Истомислениците на Ио..
Не ти го цитирам другиот пост затоа што е полн со спојлери, дај среди го малце.
Финтата со мојата 8ца е што јас мислам дека God Only Forgives е ѓубре од филм за помалку од 1, а ти си му дал 8. Затоа ми е смешно.
Финтата со твојата 8ца е што ти му даде на Обливион 6ка, на ИМДБ е околу 7, јас му давам 8 а ти паѓаш во транс.
Тоа е разликата.
Не треба да имаш 10 лајкчиња ама пробај да најдеш 5-10 луѓе на форумов што разбираат повеќе за филм и нека се сложат со тебе дека 8ца за Обливион е за паѓање во транс. А јас без да барам никого ти грантирам дека ќе се соберат 10 луѓе кои ќе го исплукаат God Only Forgives.
Разбирам несогласување и различни вкусови но ти одиш во потценување на мислења а немаш никакви аргументи за тоа.
Друга работа, знаеш веќе дека избегнувам рецензии за филмови кои ми биле под просек, затоа скоро сите рецензии ми се од 7 нагоре. Кога ќе го промашам денот со некој филм последно што ми паѓа на памет е да изгубам уште 20 минути за да пишам колку бил лош. Освен ако е толку лош што морам да предупредам луѓе да не го гледаат. Ако ми се погодил филмот ќе седнам ќе напишам нешто.
Дали еден блобастер вреди за 8ка или не си е ваша работа. Јас кога му давам 8ка на блокбастер не го земам за репер Кум туку Матрикс, БТТФ, Стар Ворс... тие ми се 10ки и од тука одам надолу. Мислам дека бев јасен за ова во тој долгиот пост што го пишав на таа темата некаде во овој подфорум.
Трета работа е што има блокбастер и блокбастер, не се мери се во парите. Обливион е мал филм по содржина, и нема ништо лошо во мал ама скап филм. Никаде не претендира да не фрли во транс со некоја приказна, да не извади од памет. Нема ништо лошо во филмови со едноставна содржина. Како Sci-Fi фан без мислење му давам бел бумбар, и покрај сите недостатоци.
А генерално проблемот е што ние сега сакаме секој филм да биде Матрикс, наместо да уживаме во едноставна Sci-Fi приказна.
Ете тоа од мене.