Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ова е најголема небулоза изминативе години познавам многу кои кога ќе видат Нетфликс продукација инстант им е одбивно и не го гледаат, да реално филмовите им се срање ама со тру крајм документарциве изгазија за сите пари и вајѓаат нон стоп нови.
Еве ви предлог покрај документарците за серискиве убици некои од подобрите кои ги изгледав изминативе година-две (Don't Fuck with Cats е ремек дело и целиот случај е ко да гледаш тежок мајндфак)



Ted bundy tapes se isto ok
 
За тие кои ги немаат гледано: King Richard, номиниран за Оскар за најдобар филм во 2021, може да го гледате на HBO GO. Од 1 март, исто, на HBO GO ќе биде достапен уште еден од номинираните за Оскар - Drive My Car.
 
19 април 2024-та излегува Lord of the Rings: The War of the Rohirrim, на WB.
Цртан долгометражен ќе биде, викаат - у аниме стил.

Добри страни (од она што го знаеме):

- луѓе од Weta Workshop стојат зад ова
- John Howe & Allan Lee се вклучени
- Philipa Boyens е исто вклучена
- неповрзано со серијата на Amazon
- концептуално блиску со џексоновите филмови

Сега за сега имаме само концепт-арт слики:
The-Lord-of-the-Rings-The-War-of-the-Rohirrim-Variety-Exclusive-16x9-1.jpg


0246-lotr-breachedoraswalls-01b-nologos5-1644878637988.jpg



 
А и ти па како можеш да му дадеш 3,5? Толку не ти фати око?
Добар е филмот, само што мене не ми се свиѓа таков стил и таков тип на филмови. Плус џез музика не слушам. А музиката у филмот беше и повеќе од добра.
Бубњарот ко лик односно актерот, беше топ.
Џ. К. Симонс врв.
Тематски океј.

Ок ми беше се, едноставно по мој критериум 3.5 т.е 7ца е сосема добра оценка за ваков филм.
 
Последно уредено од модератор:
Добар е филмот, само што мене не ми се свиѓа таков стил и таков тип на филмови. Плус џез музика не слушам. А музиката у филмот беше и повеќе од добра.
Бубњарот ко лик односно актерот, беше топ.
Џ. К. Симонс врв.
Тематски океј.

Ок ми беше се, едноставно по мој критериум 3.5 т.е 7ца е сосема добра оценка за ваков филм.
Се ова држи вода, али причината поради која филмов заслужува да е барем 8ца е просторот за дискусија кој го отвара по завршувањето на филмовт.

Дали одреден талент ќе биде исполнет, доколку не го изгура некој на начин што ќе пројде "низ сито и решето."
 

Вчера го гледав по препорака на професорот по филозофија. Добро возење има.
Максимално драпање со комунизмот, претерано храбар филм за во тоа време.
Не случајно и бил забранет тогаш. Препорака.
Има некој Јодоровски шмек.
 
@Io Sono Interista може да го прашам @џимеј зошто му има дадено 2.5 ѕвезди на Whiplash на летербокс?
Најмала оценка од сите.
Ме нервираше тогаш филмот а сега не можам да се сетам од која причина. Најлесно е да ми откопаш нешто и да ме накривиш после :busi: Или можеби нешто друго ме нервираше додека го гледав, така некако ми е ко низ магла.

Инаку пред некое време го гледав краткиот филм според кој овој е базиран, краткиот служи како промо материјал за Шазел да собере пари за долгометражниот. Интересно е дека ЏК Симонс глуми тука, а детето го глуми некое нежно лингурче со далеку понезабележлива фаца од Мајлс Телер.

Џимеј го хејта Шазел, и на Ла Ла му има дадено ниско :(
Појма немав дека е Шазел на Ла Ла, ја потиснав секоја информација околу филмот како резултат на траума. :icon_mrgr: Иако ќе звучам како некој ужасно несреќен, ќе кажам дека мјузиклот треба да се укине како жанр :angel:
 
Ме нервираше тогаш филмот а сега не можам да се сетам од која причина. Најлесно е да ми откопаш нешто и да ме накривиш после :busi: Или можеби нешто друго ме нервираше додека го гледав, така некако ми е ко низ магла.
Ама немој вака, сеа ќе дојде Ио и пак по мене ќе вика.
 
Пред да стане позната актерка, Хали Бери работела како новинарка во „Дејли експрес“, но тоа не и било единственото занимање. Како Мис Америка, Бери на телевизија се појави во 1989 година, а во 2002 година за улогата во филмот „Чудовиштето Бел“ доби „оскар“ за најдобра женска улога.

 
Long story short, преживеав корона, го изгледав Notebook и Кајгана воскресна. :D
Абе кажи импресии од The Notebook. Мислам дека пола Филм и ТВ те чека да кажеш нешто. :D
 
Абе кажи импресии од The Notebook. Мислам дека пола Филм и ТВ те чека да кажеш нешто. :D
Хаха па импресиите се дека е клише филм што ме стопи од емоции. Сцените кај што беа млади Али и Ноа беа одлични и покажаа љубов каква што секој би сакал да доживее у животот. Оцена 4/5.
 
Хаха па импресиите се дека е клише филм што ме стопи од емоции. Сцените кај што беа млади Али и Ноа беа одлични и покажаа љубов каква што секој би сакал да доживее у животот. Оцена 4/5.
Atonement си го гледал? Сега тој!
 
Atonement си го гледал? Сега тој!
Гледан, супер филм.

Screenshot_20220226-223457_Chrome.jpg


Следен Амели, за атер Корвусов и на сите што ми ставија :eek: кога реков дека не ми е гледан.
 
Заедно со @123456 ги имате најубавите рецензии. :love:
Некои филмови едноставно треба да ги изгледаш и почувствуваш и ниеден збор не може да ја опише неговата суштина, убавина, грандиозност. Амели е еден од тие.

Мислам дека сè што ќе пишам ќе биде недоволно за да го објаснам чувството што го дава при гледање.

Ме изнасмеа кога Амели го тролаше газдата на пиљарата и татко си со разгледниците од џуџето. :D

Филмов истовремено е крајно необичен, а многу обичен, многу заплеткан, а во суштина едноставна и јасна приказна. Го гледаш со ококорени очи во исчекување што ќе се случи следно и секој следен настан без разлика колку необичен и неважен делува во моментот на гледање на крајот добива смисла и важност за целокупната приказна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom