Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Пошто е дебилно да се расправа за нечиј вкус за филмови мислам дека Ио и Њот треба да почнат со нова дискусија.

Оваа (стварно не знам која е :cautious: ) за што е ? 6ка, 8ца, 10ка.. ?
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Пошто е дебилно да се расправа за нечиј вкус за филмови мислам дека Ио и Њот треба да почнат со нова дискусија.

Оваа (стварно не знам која е :cautious: ) за што е ? 6ка, 8ца, 10ка.. ?

Team Margaery ќе ти објасни наскоро.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Пошто е дебилно да се расправа за нечиј вкус за филмови мислам дека Ио и Њот треба да почнат со нова дискусија.

Оваа (стварно не знам која е :cautious: ) за што е ? 6ка, 8ца, 10ка.. ?
Марџори од ГоТ :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Истомислениците на Ио.. :pos:
Не ти го цитирам другиот пост затоа што е полн со спојлери, дај среди го малце.

Финтата со мојата 8ца е што јас мислам дека God Only Forgives е ѓубре од филм за помалку од 1, а ти си му дал 8. Затоа ми е смешно.

Финтата со твојата 8ца е што ти му даде на Обливион 6ка, на ИМДБ е околу 7, јас му давам 8 а ти паѓаш во транс.

Тоа е разликата.

Не треба да имаш 10 лајкчиња ама пробај да најдеш 5-10 луѓе на форумов што разбираат повеќе за филм и нека се сложат со тебе дека 8ца за Обливион е за паѓање во транс. А јас без да барам никого ти грантирам дека ќе се соберат 10 луѓе кои ќе го исплукаат God Only Forgives.

Разбирам несогласување и различни вкусови но ти одиш во потценување на мислења а немаш никакви аргументи за тоа.

Друга работа, знаеш веќе дека избегнувам рецензии за филмови кои ми биле под просек, затоа скоро сите рецензии ми се од 7 нагоре. Кога ќе го промашам денот со некој филм последно што ми паѓа на памет е да изгубам уште 20 минути за да пишам колку бил лош. Освен ако е толку лош што морам да предупредам луѓе да не го гледаат. Ако ми се погодил филмот ќе седнам ќе напишам нешто.

Дали еден блобастер вреди за 8ка или не си е ваша работа. Јас кога му давам 8ка на блокбастер не го земам за репер Кум туку Матрикс, БТТФ, Стар Ворс... тие ми се 10ки и од тука одам надолу. Мислам дека бев јасен за ова во тој долгиот пост што го пишав на таа темата некаде во овој подфорум.

Трета работа е што има блокбастер и блокбастер, не се мери се во парите. Обливион е мал филм по содржина, и нема ништо лошо во мал ама скап филм. Никаде не претендира да не фрли во транс со некоја приказна, да не извади од памет. Нема ништо лошо во филмови со едноставна содржина. Како Sci-Fi фан без мислење му давам бел бумбар, и покрај сите недостатоци.

А генерално проблемот е што ние сега сакаме секој филм да биде Матрикс, наместо да уживаме во едноставна Sci-Fi приказна.

Ете тоа од мене.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Во кој универзум Фишбурн или Афрон би помогнале на филм? Не само тоа, туку да не се биле, најверојатно подобар ќе бил филмот. :P
Го шкртнувам од уачлист.
Јас па имам позитивно мислење на Фишбурн, а Афрон го спомнав така пошто до пола филм мислев дека е он па проверив на ИМДБ и видов дека е некоја копија. Инаку со него немам гледано ни 1 филм мислам
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.680
Поени од реакции
34.171
Не ти го цитирам другиот пост затоа што е полн со спојлери, дај среди го малце.

Финтата со мојата 8ца е што јас мислам дека God Only Forgives е ѓубре од филм за помалку од 1, а ти си му дал 8. Затоа ми е смешно.

Финтата со твојата 8ца е што ти му даде на Обливион 6ка, на ИМДБ е околу 7, јас му давам 8 а ти паѓаш во транс.

Тоа е разликата.


Трета работа е што има блокбастер и блокбастер, не се мери се во парите. Обливион е мал филм по содржина, и нема ништо лошо во мал ама скап филм. Никаде не претендира да не фрли во транс со некоја приказна, да не извади од памет. Нема ништо лошо во филмови со едноставна содржина. Како Sci-Fi фан без мислење му давам бел бумбар, и покрај сите недостатоци.

А генерално проблемот е што ние сега сакаме секој филм да биде Матрикс, наместо да уживаме во едноставна Sci-Fi приказна.

Ете тоа од мене.


Хахаха, кој аргумент.. јас му давам 6-ка (што патем е реална), ти 8-ка на Oblivion, па така не е премногу за-транс-паѓање. Блиску се И се тоа би имало смисла.
Ама ти го оценуваш OGF со кец (што е чајлдиш), за да е далеку од 8-ката и да имаш поента? Ефтин потег. Таlk about потценување... како аргумент во дискусијава fail #2.

Како аргумент fail #3 ти е описот и омиленото ти зборче. Претендира. Не претендирал да биде квалитетен? Тоа е добро? Или тоа што го верглаш стално скап ама мал филм? Што има тука вредно за аргументирање, освен негативност -- тоа штое е скап а сепак останал мал и лесно заборавлив. Што, неможел да биде голем? Или не претендирал? Јас воопшто не очекувам секој сај фај да биде Матрикс. Јас уживам во сајфај, јас ги гледам сите големи и мали сај фај парчиња, ама само оти се сајфај нема потреба од беспредметни 8-ки. Проблемот ми е мене оценките, така да мислам дека треба да си останеш со бумбарите ти.

Инаку, незнам зошто се напна, кога и 2-цата имаме поента. Башка што и тоа ми беше намерата со оценките. Пипава тема е одсекогаш, и очекував продуктивна дискусија место генеричките run-of-the-mill 9гег фотки низ темава. Баш и тоа ми беше поентата. Да испливаат личните мислења. Баш ради ова те ценам и те боцкам за дискусии. Знаеш да навалиш на некоја страна. Еве исто grande-juve го ценам ептен, ама ми е репер за балансирани оцени. Хел, кога ќе видам некоја негова оцена, сум мењал јас моја, од што е брутално реално. Ама тоа не ми се допаѓа, вистинската оцена не секогаш отсликува лично мислење и став. Тоа ми е поентата со оцениве лејтли.


And just for the record, ТЕАМ MARGERY!
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.770
Поени од реакции
5.077
Сумирање од мислење на 5 или 10 форумџии за некаков монопол на автоматско согласување:sleep:.
Coup d'etat.
Ај да се собереме 25к и да гласаме за "Тетовирање" да може да влезе у топ250..:icon_lol:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Ова е исто како Металец да објаснува како Мегадет се јака група а Британец му кажува дека Мегадет може вода да им носат на Битлси.

Секој си има свој вкус тотално се нон-сенс расправииве.
 
Член од
26 декември 2011
Мислења
448
Поени од реакции
278
Има некој на форумот со факултетска диплома (драмски факс,),да напиши некоја рецензија...вака рецензии од партали веќе е досадно...многу изгледани филови не е репер на квалитетни рецензии.:confused:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.680
Поени од реакции
34.171
Има некој на форумот со факултетска диплома (драмски факс,),да напиши некоја рецензија...вака рецензии од партали веќе е досадно...многу изгледани филови не е репер на квалитетни рецензии.:confused:

karlovic, ти си?
w/e imma let this one slide. Припази речник, а читањето рецензии не е задолжително. Како што не беше средно. Штета, за некој, нели? :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Има некој на форумот со факултетска диплома (драмски факс,),да напиши некоја рецензија...вака рецензии од партали веќе е досадно...многу изгледани филови не е репер на квалитетни рецензии.:confused:
А зошто би читал рецензии ? Треба друг да ти каже дали ќе ти се допадне филм или не ?
Јас лично гледам рецензии од кога ќе изгледам некој филм па после споредувам дали слично размислувам со тој што ја правел рецензијата. !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom