Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Сега гледам кое дно го има допрено Брус Вилис лани. Глумел во 8 филма (wtf) во 2021, а најдобро рангираниот има рејтинг 4.5/10. Се' катастрофа до катастрофа...

Немаше да го знам ова ако на Златните малини оваа година не му посветеа посебна категорија Worst Performance by Bruce Willis in a 2021 Movie.
Од кога почна пандемијата има снимено 11 филма.
Улогите во речиси секој од нив му се минимални. Од негова страна: без многу акција, со еден израз на лицето, без многу текст, без глума и со многу двојници. Главна причина зошто е он таму е, верувам, плакатот, кој пола и повеќе од пола е покриен со неговото лице. Додека пак, буџетот на тие филмови е и повеќе од тоа во негов џеб (едно 99%). Се гледа дека се правени од страна на ефтина екипа, со мали средства. Доволно е трејлер да пуштиш.
Планирам скоро да ги изгледам сите 11 филма. For real!
 
Последно уредено:
Го гледав новиот Nightmare Alley и по мој вкус солиден филм. Пред да го гледам, имав некој скептицизам околу Бредли Купер во главна улога во психолошки трилер познавајќи го по улоги во комедии, ама на крајот сè некако добро се вклопи.
 
Отсекогаш ми била енигма ова и конечно решив да расчепкам по гугл и наидов на темава како погодена. Вие што повеќе разбирате што имате да коментирате за ова?

Има многу да се коментира на темава, ама е многу технички дел. Буквално се игра улога во случајов. Камера, светло, музика, визуелни ефекти, технологија, итн...
Прво музиката и амбиенталните звуци користени тогаш се скроз различни од она што денес се користи. Филмови се снимале во super 8, 16мм и поново во 35мм. Веќе неколку години филмови се снимаат дигитално. Тогаш немало пост продукција ниту колор грејдинг како што има сега. Денес и да имаш полу добар кадар, ако дозволува буџетот во пост продукција може да се среди скоро се, тогаш не било така. Голема улога игра и типот на филм што се користел (фуџи/кодак). Едниот дава поживи бои од другиот. Форматот во кои се снимале филмовите е мноооогу различен. Движењата на камерата исто, тогаш биле скоро и непостоечки или минимални dolly-in/out. Додади тука и светло што се користело, плус тогаш немало толку green screen. Сега повеќето филмови се на green screen.

Интересна дискусија има овде, ама е сепак технички дел само...

ps. Кога работев и се занимавав со ова го користев shotdeck.com, иако е малку понов за оние што се интересираат за технички детали е одличен сајт. Го бараш филмот и ти дава за секој кадар детали со што е снимен.
 
Последно уредено:
Oтвораш весник и право при крај, кај што се кината. Ова особено ако е ден кога се менуваат претставите.

Од овие у кино, тогаш (ваљда е ова од 1984-та) сум ги гледал:

Летеча гиљотина - карате филм со едно како капа, врзано на ланец и ракувачот го џитка, право на глава на противникот, ја повлекува со ланецот и му ја сече, пошто капата има остри запци одвнатре по работ.

Пат околу светот - за жал, сум го гледал, како и ваљда сите тогаш. Со Чкаља.

Демони во градината - поима немам што е и ваљда не сум го гедал, а баш би сакал. Изглеа не е тоа хорор, затоа што не сум го гледал и не ни знам за тој филм. Плус, играл на Фест таа година, што придонесува да не е хорор. Немаше многу хорори на Фест.

Луѓе мачки - сите го знаете, да не зборам, со Малком Мекдауел (тоа време ми беше омилен глумец), Клаус и Настасја Кински.

Дивата орда на Сем Пекимпо - исто го знаете. Но, тој не сум го гледал во кино, туку подоцна на ТВ.

Болница Британија - со Малком Мекдауел, енглеска комедија, со бизарни kinda sf елементи.

Пекол во вселенета - филм кој не знам што е, али не е веројатно да не сум го глеал, пошто сите страшни и свемирски што доаѓаа, ги гледав.

Медени месец - за жал и тој сум го гледал. Квази срамотна комедија.

Другите филмови како Продупчениот долар или Бандитот во Тексас, поима неам дали сум ги глеал и кои всушност се тие филмови.

У Југославија, како што знаете филмовите често си имаа свои, локални наслови.

Од кинава и домовите на култура, не сум бил во Бутел, 26-ти јули и Драчево, а од домовите на култура сум бил само во Градежници.
 
Oтвораш весник и право при крај, кај што се кината. Ова особено ако е ден кога се менуваат претставите.

Од овие у кино, тогаш (ваљда е ова од 1984-та) сум ги гледал:

Летеча гиљотина - карате филм со едно како капа, врзано на ланец и ракувачот го џитка, право на глава на противникот, ја повлекува со ланецот и му ја сече, пошто капата има остри запци одвнатре по работ.
https://www.imdb.com/title/tt0072913/?ref_=nv_sr_srsg_7 сега го репризирав интересн филм

Пат околу светот - за жал, сум го гледал, како и ваљда сите тогаш. Со Чкаља.
https://www.imdb.com/title/tt0058502/?ref_=nv_sr_srsg_5 Овој е валда од 64г?

Демони во градината - поима немам што е и ваљда не сум го гедал, а баш би сакал. Изглеа не е тоа хорор, затоа што не сум го гледал и не ни знам за тој филм. Плус, играл на Фест таа година, што придонесува да не е хорор. Немаше многу хорори на Фест.

Луѓе мачки - сите го знаете, да не зборам, со Малком Мекдауел (тоа време ми беше омилен глумец), Клаус и Настасја Кински.
https://www.imdb.com/title/tt0083722/?ref_=nv_sr_srsg_0 според летербокс никој го нема гледано филмов освен јас :D

Дивата орда на Сем Пекимпо - исто го знаете. Но, тој не сум го гледал во кино, туку подоцна на ТВ.

https://www.imdb.com/title/tt0065214/?ref_=nm_knf_i1 многу јак и малце го имаат гледано тука, него филмов од 69 а у кино кај нас 84 играл.

Болница Британија - со Малком Мекдауел, енглеска комедија, со бизарни kinda sf елементи.
https://www.imdb.com/title/tt0083694/?ref_=nv_sr_srsg_0 ке го гледам интересно делује

Пекол во вселенета - филм кој не знам што е, али не е веројатно да не сум го глеал, пошто сите страшни и свемирски што доаѓаа, ги гледав.
Е овој не го најдов а баш сакам да видам за кој филм станува збор

Крал на боксерите пробував да го најдам ама јок

У Југославија, како што знаете филмовите често си имаа свои, локални наслови. (y)

Од кинава и домовите на култура, не сум бил во Бутел, 26-ти јули и Драчево, а од домовите на култура сум бил само во Градежници.
 
Летеча гиљотина - карате филм со едно како капа, врзано на ланец и ракувачот го џитка, право на глава на противникот, ја повлекува со ланецот и му ја сече, пошто капата има остри запци одвнатре по работ

Филм каков што секоја Видеотека на времето би посакала да го има во својата колекција :LOL:
 
И ја сеа го гледав.
Не е лош, ама некако спор со доста непотребни долги сцени.
Гадно е малце да се глеа Филип Сејмур Хофман како свршува.
Јадев коа кучето ја излижа спермата на малиот.

Има неколку смешни моменти.

Најгнасен делот со Бил Мејплвуд.

Го делам твоево мислење, и ми се свиѓа филмов и не ми се свиѓа истовремено хаха, али поштувам вакви идеи што оставаат простор за реприза и одново следење на ликовите.
Го изгледав и јас каква болештија од филм е ова, скроз изопачено и непријатно искуство :pos:
Дај предложите и други вакви вознемирувачко,директни и без пардон филмови, гледам има и продолжение од филмов со истите ликови ама други актери ама има многу слаб рејтинг o_O

Овај ми падна прв на памет гледан ми е одамна треба да го репризирам дефинитвно, еден од најтешките филмови за гледање ради начинот на кој е сниман и некој сцени, бујрум ако некој не го гледал.
ПС: Има непријатни сцени со Моника Белучи :icon_lol:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Освен историски дека не е точен, која друга замерка ја имаш? :D
Дека е смешен.
Дека Мел Гибсон не знае да глуми.
Дека нема ништо посебно мотивирачко, инспирирачко, освен ако не си шкот.
Дека тепачките се мех и глупи.
Дека има глуп кастинг и неадекватни актери и појави.

Деновиве ги гледам овие епски историски филмови и од овој највеќе очекував а највеќе ме разочара.

Гладијатор е гоат.
Троја е дупло појак филм од Braveheart.
Битките у Троја се ненадминливи, буквално у све е боље од Braveheart.
Александар колку и да е тиња тематски и слично, сепак има боље битки и говори од Braveheart. Eдино Колин Фарел е поужасен од Мел, а и двајцата ми се доста кул и позитивни/смешни појави.

Музиката е добра у Braveheart.
 
Дека е смешен се согласувам. Дека Гибсон не знае да глуми и тоа се согласувам. Ама како очекуваш да те инспирира филм направен за шкоти? Сигурно шкот нема да се мотивира со Троја :D Тепачките у секој филм се мех пошто се нереални. Троја поготово. 30 луѓе поразија цел прв фронт на Троја т.е. 1 лик им еба матер на сите. Од визуелен аспект не е мех ама е научна фантастика.
Гладијатор не можеш да го споредиш со ништо, факт е дека е гоат филм.

Генерално не би се сложил дека е просек филм Брејвхарт ама не е ни на ниво на Гладијатор.
 
Брат не ме јеби, после Гладијатор и Троја, Интер-Наполи стоечки ја глеав и барав да идат у војна моиве играчи. :D
Има филмови што креваат, Braveheart воопшто не ми беше таков. Мел Гибсон само у We Were Soldiers е озбилен и јак.

За тепачките, знам дека се нереални ама не го коментирам тоа. Зборам чисто ко тепачка, од припрема на битката, од број на луѓе у сцената, од музиката, од самото дејство, од судирот, од колежот, од све.
Епски битки има у Троја, види само колку народ има собрано и како тоа убаво изгледа и формација и у начин на снимање и водење на тепачката.
У Braveheart 20 на 20 се тепаат, гзови вадат, се потсмеваат, исецкани сцени по пола секунда, старци трчаат да се тепаат.

Смејте се пак, у Александар битките против Персија на почетокот и во Индија на крајот се дупло боље од сите 3 тепачки у Braveheart.

Braveheart има статус на епски историски спектакл, 5 Оскари, милион луѓе му дале 8.3 оценка. Спамале шкотите со имдб акаунти и оцени. :D
Со ова не се согласувам јас. Ама па у каква конкуренција се нашол на Оскарите таа година....
 
Гладијатор >>> Троја > Braveheart >>>>> Александар

Само последниов е ужасен филм. Бар таков го памтам, башка Оливер Стоун. :/
И не знам од кај муабетов дека Мел Гибсон не знаел да глуми.
 
За мене Робин Худ од Ридли Скот е крајно потценет филм.
Оценка 2.7 на Летербокс и 5.3 на имдб.
Според мене е солидна 4ка ама за инает му покачив 0.5 повеќе кога видов дека има иста оценка ко некои бљувотини, а овој не е ништо такво.
 
Ау да, и јас сум му ставила 8ца.
Дефинитивно потценет филм од ваков жанр, со одлична актерска екипа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom