Ти си преценет!Што е важно како се изговара преценетиов режисер?
Агор ај не замарај.Што е важно како се изговара преценетиов режисер?
Не ми делува дека ова е точна транскрипција. Господинот Аркадиевич би требало да ги растајни дилемите.Еве како се изговара. Кристоф Кишловски (со меко л) е најблиску до македонски.
А ја го викав Кжиштоф.
Јас не зборувам за транскрипција, туку за изговор.Не ми делува дека ова е точна транскрипција. Господинот Аркадиевич би требало да ги растајни дилемите.
На тема за филм сме, ваљда е битно правилно да се пишуваат имиња. Иди на тема за Втора Светска и напиши Фон Паулус, наместо Паулус и ќе видиш што ќе се деси. Ако на оваа тема се пишуваат имиња на режисери со погрешна транскрипција, тогаш каде да очекува човек да бидат точно напишани?Што е важно како се изговара преценетиов режисер?
Ќе си гледаме..The Lighthouse (2019)
Филмот е мало ремек дело. Со Роберт Патисон и Вилем Дефо во главните улоги, филмот е снимен во црно - бело во квадратен сооднос. Се опишуваат теми од фолклор, мистицизам, божества, нимфи како и мотиви од Едгар Алан По. Дејствието е сместено во крајот на 19 век и самиот начин на дијалог и атмосферата на филмот соодвествуваат со времето кое е прикажано. Ме воодушевува Вилем Дефо со неговите реплики испреплетени со мистицизам како и губењето на разумот на двата одржувачи на светилникот и "вечното прашање" што се наоѓа на врвот од светилникот.
Филмот котира одлично на Rotten Tomatoes со 8.05 оценка. Топла препорака од мене. А вие гледајте си марвеловци и суперхеројчиња .
Прегледај го приврзокот 276389