Forrest Gump
низа1
- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 7.038
- Поени од реакции
- 29.618
mode - offИ еве уште еднаш да искористам прилика кога сме кај фудбалски документарци: The Two Escobars
Форест, го изгледа?
Не можам да тагнам никого. Се распаѓа форумов...
mode - on
Го изглеав. Со таа приказна уствари и пораснав. Јебеш ти Баџо и промашениот пенал! На мојот 8-ми пат како обиколев околу сонцето ја средија Мо со нож. На моето 9-то обиколење околу сонцето се деси Сена, се деси и ова.
Сена ме потресе многу. Ама многу! Поголеми се шансите Фифи да добие менструација, отколку да не заплачиш на филмот за Сена. Каков човек, која аура, која грандиозност...
Првиот дел од Ескобарите ко Блоу на Дип да го глеав. Во вториот дел се ужаснав од гревот кој го сторе таа човечка олуја од бездушни џелати. Чудно, и мене некако ме печеше тој нивни животински нагон за плукање и убивање. Ко да се препознав или ко да го препознав и ова наше поднебје, посебно таа бесконечна реинкарнација херој-издаица-херој...
Велат најголемата кажана лага е кога зборите на телефон и велите:"И она те тебе поздравува".
Тоа, едноставно није тачно.
Најголемата лага е ако некој ви каже дека ова се спортски документарци.
Ова се лекции од животот и тоа со неговите најсурови сегменти. Стај под графата, задолжително за гледање.
После овие два филма од Јо, пиев козјо млеко, јадев овча пастрма и слушав јужњачки метал за да се вратам у нормала.