Алан По. Дејствието е сместено во крајот на 19 век и самиот начин на дијалог и атмосферата на филмот соодвествуваат со времето кое е прикажано. Ме воодушевува Вилем Дефо со неговите реплики испреплетени со мистицизам како и губењето на разумот на двата одржувачи на светилникот и "вечното прашање" што се наоѓа на врвот од светилникот.
Филмот котира одлично на Rotten Tomatoes со 8.05 оценка. Топла препорака од мене. А вие гледајте си марвеловци и суперхеројчиња :D.

the-lighthouse-2019-banner.jpg
 
Прегледај го приврзокот 276389
Ќе си гледаме..:P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom