Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Вчера го гледав Dial M for Murder и приказната е одлична. Реализацијата не ми се допадна многу но сепак со оглед на тоа дека филмот е стар 60 години веројатно тоа е причината.

За оние што сакаат вакви филмови им го препорачувам Le Samurai според мене подобар од овој на Хичкок
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.064
Вчера го гледав Dial M for Murder и приказната е одлична. Реализацијата не ми се допадна многу но сепак со оглед на тоа дека филмот е стар 60 години веројатно тоа е причината.

За оние што сакаат вакви филмови им го препорачувам Le Samurai според мене подобар од овој на Хичкок
Ne bi rekol. Bas denes go gledav ovoj. Dobar, no soznam.. Hitchcock si e Hitchcock. :unsure:
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.527
Поени од реакции
4.706
Го гледав Amazing Spiderman од филмот само Emma Stone вреди, ефективе се катастрофални , приказната исто.. срање во боја.

Captain America филмиште , изградена приказна, добра акција во филмот, феноменални ефекти итн итн само пофални зборови

Се чека сега Guardians of the galaxy очекувањата се високи, па ќе видиме
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Ne bi rekol. Bas denes go gledav ovoj. Dobar, no soznam.. Hitchcock si e Hitchcock. :unsure:
Мене ми е смешна глумата и голем дел од кадрите во филмот. Ама пак лесно е да се критикува нешто после 50-60 години. Ете пример сцената кога телефонот едвај еднаш ѕвони а жената веднаш станува од спиење и е дотерана како да е спремна за бал.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
гледав трејлер од филмот за стивен хокинс... глупости, романтика. Кој им курац да посерат една добра идеја за филм.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.113
Поени од реакции
9.062
Guardians of the Galaxy го гледав во кино и генерално ми се допадна. Имаше ок хумор на моменти, додека во други наврати испадна исфорсиран. Во кино ги глеаш цела сала хехе хихи и ти. Go with the flow.

Како и сите Marvel филмови имаш неранимајко кој му е лут на цел универзум, не изгледаше ич злобно :(. Бар хероите беа ок ликови. Zoe Saldana од плаво во зелено.

Искрено најголем проблем со Marvel ми се костимите. И зошто мора се да и е колоритно (power rangers syndrom), зошто да не направат нешто по грити и дарк? Зошто мора да им се толку ебано чизи и детски филмовите, ова доаѓа од фан на филмови со суперхерои да не ме сфатите дека не го сакам жарнот?? Земете го за пример најновиот костим на супермен во Man of Steel за да сфатите што сакам да кажам, исто и The Dark Knight трилогијата.

Го гледав и Captain America: The Winter Soldier кој според мене беше најдобриот филм на Marvel по Iron Man франшизата. Многу, многу подобар од првиот. Добри визуелни ефекти и ок приказна. Имаше некој што не го предвиде "твистот"?

Од текстот се добива впечаток дека само хејтам но не е така. Двата филма ми се допаднаа но морав да ги посочам недостатоците кои ме иритираат. Боза филмчиња за тепање на време, наменети за во кино. (y)
 
W

wicked_1

Гостин
The Fountain многу добар филм за циклусот на смрта, прикажан со прекрасна визуелна симболика и синематографија, но ме заболе главата.

Го интерпретирав на многу начини филмов додека го гледав, мозокот ми правеше немилосрдна дебата за дали Том во иднината што лета во вселенскиот балон е вистина или фиктивна приказна во книгата на жена му што он ја финишира. Сепак мислам дека Том од иднината и сегашноста е истиот човек, што успеал да ја победи смрта и сето тоа време пробува да ја врати во живот.
Дали дрвото е истото дрво од книгата на Изи или тоа е дрвото што го насади врз нејзиниот гроб тоа не сум сигурен, но сигурен сум дека Том на крај се соочува со смрта како нешто што е морално за да се остави простор за нов живот и исто така преку смрта да се биде дел од природата и универзумот, и така ја финишира книгата во вселенскиот балон толку многу години подоцна, со тоа што на Том од минатото умира откако го пие сокот од дрвото на животот и неговото тело се претвара во разни цвекиња односно искача нов живот.
Дефинитивно треба да го репризирам филмов...збунет сум малце сеуште.

Мислам дека малце намерно претенциозно исфорсиран за да влијае повеќе како mindblowing и да се дискутира повеќе и да се збори за филмов од страна на Аранофски, но како и да е, се потрудил доста да го изработи на прекрасен начин.
Masterpiece e ova na Aronofsky zaedno so Pi (1998) , ama filmov budi emocii kaj gledacot na drugo nivo, unikat. Ljubovna prikazna, paralelni realnosti, vecnost - znaes deka sledi trip, dobar film si izbral, ovoj se gleda poveke od ednas. :)
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Masterpiece e ova na Aronofsky zaedno so Pi (1998) , ama filmov budi emocii kaj gledacot na drugo nivo, unikat. Ljubovna prikazna, paralelni realnosti, vecnost - znaes deka sledi trip, dobar film si izbral, ovoj se gleda poveke od ednas. :)
Баш брат, ептен ме тресна од земја филмов :D
Безвременски е, а интересно е и тоа што Аранофски наместо CGI искористил традиционални ефекти, бидејки кај CGI филм ефектите по 10 години изгледаат застарено.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.660
^
Посебно вториов дел, кој фејл е тој филм ни самите актери не се свесни. Го исклучив после 10 мин.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom