Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Io vs wot....fight!
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.680
Поени од реакции
34.169
Да ама како сам да си се смееш.

Сериозно, што е со тоа: Обливион 8ца, Another Earth 8ца, The Place Beyond the Pine 7ца :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos: ???

Ај да разберам да имаш барем 10 истомисленици на форум и стотици хејтери на филмовиве world wide, па некако да сконтам што е толку смешно. Напротив, повеќето критики за филмовиве воопшто не се лоши и генерално сите се над 7 на ИМДБ, дури и Том Круз со армија религиозни хејтери се држи над просекот. А ти си некако изолиран. Можеби не е лошо да престанеш да се однесуваш како да зборуваме за Asylum продукција и да разгледаш околу тебе пред да постираш нешто, а посебно пред да решиш да не напнуваш по сто пати.


Се напна бе? Незнаев дека треба да имам од 10 форумџии лајкчиња за да мислењето ми е валидно..
Еве што е со: 8ца???? :pos::pos::pos::pos::pos: Ти го започна муабетот, знам дека мајк беј-иш филмовите како Oblivion се mind numbing ама нема ни пола ден од твојот пост. Со толку неизразен attention span, јасно зошто OGF ти бил без поента и претенциозен. Оти да, фали "дијалогот" кој го има во Oblivion, не е spoon-fed oвде приказната да му се допадне на секој average joe, безразлика што има поголема уметничка вредност, што е оригинална и можеби, само можеби, нема потреба од ретардиран дијалог за приказната да може да се раскаже преку суреализам и симболика. Минималистичка приказна за одмазда со комплексноста на луѓето. Зарем е потребно повеќе? Не дека го нема, покрај целата таа фотографија.

Или можеби што ликовите со 2 реченици беа повеќе комплексни, карактеристика на човек, отколку 100 хуманизирани Том Круз клонови? Што патем покрај дроновите, беа апсолутното најопасно оружје за поробување земјата????? Или можеби курвата од жена и' беше небитно дали е клон 49 или 52 или 10123 битно да е Том Круз во неа? Оти нели, само еден беше поинаков според Фриман? Еден беше.. љубопитен, еден беше избраниот. Можеби уште во првите 10минути на сите во глава им светна Moon? Можеби дека е клише до толку што мала група педери го спасуваат светот кои цели нуклеарки едвај го задржале? Moжеби дека е едвај блокбастер кој ќе биде запамтен до крајот на месецот? Можеби што еден Prometheus е светлосни години пред овој?

Разбирам дека е 2013, ама филмовите се уметност, а секој mass produced генериран блокбастер не вреди за дискусија, камоли за 8-ки.
Јес да се' е насочено кон ефекти и мајк беј стил, но да се разбереме, секој во-обид-на-линч филм е подобар од тие ефтини скрипти и тие ваши скапоцени дијалози во блокбастериве.


Него, ме интересира, од последните 10тина сај фај парчиња, освен 8ките на Another Earth, Oblivion, Continuum.. имаш дадено пониска оцена?
Или сиви, пожолтени, бели бумбари добиле другите, невредни за одбрана?
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Мене најмногу ми се допаднал во Ides of March
Го заборавив овој добар беше да, иако очекував повеќе од филмот посебно очаен беше крајот. Изгледа само на мене не ми се допадна Драјв, премногу досаден и многу клише моменти.

А зошто толку хејт за Обливион добар филм е, реална оцена е 7 може и 8 зошто да не !
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Мене па овие муабетите за тоа "не е филмот за секој, треба сам да го сфатиш" ми се комедии.

Јас мислам некој да направи филм во којшто 90мин. ќе се покажува како се суши боја на ѕид ќе има луѓе што ќе мислат е феноменален пошто е филм кој што е за посебни луѓе.

Можеби навидум изгледа дека филмот е глуп, и нема ликови, нема дијалог или било што ама уствари сушењето на боите на ѕидот се длабоки. Името сушењето на боите на ѕидот претставува симболика за животот. Навидум сите го гледаме кречењето на ѕидот само површно и го сфаќаме здраво за готово, но сепак не секое кречење на ѕидот е исто. Некое е побрзо,некое е пократко, некое десетто но на крајот кога ќе се заврши со кречење бојата на ѕидот ќе се исуши. И дури тогаш кога ќе се исушат боите ќе сфатиш дали си направил добра работа. Така и во животот, без разлика како го водиш животот на крај ќе умреш и нема да знаеш дали си водел добар живот се додека не го завршиш.

Е сега ја можам да сфатам зошто некои обични луѓе со средно би мислеле дека филм во кој што 90м. се суши боја е "глуп" ама тоа е кога се дебили дека се ложат на филмови со Брус Вилис и Сталоне што врска немаат од глумење наместо да гледаат филмови во кои што не е ни потребно глумење туку само добри визуелни ефекти. Ама тоа е Холивуд постои само за дебили ко вас да се ложат, земете глејте малце фестивали за црно бели филмови излезени во 21виот век и искористете го мозокот.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Џабе е, сјеба...Не требаше да објаснуваш што значи тоа. Остави малку мистериозност, нека мислат глупите луѓе сами. Секој со своја интерпретација

А сушењето боја ќе биде супер ако е во црно-бело, за да не се знае која боја е..бојата. Уметност.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Мене па комедии ми се муабетите дека не постојат филмови кои не се за сите.

Дај му на брат ми да го гледа, Naked Lunch, и на 10 минути од филмот ќе го изгаси, или брат ми не се брои? ако не се брои он, истиот тест 100% ќе биде потврден, од мајка ми татко ми, или било кој што го знам, а не е хардкор фан како нас.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Евааа која катастрофа е The Colony премногу е 5ка рејтинг. Не му помогна ниту Фишбурн ниту овој wanna be Зек Афрон актер.
Од мене 4ка, не си трошете за џабе 1 ипол час од животот
 
G

grande-juve

Гостин
Може ли torrentstream да се глеа преку MPC-HC, или поточно, може ли MPC да пушта стримови? @Psyside @Anon

Ми треба за неанглиски филмови што се без превод, па да пуштам преку МПЦ-то.

П.С.
Oblivion, лесен, се гледа, ама премногу предвидлив, 6-ка :D
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.680
Поени од реакции
34.169
Oblivion, лесен, се гледа, ама премногу предвидлив, 6-ка :D

Eве и јас 6-ка, и Ајсбој, и Болиглава.. и тоа 6-ка стриктно ради ефекти. И од осечај да не бидеш премногу строг.
Сеа уште 7 луѓе да најдам.. :rolleyes:

Евааа која катастрофа е The Colony премногу е 5ка рејтинг. Не му помогна ниту Фишбурн ниту овој wanna be Зек Афрон актер.
Од мене 4ка, не си трошете за џабе 1 ипол час од животот
Во кој универзум Фишбурн или Афрон би помогнале на филм? Не само тоа, туку да не се биле, најверојатно подобар ќе бил филмот. :P
Го шкртнувам од уачлист.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Обливион 6-ка и тоа со пријатели. Сепак, Том Круз. (n)
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Обливион има 10ка од мене :icon_lol:. Многу ги обожавам таквите филмови па кога 2012 има 7мица од мене што останало за Обливион кој е 10 пати подобар од 2012!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom